Во ред ама ние имаме буџет и можеме да си одвоиме од буџетот за вонреден попис. Незначи дека ако овој пат сме добиле пари за попис ќе добиеме и по наредните 10 години. Не правиме попис само затоа што некој ни дал пари. Правиме попис затоа што мораме да знаеме колку сме. Без статистички податоци нема добра економија.
Добро бе нели е срамота вака да пишувате, па за тебе ако се никакви пари и не ти значат ништо не значи дека треба да ги понижуваш луѓето на кои можеби очајно им треба некој денар за да се прехранат.
Статистички гледано 1. Над 200 000 пензионери не знаат или немаат доволно познавања од компјутер, 2. Над 100 000 семејства немаат пристап на интернет и немаат потребна опрема (компјутер или добар мобилен телефон/таблет) 3. Да не зборувам колку семејства немаат струја и останати неопходни работи за минимално нормален живот. 4. Голем дел од иселениците имаат проблем да се самопопишат, значи неопходно е обучувано лице. Реалноста е дека живееме во Македонија и животот е таков каков што е. Немојте да ме сфатите погрешно не ве напаѓам лично вас, напротив само сакав да објаснам каква е ситуацијата на терен. И да неопходен е попис како статистичка операција , но не по секоја цена, особено не во вакви пандемиски услови. Можеа подобро да го осмислат теренскиот дел. Но ако кафеаните се отворени и работат со полна пареа, попишувањето и не е толку ризично. Истотака според податоци од 2015год. добар дел од населението живее во куќи, така да вие маска попишувачите маска, на отворен простор доколку е куќа, со отворени прозори или во паркот пред зграда доколку е во стан. Неверувам дека ниту една од страните би сакала да се зарази така да, ако веќе мора да е во овој временски рок тоа е тоа.
Пробајте повеќе пати, особено ако не го прима матичниот број. Знам дека е напорно и фрустрирачки но системот не е направен за веднаш да се поврзи со сите бази на податоци.
Каде прочита дека ги понижувам?Напротив кажав секоја чест за нив.Со втората реченица за мене си кажав.И мене ми требаат пари да се прехранам.Не подценувам никаква работа, само дека ке им биде тешко во вакви услови да попишуваат ќе им биде.
Не најдов тема за пописот. Баш ве следам ама нема дискусија за тоа ако има нека се префрли во соодветна тема... Јас со мало бебе во стан немам намера да отварам врата на попишувачи да ми влегуваат. Што мислите за тоа? Ај леснп е на тие со двор на 2метра со маски нема којзнае каков ризик, а ние? Одма ќе испадне бојкотираш попис и казна ќе ти влепат. А тоа што ние 365 дена ни со родителите не се гледаме, да не зборам поширока фамилија тоа власта баш ја брига.
Jaс секако не им отварам, така со брат ми се договоривме. Или пак ќе им барам негативен тест не постар од 24 часа то ест тазе направен и така.
Еве,оваа е за пописот. Моиве рекоа во двор само,внатре никако. Не знам со кој памет организираат попис во пандемија.
Тоа и беше кажано мислам Заев го кажа организацијата во куќа ќе била во двор или тие во стамбени објекти што имале отворен простор друг (не знам дали мислеше тераса). Еве ние ни тераси немаме таква е зградата цела без балкони. Надвор пред зграда една маса нека си стаат и еден по еден да искачаме друго не знам.
Малку претерувате, кој и да ви дојде дома ако седите на 2-3 метри со отворени прозори и сите со маски ништо нема да ви биде. Тие нема ни 1 саат да ни седат дома. Сега вака а после ќе се жалиме заради истото што го кажа @JuLleE .
У нормално време немаше да имам против попис, вака ова е меч со две острици. Плус, немаат сите голем стан, голем двор, голема куќа. Прво вака беше со изборите, сега со пописот.
Тие кај многу луѓе ќе идат.Ни јас ни моите немаме намера да фаќаме чаршаф или покривач што го допрел некој кој бил насекаде. Па,уште ако се од оние што не носат маска ко што треба... Мене дома ми е хаос,нема кај да седнат.И да не е пандемијава,татко ми не би ги примил внатре. Сите сме со некоја болест.Страв ни е.Во двор и готово.
Државата одамна отиде во курац, ништо нема да ја среди. А и да, ова со болестите, не секој би го поминал на нога ако не дај боже се зарази.
Замислите само колку е политички "невин" пописот и колку е наменет исклучиво за "наше" добро штом институциите брзаат да го спроведат по секоја цена на сред пандемија и мораат да ни се "закануваат" со казни ако не се попишеме..