По што Вилд читам веќе е повеќе упатена во врска со отворен брак.Сега едно не ми е јасно дали во таков брак на пример може да падне секс кога и двајцата партнери се тука ама едниот има секс со друг/друга ? A другиот или посматра или пак се вклучува??
@WildMk ти одамна се имаш изјаснето дека си во отворен брак, и јас тебе не те напаѓам. Тоа си е твое, твој избор. Чудни ми се сите тие опуштања. Не би ги правела од морален апспект, „не прави тоа што не сакаш да ти го прават“. Не дека сум невиден верник, туку не сум видела здраво семејство, а во него да има изневерување. Јас не сум мајка, ама кога би била, цел фокус ќе ми биде детето, дење ноќе ќе трчам и ќе се борам за него, а не би дозволила утре на моето дете некој да му рече „мрш, мајка е таква и таква и ти не си поарна“. Може ви личам како вампирка и строга на форумов, ама реално гледам да не нанесувам штета на луѓето, верувам дека има карма, и се враќа. Замисли дека тој со кој имаш секс, си има дома жена, и при тоа почне да е ладен со жената, и жената се плаши дека ќе ја остави, избрка, а нема каде да оди? Зарем тоа не е зло? Една моја бивша колешка, послаба и поситна од мене, кога дознала дека мажот има љубовница, а таа има 2 деца, отиде и на работно место ја искуба како кокошка пред други. И ден денес се во брак, а мажот патем потоа ни стана министер.
Има луѓе со спротивни сфаќања. Има луѓе кои го делат моето размислување. Дали треба да се дава само поддршка на темава или може луѓето да го споделат она што го мислат? Јас морам да ги прифатам различностите, затоа што живеам во исто општество, не значи дека треба да ги прифатам како правилни. И сексот како биолошка потреба никој не го спори, моментот е, зошто седиш во брак или склучуваш, ако не ти е до брак.
Може да споделат, нормално, но кога проповедаш морални вредности и религија, проповедај ги сите, а не селективно. Најголемите осуди и навреди тука се од членки кои тврдат дека се верници. Бракот како брак ќе се менува и развива колку и партнерите кои го склучиле. Луѓе сме, се менуваме со годините, некои сме склони кон промени, некои сакаат да експериментираат, некои да патуваат, некои само да седат дома. Апсолутно никој не е истиот човек со истите ставови, желби и амбиции после 5, 10, 15, 20 години откако бил склучен тој брак. Проблем е кога се одржува несреќен брак, не се решаваат проблемите, најмногу од немање здрави начини на комуникација помеѓу партнерите, посебно кога се работи за сексуалниот живот, а одржувањето на страста низ годините ќе биде некогаш предизвик, некогаш и невозможно. Не знаеш животот каде ќе те однесе, според мене е важно да го живееш онака како што те исполнува, ако на двајца сопружници ги исполнува отворен брак, оргии, свингерство, и бракот им е поисполнет заради тоа, сигурно нема дозвола од други да бараат и тој брак по сите параметри е посреќен од оној во кој се кријат желбите од партнерите и се трупаат фрустрации. Пострашна ми е перцепцијата за жените, уште од кога созреваат тука има некој притисок и очекување дека мора да се примерни и пристојни во однос на сексот, да не ни се сака секс или ако си поотворен околу тоа веднаш се етикетирани. Па после се чудиме кога се има швалери, швалерки, се бара возбуда и исполнување на страста на секаков начин. Уште попогубно е, се лечат фрустрации на сметка на други жени.
