Мој другар ми рече дека попишувачите ќе заработеле 900евра од 1 до 21 април, плус дневница 1000ден и хонорар 4000-5000ден. Значи ќе си пукам што не појдов на тестирање
No way,многу пари се тоа... Паушал е 5000 ден за цел пописен циклус (01-21 Април) Плус, мислам беше по 30 или 3 ден (не се секавам убаво колку ми кажа) на секој попишан член,и 20 ден на секој впишан имот. Зависи колкав реон ќе опфаќаат попишувачите, и колку лица ќе успеат да ги попишат. Не верувам повеќе од 400-450 евра да земат попишувачите. Вака ми кажа пријателката која ја викнаа на обука, го положила тестирањето.
Нема да има списоци со поминати кандидати од тестирањето за попишувачи и инструктори? Пошо прочитав погоре дека веќе на некоја девојка ѝ се јавиле.
На пријателкава само и се јавиле на моб, и кажале дека е примена, и ќе и се јавеле кога ќе започнела обуката.
Влегов во темава зашто видов дека и тука (секаде каде има политика) си активна Која пријателка ти е таа? Пиши ја да видиме дали е така како збориш.
Рекоја денес пак ќе имало конкурс за попишувачи. Не се пријавиле доволно. На телма тв во вестите имаше.
Золва ми ја избраа ко што разбрав, беше нешто и она ја викнаа, ама толку мн не ми е гајле што не навлегов подлабоко.
https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/DopolnitelenKonkursZaPopisuvaci_3_mk.pdf Нов конкурс за некои пописни реони
Мене ми кажаа дека од 300 евра до 500 евра ќе се зимало. Исто така и дека може ќе било 50 денари од ќуќа/стан и 20 денари од човек. Што е точно од се ова не знам, сите различно зборат.