Еве го ценовникот Надоместокот за попишувачите за правилно внесени податоци во електронскиот прашалник се утврдува да изнесува: за попишувач паушален износ од 4.000,00 денари; за секое попишано лице по 30,00 денари за секој попишан стан по 20,00 денари; за секое попишано домаќинство по 50,00 денари за лице определено за резерва паушал од 5000,00 денари. за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700,00 денари дневно. Надоместокот на реонскиот инструкторот се утврдува да изнесува: за реонски инструктор паушален износ од 5. 000,00 денари; за секоe попишано лице од попишувачот по 3,00 денари; за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5,00 денари; за секој попишан стан одпопишувачот по 2,00 денари.
А во однос на кандидатите за попишувачи што полагаа на 11 и 12 списоците со избраните кандидати е веќе објавен или ќе се објави кога ќе заврши третиот конкурс ???????
Албанските лидери повикуваат на масовно попишување на дијаспората. Зошто Заев и Мицкоски си молчат. Неспособни. Толку ли е тешко да споделат видео или линкови за дијаспората каде може и на кој начин да се попише.
Јас како што знам нема никакви списоци објавено до сега, по претходните коментари што ги читав во некои градови телефонски ги информирале тие што се избрани, и мене ме интересира ако има некој подетални информации нека сподели.
Списоците за реонски инструктори се потпишани од директорот на ДЗЗС на 15.03.2021. Ќе проверам утре и за попишувачите. Списоците треба да се објавени на веб страната на вашата надлежна општина, или пак на огласна табла на надлежната општина.
Да и јас ги читав коментарите погоре,ама мислам дека ДЗЗС мора да ги објави на страната или на popis2021.mk,изгледа чекаат да заврши и 3 от конкурс па да ги објават сите,ама ако си од град кај што нема доволно попишувачи и си полагала на 11 ти или 12 ти би требало да си избрана така мислам ама не сум сигурен треба да ги објават списоците.
Овие не се способни попишувачи да најдат, не па попис да прават. Оглас за попишувачи дури по трет пат се објавува.. На никого не му е дојдено за попис во ова лудо време...
Нека ги пратат на попис вработените во Статистика и онака ништо не работат и земаат плати. И не само во Охрид, фалат голем број попишувачи и во Скопје (особено Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров...), па дури и во други градови
Се сложувам со тебе. ПОПИС ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА е еднаков на здравствен геноцид. Затоа фалат голем број попишувачи, свесни дека здрава нога во трн ставаат. Замисли, гориш од температура, едвај дишиш, недај боже и полоша состојба - и ти доаѓа попишувач и ти треба да го примиш ? Или па да станеш и да се симнеш од 5ти и да идеш доле пред зграда ?
Ако отвориш врата мора да се попишеш, законски е така,не смееш да одбиеш. Ако "не си дома" никому ништо. "Динг-донг, динг-донг" ..... Нема никој, си заминува попишувачот... (е сега може и два пати да ти звонат, нели што повеќе попишани луѓе, повеќе пари за попишувачот... Ама, пак не си дома, и чаооооо)
Не знам што се крева толкава џева. Пописот со години не е направен. Или во влез или пред зграда ќе дадам податоци. Исто како во маркет да одам, со маска со заштита. Па едно имање што го имам, да сака некој да ги злоупотреби моите податоци во минус ќе отиде и ќе ме плукне. Сум за, но да е легален и вистински.
Има објавено само список за избрани инструктори по региони. Стварно многу доцнат, не ми се свиѓа ова. КОГА ќе бидат тие обуки? А бе ајде... Банана држава. Така е тоа: Еј, примен си, дојди утре почнуваш. Глупости.
Ќе сакате да ми го дадете линкот за попис на интернет ? Благодарам. Бубче или било кој да прочита.. не можам да го најдам...
Секој бојкот на пописот е во прилог на Албанците. Исто како што неизлегување на избори е во нивна корист. Затоа попишете се, за да не плачеме после. Оставете ги настрана политичките партии, сфатете не гласате ни за Вмро, ни за Сдсм.