Ништо не проповедав моментално, се надоврзав на твоето. Туку, чисто кога навлегувате во религија, нормално е да осудиш нешто, ако истата ти налага дека нештото е грев. Нејсе, јас не се раководам според религија, туку по сопствени желби и интереси. За последниот пасус не би ни да коментирам, затоа што не ни знам за што зборуваш. Уште помалку за лечење на фрустрации од жена на жена. Но, ајде малку да го искоментирам средишниот дел. Луѓето во брак не се менуваат како што ти мислиш. Освен ако не склучиш брак за една година или помалку од врска, па да се тешиш дека некој се променил, всушност само повеќе си го запознал. Личноста се гради во млади години и останува иста цел живот, со некои апдејти, кои на моменти може да не ти одговараат, но при здрав однос, истите се надминуваат. Според твоето напишано, можам да заклучам дека решение за проблем во еден брак, е само да задоволиш сексуални нагони со трети личности. За мене, тоа е решението после развод. Но, секако не можам јас да забранам ако некој решил да биде со уште 100 луѓе, туку низ мојата зеница тоа изгледа нефункционално, непотребно и крајно неприфатливо.
Јас сакам брак во кој ќе имам љубов со партнерот и само со него да спијам и он само со мене. Јас ова отворен брак не го поддржувам.
Јас не сум малолетна средношколка која нема пари. Возрасна сум и можам да ставам и филер и тетоважа ако сакам. Никој и ништо не ме спречува. Ако некогаш посакам ке ставам. Одобрувам и замонашување, како актуелна тема ја видов. Тоа не ме прави мене желна за манастир.
Никаде не кажав дека решение е САМО тоа, ама ај ќе извртуваме како ни одговара. Ако е нормално да се осудува дека е грев, дај објасни каде пишува дека отворен брак е грев. И немој да тврдиш дека е неверство кога не е. Убаво кажа низ твојата зеница е неприфатливо. Мојата не ја интересира што прават други луѓе во кревет со взаемен договор, освен дека ми е мило што нашле начин да бидат исполнети во животот.
За десет години бракот е прашање дали институционално ќе постои во оваа форма како денес, вие уште се расправате дали треба да е отворен или затворен. Гледајте да ги преживееме тековните времиња, бидејќи колку год да звучи смешно, секој ќе треба да се грижи за сопственото здравје и добробит. Бракот...како да ви кажам, одамна изгуби смисол и вредност.
Како тоа што го напишав го сфати на овој начин. Не знам ни што си, ни која си, а навистина не ме ни интересира, уште помалку дали си средношколка без пари или возрасна со пари. Ако имаш некоја суптилна фрустрација во однос на тоа кој финансиски е постабилен, има разни техники на справување. Ако толку те интересира што сакав да кажам. Одобруваш она во што некогаш би се видела себе си, нешто што ти носи спокој, нешто што носи позитивни емоции, што не значи дека би го направила тоа. Ако јас отворам тема за убиство и го практикувам тоа, дали ќе го одобриш, но нема да го манифестираш или она што всушност го пишувам е она што треба да го прочиташ и сфатиш. Не можам да одобрам нешто ако имам ставено точка на истото. Во мене не буди позитивни емоции и нема, ниту пак, го практикувам.
Отвори на интернет, прочитај. Не сум фанатик по религија. Но, доволно сум запознаена дека истиот не треба да се практикува од религиозен аспект. Јас не го практикувам од здравствен аспект, а и една личност ми дава се, што ми е потребно. Да беше спротивно, во црква, наместо само Петко, ќе си го донесеше и Станко и Митре и Стојче.
Е шо сега, и бракот ли ќе ни го забранат ? А ние со поминат трајал период од 7 години, може ли да си го задржиме или како?
Не ми смета кај други луѓе, скроз сеедно ми е. Свој брак-свои правила. Јас лично не би практикувала кај себе, постајно да живеам со помислата дека можеби таа ќе му се допаѓа повеќе од мене па да ме остави и да испадне со мој камен по моја глава.
И мис на свет да е,нема оправдување за таков чин .Демек е сега нешто повеќе ако станал министер ?Тогаш жално за таквото сфаќање ,таа ќе си ги трпи последиците
А чекај, некој филм раскажувате овде? Оној од Иво Трајков кајшто Никола е министер Не беше лош филмот, интересен дури. Си иде тоа со министерувањето, нормално он ќе биде министер, не ќе биде она.
Какви позитивни емоции имам јас од филери или отворен брак? Малку си во забуна. Прво велиш сакаме да го направиме ама не можеме а сега велиш спокој сум имала.