GCB или Good Christian Bitches е нова серија на FoxLife која премиерно се емитуваше Понеделникот,3 Април. Засега ќе се емитува секој Понеделник во 22:00 часот. Серијата го следи животот на Аманда Вон, поранешна "QUEEN BITCH" во училиште, неодамна вдовица, мајка на две деца, која се враќа во својот роден град Хајленд Парк, Тексас. Порано беше богата,но Аманда изгуби сè, кога нејзиниот сопруг беше обвинет за крадење милијарди долари од инвеститори, и почина во сообраќајна несреќа со неговата љубовница. Таа се сретнува со поранешните школски,кои порано таа му се потсмевала: Карлин Кокбурн - новата "Queen Bitch"; Шарон Пекман, кој била убава во средно училиште, а сега е дебела и несигурна во себе, гламурозната озборувачка Крикет Карут-Рајли, чиј сопруг, Блејк , е геј;. и Хедер Круз, моќен агент за недвижнини. Аманда и нејзините тинејџерски деца се преселуваат кај нејзината 50 годишна мајка Гиги Стопер, која се обидува да влијае врз родителство на Аманда и стилот, и и дава совети за нејзините стратешки потези кон овие жени. Додека Аманда се сменила значително и е позрела од средно училиште и сака да си го подобрува нејзиниот живот, Карлин и другите сè уште се навредуваат од Аманда. Тие не веруваат дека се променила и сакаат да ја избркаат од градот. Многу интересна и смешна серија.
Засрамено ќе кажам дека ги имам гледано сите 5 епизоди И смешна ми е на моменти, ама не претерано да ми е интересна. За тепање време кога ептен нема што да се гледа Аманда ми е многу пријатна за гледање и Хедер. Џиџи ми е кома Карлин ми е одвратна, ама баш гадна
Jaс баш сакав да ја гледам на фокслајф, ама заборавив. Вчера ја даваа изгледа. Ај ќе гледам да начекам реприза, ако не ќе ја гледам онлајн да видам за што се работи, вака делуваше малку занимливо.
Ја гледав првата епизода и ми фати окце Ама моментално гледам 4-5 серии напоредно, така да ќе почекам со гледање, ионака не планирам на Фокс да ја гледам
Ја обожавам серијата. Преубаво освежување од турскиве серии. Иако и јас гледам понекоја, ама да не е фокс лајф пропаднавме начисто . Аманда ми е слатка, ама мајка и е најјака во цела серија.
Вчера имаше 2 епизоди, првата 6тата беше смешна Смотна,глупичка, ама има некои свои моменти! Па кога нема ништо скоро што да се гледа. Колку се смеев на сценава Спојлер
auf koga ja vidov najavata na foxlife,si velev uf kakov glup film.No bidejki mi bese dosadno,go gledav filmot i mnogu mi se dopadna!
ауу да јак е филмоф го загледав, пошо секоја вечер немам шо да правам тепам време на тв, на фокс лајф гледам се што се дава, бар се смејам на комедииве само ме интересира во кои трермини се дава и во кои денови?
Само што ја изгледав осмата епизода на нет. Не се нормални што се прават. Преубава серија. да се изнасмее човек!!!
мене лично не ми се допаѓа, тоа американското опседнување со исус и нереалното сценарио, ко смислен концепт за да ги замени очајните домакинки ми се. Ги изгледав првите 3 или 4 епизоди, но не сум заинтересирана, ја скокам од сега па натаму.
Хахахха многу ми се допаѓа серијава. Ја гледам на Фокс кога ке ја фатам, а тоа ме нервира. Ретко даваат репризи, а и оти е нова, еднаш неделно ја даваат. Али супер си е!
И јас ја гледам серијава на Фокс Лајф.Интересна ми е, а и глумците се супер.Омилени ми се Блејк ( се заљубив во него, мислам во глумецот, не во ликот ) и жена му
Јас да ве известам само дека серијава ќе нема втора сезона. Така да уживајте во овие 10 епизоди што испаднаа