Не се дери и нема да слушаат. Иначе, комшиите веќе ти ги знаат основните лични податоци.. не се секирај. На ФБ ако те имаат, поќе од попишувачите имаат собрано информации за тебе, ако си одите на кафе, поќе од мајка ти знат.
Тачно, и јас сум за попис ама во нормални времиња и пред све неисполитизиран и тотално реални бројки да произлезат од него. Сега никако не е време за тоа.
Така ако гледаш, никогаш не е време за то. А попис мора да се направи. 20 години изговори. Мислам стварно...
Абе шооо ти со сите 2 метра дистанца држиш. Ај не ми продавај мадиња за бубрези, се испотепа наставата да се одвивала со физичко присуство, со месеци ти објаснував дека не е паметно, сега наеднаш, на отворено на два метра си стоела Кој го лажиш? Мене сигурно не.
Така, не се попишувајте. После ќе кукаме како Албанците излегле голем процент, ние мнозинството мал. Па ќе има кукања како на изборите, од типот "Каква грешка направив што не гласав, што не излегов да гласам" и сл. Мислам, ова погоре веќе се гледа по попишувањето на иселениците. Во Швајцарија и Италија најмногу наши државјани се попишале, додека пак "патриотите" од Аусрелија се најдолу на листата попишани.
Што си се втилила на луѓето бе Вајлд да вршиш притисоци што како да прават? Белким секој има свој став до сега изградено за пописот, зошто си вака нападна? Па уште казни, ова она. За други зборуваш, ама ова твоево е ептен пропаганда од штаб.
Пописот под итно треба да го одложат за јуни,сега не ситуација за попис. А тогаш треба сите да се попишеме. Не е во наша корист бојкотирање. И нашите дијаспорци исто,сите треба да се попишат.
Јуни не се прави попис, луѓе одат по одмори. Затоа април и октомври се ко некое оптимално решение. Априлов ќе отиде у вода, октомври е блиску до локални избори така да април 22та останува.
Мене дневната ми е бајаги поширока од ходникот у зграда кој е едвај два метри широк. А и во ходник ќе проаѓаат комшии, кој влегува, кој излегува. Треба попис, не дека не треба. Ама....шубе е пак бе. Или шо викаа некои надвор пред зграда. И тука секој проаѓа и кај мене дуќани има си работат околу влезор па нема на глас да кажувам лични податоци. Не знам...како и да гледаш нема идеално решение
Целиот попис е направен да биде еден тежок фалсификат. Не се бламирај и не релативизирај глупости. Тие од САД, Канада, Австралија нема што да се попишуваат. Тие не се жители на Македонија. Секој попис се прави, за да се попишува резидентно население. Што не ти е јасно? Впрочем, тебе многу ти е јасно, ама нема да капне платичка ако се зборува вистината.
Абе знам дека ќе е фалсификат, мислам ок. Ама зошто ти како поединец би придонел кон тоа? Додека едните, малцинството, се повикува на масовно попишување, ние другите обратно, па после криво ни е. И затоа малцинството е таму каде што е, оти секогаш е сложно, за разлика од нас и таквите ко тебе што не може да поднесе некој со различен став. И не се бламирај ни ти, мислам ако сакаш, не секој што не е за вмро е пион во штаб и политички вработен. Уствари разбирам, ти си работел по тој систем пред неколку години долг период... трауми.
Ти не само што си пион на власта, туку уживаш во нивниот мазохизам. Тоа е најинтересниот дел. Многу ми е гајле дали некој од дијаспората се попишувал или не. Се знае како се прави попис и зошто служи. Се друго е криминал и ќе биде предмет на судот кога ќе падне оваа најкриминогена власт. Малцинството е таму каде што е, затоа што некој одеше во Швајцарија и ветуваше Тирански платформи, а некои мазохисти како тебе трчаа и ги гласаа со раце и нозе. Не може јас да сум политички вработен, затоа што работам приватно, т.е. сам свој газда.
Не, дефинитивно со тебе воопшто не вреди да се дискутира, уште помалку да те чита човек. Уживај, газда.
Добро де, се изначекавме досега, една година ништо нема да смени Јас не сметам дека е во ред со пандемија попис да правиш, најјако е што тука ги пропагираат најзагрижените за пандемијата
Ќе има, за лудилото да биде поголемо ќе има попис. А толку е МЕХ работата. Сеа мерки нешо слушам, полициски час за викенд. Од друга страна - попис. Пошо секаква комбинација више иде у игра, нема да ми биде чудно да напраат да има полициски час за време попис, сите да си бидат дома, а попишувачите да си имаат пропусници-дозвола да се движат и да попишуваат. Инаку, кога ќе има резултати за тоа кои ќе бидат попишувачи? А тоа па, друга работа... Колку само неферски е изведена целата работа со тестирањето. Тешки местенки. Впрочем, како и све друго у мк.