Сакам да ставам полици за книги на ѕид, ама сакам да биде нешто поинтересно, само што немам некоја одредена идеја. Мислев нешто вака, само како око би сакала да испадне. Ама не знам колку би било изводливо. Предложете нешто што ви се чини интересно, или споделете какви полици имате дома.
Уште кога ја видов темава ми текна на овие полици Јас немам некои креативни полици, немам многу место за да експериментирам. Дури и на обичниве веќе не ги собира, па само правам некои стратегии за да ги сместам сите книги. Има многу интересни идеи на интернет, само што некои се тотално непрактични. На лик се супер, ама само за да ги наредиш книгите и да не ти текне да извадиш некоја. Инаку отиде цела конструкција. Исто не ми се допаѓа што некои зафаќаат премногу простор, а собираат многу малку книги. Јас вака како љубител на природата, би сакала да си направам некое вакво дрвце А гледам има луѓе што прават полици од вистински дрва Си бара работа и добар план, ама крајниот резултат останува за навек
Реин, ова би било и те како изводливо со некои алу-профили, прицврстени за ѕидот со увца или како и да се викаат правилно. Може и да се испрска материјалот одозгора со некој спреј во боја и да се долови ефект на дрво, за да се избегне ладниот тон на алуминиумот. Многу убава идеја, многу ми се допаѓа. Моите полици за книги кои ги имам во собата се тотално некреативни и речиси сите книги ги редам во дневна. Таму неодамна направивме ѕид-библиотека кој ни ги одделува дневната и кујната. Не е многу широк, можеби некои 60-тина сантиметри, во склоп со самата ТВ комода. Сам по себе е ненаметлив и мене ми е омилено катче. Нешто вака би изгледало, иако библиотеката не делува толку масивно и полиците одат од под до плафон само од едната страна, други нема. Многу сакам таков тип на полици, ме потсеќаат на оние од дворецот на Ѕверот, од Beauty and the Beast. Spoiler: Слики Ми се допаѓаат и вакви - едноставни и организирани. Штета што немам толку место во собата, инаку без размислување би склопила една таква.
И моите сега стојат така на обична полица во дневна, ама преуредуваме и сакам нешто малку поинтересно. Ќе видам ова од погоре дали може да се направи и се мислам на тоа да остане. Или мислев обични даски само вака единечни, да бидат наместени една под дрга, нешто како цик-цак некоја форма.
Јас сум повеќе за едноставни полици, моментално имам само една полица со десетина омилени книги, за другите немам простор. Ама во новата соба обавезно ќе си направам домашна библиотека и сите книги ќе си ги ставам Реин еве ти некои идеи од мене.. Ако си љубител на направи сам работите можиш да си направиш полици о од дрвени гајби Вака
@RainBow браво за темава ... Моите книги не се средени на полици, ама кога ја видов темава и интересните предлози од Феминките дојдов до идеја да направам нешто во тој поглед... Во дневната соба имам еден дел со клацкалки каде што најчесто читам, а на ѕидот отспротива има само една слика... Ако ја извадам, ке можам да си ставам полици и да си ги наредам книгите... Уф... Што убава идеја ми дадовте !!!
Таман сите книги си ги собрав во собата, ги подредив и на ум ми дојде до подрум да се симнам.Пак со полни раце си се качив горе Инаку, доста интересни идеи има, па сигурно од погоре ќе си искомбинирам нешто за во соба
Имам две полици со книги, онака класични баш исто поставени како на сликава, но сега ми дадовте идеја па можеби и да направам покреативна полица, нешто необично, имам доволно простор во соба, така да може нешто да се изведе Еве некои идеи и од мене Spoiler
Изборот на полици за книги е условен од стилот и големината на ентериерот. Има многу идеи како да се организира литертурното катче, но и да се искористи просторот во домот. Еве неколку: Креативни полици за книги изработени од стакло Едноставни и практични полици со класичен изглед
И јас сакав да ти предложам полици само од стакло значи прозирни нај обично стакло,неодамна моја другарка такви си стави во својата соба и мн.јако изгледат(таја ги порача на стаклар да му ги направат),ефектот е толку јак од подалеку изгледа како книгите во воздух да седат,а во исто време се и мн уникатни и модерни и едноставни...
Веќедолго време со тато дискутираме да напрајме еден вид на „домашна“ библиотека или барем неколку полици за поомилените книги (тој повеќе книги купуваше, јас повеќе земам од библиотека така да повеќето се во негова сопственост), па сега дефинитивно ќе му кажам некои од овдешните слики ама од досега поставените оваа ми е најубава, поедноставна ама интересна: Еве некои предлози кои сега ги најдов:
Ја најдов сликава случајно па ми текна на темава. хаха Иначе и мене како Мишела повеќе ми се свиѓаат поедноставни полици за книги. Еве некои примери...