Уопште не е важно, туку напротив, ако си во врска, тогаш си со еден во таа врска. Не постои отворена врска, а најмалку па брак. Ако не сакаш да се врзуваш, ќе си имаш различни партнери, небитно како ти тоа го нарекуваш или партнерот, кој сака отворен или полузатворен или округли брак.
Не постои во матично или во црква, ама можеш како сакаш да си го модифицираш преку договор со партнерот.
А бе можеш ти свашта, ама многу потпаѓате под манипулации. Или ќе биде со тебе или нема. Не да биде со цел свет, а после секоја да ти се врати тебе. Големо чудо, што направил. Отворена врска или брак е живот со манипулации, не е ствар на договор. Можеш да се договараш кога ќе имате деца, каде ќе живеете, каде ќе одите на одмор. Ти можеш да ја поддржиш неговата идеја за отворена врска ако си подложна на манипулации, или тој твојата, ама после некое време ќе се свести. Се надевам.
Жал ми е што мислиш дека полигамијата е единствен образец на исламот, наместо на концептот за слободна волја и право на избор, па мора да ја вмешаш религијата со која ниту јас а ниту овдешната дискусија нема допирна точка.
А кој воскреснат лик си ти уствари? 2021ва си се зачленила, а си пишувала на форумов за врска пред 2 и пол години... so.. who are you? Значи го манипулирам за да остани со мене? Еве, ќе умрев, немаше да знам дека не го сакам. Фала шо ми кажа.
Некои функционираат добро и во отворен брак, ние не би знаеле. Тоа што не го сфаќаме не мора под дифолт да биде лошо, нели? Не повредуваат никого. Јас никад не би била во отворена врска, али на кого му е убаво нека повели.
Нема ништо смешно, ама ако ти е смешно, ок ај да се насмееме Под здрав отворен брак јас подразбирам таков во кои одат настарна со други луѓе за чист секс, а не со години со иста личност таа и со иста личност тој си тераат и уз пат развиваат емоции па му иде како трајни паралелни врски да имаат покрај бракот. Тоа ми претставува мене здрав отворен брак кај што се знае дека љубов има меѓу сопругот и сопругата, а другово им е за рекреација или за некои нивни други заеднички побуди на кои исто гледаат и ги задоволуаат по обостран договор. И оној муабет како демек ќе си ги повределе децата ич не ми држи вода. Како ќе го повределе детето ако тоа гледа заедница на двајца родители кои се сакаат и него како дете го сакаат? Потажни и поповредени се деца од конвенционален брак на родители кои не се сакаат ама ете ради децата се заедно. Познавам многу и обична раја и јавни личности на функции кои тераат во вакви лажни бракови и секогаш во себе си велам тешко на децата во такви бракови и на особиве кои мора да изводат по дома заради децата или некои нивни други интереси поради кои остануваат во таква нездрава брачна средина.
Ок подразбирај, ова мене ми е пресмешно, ако не ти е доволна сопругата или сопругот, има друго решение развод.
Е да бе, после и тој еден да ти фали. И што си постигнал- салдо нула. Овде станува збор за колекционерство, еден плус дополнителни @Idedemja гледам си напраила дефиниција прифатлива за мозокот, ама кој вика дека е тоа така? За Тилда Свинтон што ќе кажете?
Не знам како ги замислувате луѓето во отворени врски? Дека секоја недела се облекуваат, шминкаат и со кола се одвезуваат до местото каде што треба да се сексаат со љубовниците? Дека после секс се враќаат дома и пишуваат мемоари за нивните искуства? Дека нужно менуваат мноштво партнери секоја недела/месец/година? Дека немаат чувство на "аttachment"? Зошто според ова што читам и гледам, очигледно само тие слики се врежани во глава. Според ваша логика, поприфатливо е партнерите да се изневеруваат, лицемерно да бодат нож позади грб, паралелно водејќи несреќен живот во лаги, отколку да си признаат меѓусебно и прифатат такви какви што се. И сѐ ова, за вас да ви дојде ко материјал плус во вашето тужно животно портфолио, за шуш-буш трач муабет со другарки на кафе. Еве, јас веќе не би пак во 'отворена врска' на пример. Беше еднаш, веројатно нема да се повтори пак, зошто мене лично идејата за брак ми е токсична, а врската често води во таа насока. Бар кога ги немате дефинирано односите. Не би, зошто врзувањето и присвојувањето на еден партнер, црпењето на неговата енергија е токсично. Адаптибилноста на карактер и ситуации кои се неприфатливи за вас лично, а се нужни во моментот само за партнерот да се чувствува добро е токсично. Целиот романтизам во 21-век е токсичен. Сите паѓаат во делириум дека мора брачно да се изреализираат, наклепаат пет деца, за на крај во 50-тата година си врзат јаже за врат незадоволни од сопствените животни достигнувања со бензо и антидепресиви до креветот. После климакс било, депресија било, анксиозност било. Не бе бате, несреќен живот било! И зошто се тоа? Зошто го следеле 'идеалот на стадото'. Зошто мора да влезат во брак, иако пустите сонувале за слобода, патување, запознавање нови луѓе, друштво. Значи сфатете, ништо не мора во животот, стварно...само мора да се умре. Така да без навреда до никој, не е ова личен attack, ако сметате дека сте на овој начин среќни, бидете, и дозволете тие кои немаат идентично мислење на вас да живеат еднакво среќен живот надвор од 'конвенционалните' рамки без хиенско смешкање кога ќе ги видите на улица. Без иронизација и негативни чувства.