Реално со оглед на тешкава ситуација која се наоѓаме не е ништо страшно и спорно ако пописот се одложи за 2-3 месеци. Нека стигнат прво вакцините и нека се вакцинират попишувачите и постарата популција па нека се спроведе пописот. И апропо тие што викаат дека нема да отвораат врата, да подразмислат зашто ние Македонците ако не се попишеме ние утре ке бидеме помалку. така да шо поголем број подобро за нас македонците.
Со среќа, и еден мал совет. Прочитај ја методологијата, наполни си го лап топот, тетратка, пенкалце и без страв, не е толку комплицирано како што изгледа иако првиот ден ќе се прашуваш што ти требаше. На терен програмата сама ќе влече податоци.
Твоето мислење е твое, и никој не ни покушава да ти наметне друго. Реалноста е малку поинаква, ако сѐ е во ред со пописот, зошто тогаш одбиваат да го одложат, кога сите др држави со ваква и сл методологија го одложуваат годинава? Пред 10 год. беа причина албанците, истите што денес се за буткање на сила за попис. Не е проблемот до нив. Проблемот е до нашите давајГазови кои за пари си продаваат фамилија. Како е можно само северна да мора да има попис во пандемија?
Не си ми јасна/ Зашто викаш однапред дека е наместено когасекоја националност повикува на попис. Па логично е ние Македонците д излеземеза да пријавиме што поголем број. А ако повикувас на бојкот или неотвараш автоматски сакате помалце да излеземе.
Ама Ева, ништо нема да смениш. Сменивте ли со бојкотот за референдумот нешто? Не. Можеби масовно да излезевте ќе имаше негативно тело за менување на името. Разберете дека таа вашата партија, иако званична како македонска, е всушност контрамакедонска, како и нивните протести за се нешто. Размисли подобро, јас губам преку тебе, а ти губиш зошто не си единствена. На крај некој ќе си ги собере оревите, ние македонците желадите. И да потенцирам, ме заболе која партија е носител на пописот.
Од каде ја знаете методологијата? Вие ги осмислувавте прашањата? Знаете како работи платформата? Со колку државни програми и платформи е поврзана? Што сте по професија? Статистичар? За методологијата валидно мислење го сметам само од статистичар и тој што ја правеше платформата т.е. програмерската компанија. Оваа операција со нејзината методологија ја осмислуваа докажани статистичари и програмери од креирањето на базите на подароци па се до осмислувањето на прашања. Така да ако сте некој од горенаведените повелете на дискисија.
Така е друже треба сите што помасовно македонци да излеземе и да се попишеме. Подоброл за нас . А не после аалбаниците дани се смеат зашто повече ги има.
Што е финтата со попишување на дијаспората? Зошто? Доброволно, кој сака? Какви ќе бидат тогаш тие бројки и зошто се воопшто? За тие што работат привремено во туѓа држава а се со живеалиште постојано во Мк? Како ќе селектираат од трајно иселени? Каша попара. Или пак има објаснување?
Еве и мене не ми е поради пандемијата. Поради криминалниот закон за попис ми е. И го имам целосното право да им ја треснам вратата пред нос. И тоа ќе го направам. Без никакво образложение.
Референдум? Ринг а бел? Со недоволна излезеност го прогласија за успешен и никому ништо. Што ги спречува да ги прикажат само попишаните, а знаеме кои масовно ќе се попишуваат.
А ова со потпишување чисто за инат на Албанците...Попис не се спроведува со ваква цел. Ова не е попис ако е за инат ќе се попишам, да не испаднеле они таму не знам колку проценти, ние да сме доминантните. Ние сме, ама тоа не треба да е причината да се попише некој. Викам ја политичка работа стана пописот.
Ако си од странство отвори ја платформата, па ќе видиш дека за се што наведе погоре ќе биде одделно. Главната цел е да се попишат сите кои имаат мкд државјанства, за да се знае колку сме Македонци ( во што спаѓа, Македонци, Албанци, Власи, турци, срби...) колку од нив се резидентно а колку нерезидентно население. Колку мигрирале и во која година, дали се преселиле трајно или привремено, ако е привремено студии, работа и сл. Потоа внатрешна миграција е истотака битна. Ништо не се меша, ама баш ништо, ако се смеша, ќе знаеме дека нешто згрешил попишувачот па ќе се поправи веднаш. Прашањата се така направени да некои од нив служат како контрола. И да напоменам по незнам кој пат не се попишува само населението туку и зградите и домаќинствата што е истотака мн важно, за ДЗС а и за цела држава.
Ова е ЕУ-регулативата. ЕУРОСТАТ ова го бара за усогласени податоци. Ние немаме обврска да спроведеме, ама многу мафтаме со ЕУ-знаменциња, па ќе треба да спроведеме таков попис. Значи, 12 месеци престој МОРА. Никакви дијаспори, никакви други податоци. За тоа во МВР има база. Обработката на резултатите/податоците од пописот не е дизајнирана така да има подвојување на тие што живеат и тие што се иселени...кумулативни се, што не беше случај при претходниот попис кој беше прекинат поради таа "фалинка" за обезбедување мин.20%. КОЈ ЗАКОН, ЧЛЕН, НАСОКА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕУРОСТАТ? Според Еуростат, резидентно население е она население кое живее и работи во конкретната држава во период од минимум 12 месеци во моментот на спроведување на попис. Не може некој што живее и работи 5 год во швицарска, косово и сл, да биде резидент во Македонија. Тоа е фалсификат на реалната демографска слика.
Не читаш ти овде се до крај изгледа, само тоа што ти одговара си го читаш. Се прекина пописот бидејќи албанците бараа да се попишува дијаспората, грујо не им дозволи, и затоа тие го бојкотираа. Направија сигурно некој дил и се отиде у аут.
Ако ти кажам дека се е запазено од ова што е наведено? М? Како нема одвојување на податоците на резидентно и нерезидентно население? Ништо не е кумулативно види што и одговорив на @Bridget да не се повторувам. Пак ќе кажам дека не ја имате видено платформата, и по пишувањето тука можам да заклучам дека воопшто не знаете како функционира, значи се што кажувате е погрешно. Секој ден последниве месеци работам и ја тестирам, а резултатите можат да се направат и одделни и кумулативни во зависност од податоците што ќе треба да се користат. Најпрост пример. Вкупен број на Македонци (сите што имаат мкд пасош билокаде во светот) 4 милиони. Број на жители во Македонија 2 милиони од кои, ... македонци, ... турци, ... албанци итн. Број на вработени во Мкд, 850 000, во скопје толку, во могила толку, во кој сектор, итн. Итн итн. Сеа да не објаснувам, ама ако си програмерска фирма а сакаш да знаеш дали во Богданци има 50 програмери и од кој профил ќе дознаеш.