Како можи да споредиш убиство со секс? Малце екстремни сте, ама ај. Не знам за сите кои се во отворен брак, ама ние да. Не возбудува тоа.
Сега ме заинтригира детално и долго си зборате како еротска приказна и кога ќе се возбудите двајцата кхм терате и вие до крај? Јас кога би била во отворен се си мислам ич не би ме занимало што она него или мојов на неа и правел, а знам и он не би сакал да знае за моите искуства. Друго ако во иднина повеќето бракови биде нормализирано да се отворени мислам тек тогаш ќе имаме повеќе конвенционални затворени бракови јер кога ти е на дланка отворениот некако станува превазиџена тема, вака повеќево фантазираат за отворен додека едниот или двајцата си прават ќеиф на страна ама не си кажуваат или пак не фантазираат туку практикуваат и договорно си се во отворен. Лично не ми смета кој што си прави и практикува во бракот, нивната интима се додека едниот од нив не ме има мене на ум за нешто настрана
Ок не ми беше до должината конкретно туку вас двајцата ве пали вербално стимулирање така му иде ова. А ти се случило еве тапа да ти бил проводов настрана и сега нели маж ти очекува убава приказна па да почнеш да му филуваш или си идеш нервозна му кажуваш овој ич не го биваше, никад више со него пак Јас те прочитав погоре имаше пишано за 21год. со 4ца си имала секс и некако ми се руши сликата што ја имав за тебе, се си мислев вие во отворениот брак како чорапи си ги мењате или бар двоцифрена да беше бројкава вака кај 4 кај ниеден
Не филувам, кажувам како што било. Ко на другарка да и' раскажувам. И секако дека не е секој секс мераци.
Бреј, истиот муабет од 2018, Вајлд пак егзотична атракција. Четворица партнери легнала, за разлика од вашите 20. Знаете кои сте, се смеете под брк исто како и јас во моментов. Нејсе, ќе кажам за мене еве. Бев во отворена врска, заврши пред нешто повеќе од две ипол години од прилика, и со тогашниот дечко од старт сакав да не бидеме обврзани. Да, јас сакав, не тој, ама попатно се согласи. Не дека ми требаше секс, или народски кажано - кур, (со извинење на израз до дамите и помладата популација), туку едноставно ми требаше слобода, воздух, да дишам! Не сум човек кој може да го ограничиш во ниту една смисла. За нашата врска не кажав дома, ниту на најдобрата другарка иако беше сериозна и траеше бајаги години. Дури повеќе вие на форумот знаевте, па со некои од вас и приватно во четири очи сме зборувале на таа тема тој период, или преку ПП. Он во ретроспектива беше информиран за сешто се дешава со мене, како и јас за него. Заеднички оргии не правевме, ама не дека сум мајка Тереза, туку се плашам од СПБ, непосакувана бременост, не сакам да бидам човек што ќе се лечи во животот од ХИВ (не дај боже, скраја нека е). Он имаше многу повеќе партнери од мене и океј бев со тоа, некои дури беа избрани и по моја иницијатива. Онака рекративно. До оние кои се прашувате дали дојде до брак, не дојде, повторно по мој избор. Која би била поентата на бракот, нели? Затоа не знам зошто сте толку шокирани од изјавите на Вајлд, и на чичо (нејзиниот сопруг). Свингер парови бар 20 знам во Мк, со ниту еден од нив не сум имала било што повеќе од разговор. И баш ми е гајле ако повеќето од вас ме стават на игнор после ова, ама ете, тоа е мојата скромна биографија. Божем ветив дека во 2022 Година ќе имам повеќе приватен живот и тајни, ама ден после Божиќ е, па to spice things up. Среќни празници.
Јас имам другар во Австрија, ми спомна и тој наслушнал џомити или па некој негов колега одел ебел некоја и тоа сопругот нејзин плаќал и гледал. Ваљда има такви парови што ги возбудува тоа, откај знам.. Јас лично пример не сакам отворен брак од многу причини е нездраво за мене.
Истото го помислив за бројката. На толку зборување и долгиот временски период, санким секој ден си ги менуваат. Сите на темава имаат само слушнато за таков брак Мое мислење на темава, не поддржувам, не е за мене тоа.
За бројката таа се изјасни дека таа си е 4ца, а за зборувањето и колку долго зборува, ако де нека ја нека си зборува и пишува уште повеќе, може кога ќе почне да накачува бројка на партнери или дополнително ќе допишува или ич, ќе нема време од сексој Како и да е муабетот ми беше дека на место и се муабетите си била во отворена врска, прераснало во отворен брак и си имаат слобода и таа и тој да си прават што им чини. Мене лично што тие двајца или кои било други двајца чинат не ме засега, ама па интересно е да се прочита нели, па и прокоментира на темава
Не мора да правиш заеднички оргии за да заболиш од некоја болест, ама не си морала ни тој дечко да го имаш, и тоа со години. Тоа се вика дечко за повремени средби, не мора да си во врска па ни затворена ни отворена. Големо чудо. Не знам зашто уште се збори на темава.
Ризикот се зголемува, башка немам интерес за директно учество во вакви настани. Околу вториот дел од реченицата - убаво ни беше заедно, затоа бевме толку долго. Имавме и емоционална поддршка, што значи дејтавме, не беше сексот во прашање. Не знам тоа дали е воопшто важно за спомнување уствари, ама ете те удостојувам со одговор.
Го менува Пример сум била еднаш на Хаваи, и сега сакам секое лето да идам пак, ама морам во Грција да идам.
Отворена врска и отворен брак е сосема различно, јас мислам неспоредливо е. Бракот има друга тежина, вредност.
Јас ни отворена врска не оправдувам. Тоа не е ни врска туку си задоволувате потребите и кој како сака оди. Мене ми е одвратно тоа.
Невкусно ми е и мене и едно и друго ама донекаде можам ете да ги сфатам младите, не сакаат "да се врзат", експериментираат, интересно им е. Додека се уште слободни, можат да прават што сакаат, така се гледа на нештата. Ама кога ќе најдеш некој за брак и сакаш животот да го поминеш со него, а шараш на страна па дури и деца кога ќе ви се родат.... За таква разлика мислев. Едните се доста млади, слободни, необврзани, од другите веќе се очекува поголема зрелост, стабилност, семејни луѓе стануваат. Деца треба да воспитуваат, пример да им бидат. Најубава врска и секако брак е кога е затворен, со еден си имате се'. Мое мислење тоа, па секој си знае за себе.
Ако веќе зборуваме на ова прашање јас сум уште повеќе специфичен и би рекол дека и личности што "се шетале, екскурзии или не знам ти шо" , нема да ги сфаќам толку сериозно.