Ајде да ти биде полесно. Поддржувам екстремни спортови, имам позитивни емоции према истото, се дивам на тие луѓе, но поради страв, моментално не би практикувала нешто слично. За во иднина, ќе размислам. Ја оставам реченицата со прашалник. Од друга страна, имам негативни емоции према отворен брак и никогаш не би практикувала. Што значи, ако за себе нешто не сакаш да практикуваш, со јасно дадени негативни емоции и без временска рамка, туку цврсто граден став моментален, минат и иден, зошто би поддржувала нешто што некој друг го практикува? Да судам некого за тие постапки, не можам, сами нека си судат, ако сметаат дека треба, ама можам слободно да кажам дека за мене не е тоа брак, затоа што моите идеи, емоции и сфаќања одат во друга насока и како такви нема да ги акомодирам за да оправдам туѓи чувства за мене несфатливи.
Знам бе, се шалам На темата, не верувам во отворен брак. Немам против некој ако сака да го практикува, ама не е за мене тоа. Не верувам ни во отворени врски, уште помалку брак.
Статистиката вели 92%од отворени бракови завршуваат со развод. А депресијата кај партнерите дава склоност кон “отворен брак”.
Секако дека постои. Можеби кај музејски експонати ама постои. Spoiler: Мале тајна великих мајстора не мора девојка да му најдеш, може и куче, битно нешто да го занимава. Башка поефтино е
Има некаде статистика колку бракови фактички се затворени а се исто што и отворени само "не кажано на глас"?
Па то е битно де, да не стане досадно. Јер досадата е изворот на сите проблеми. А јас креативна, стално имам нешто во пајплајн
Мене ме интересира овие што се во отворен брак, разговараат ли меѓу себе за сексот надвор од бракот, споделуваат ли искуства?