Ај кажи што е се запазено? Наброј ми се по ред. Еве, јас "немам" ништо видено, а сакам да знам. А и другите верувам се радознали
Ако ти набројам се по ред ќе одговарам кривично, според вашата ситуација ќе се поставуваат прашањата, и секое прашање со одговорот води кон посебно прашање. Ама за примерот со Косово што го наведовте погоре, да ако има мкд државјанство, ќе биде 1. Мкд Државјанин 2. Поседува повеќе државјанства со наведени држави 3. Ќе се знае колку време живеел во мкд 4. Кога се иселил и зошто 6. Каде живее сега и колку време 5. Од каде се доселил ако се доселил (само за последното место) 6. Националност 7. Религија 8. Мајчин јазик ( јазик што прв го научил како мало дете/бебе) ако е роден во швајцарија ќе биде швајцарски, нема да биде ни мкд ни алб. 9. Јазик кој се зборува во семејството ( ако се повеќе, кој најмногу). Така да ако се иселил трајно, тој е нерезидентен трајно. Што значи 1. Ќе се знае колку се вкупно албанци 2. Колку од нив се во мкд а колку иселени 3. Колку од нив имаат други пасоши и каде Најбитно е колку е резидентното население односно колку се тика во мкд, од билокоја националност, етникум, вера, раса .... Ова би ве интересирало вас, нели зошто сте загрижена колку се наши а колку нивни? Така? За последен пат, секој избран одговор води кон посебно прашање, не може за сите да се исти прашањата со исклучок на влезните.
Дали некој што е во странство има проблеми со попишување? На мој близок му излегувало "обидете се повторно" откако ќе пополни се'.
Нека проба повеќе пати се додека не го прифати ЕМБГ. Ако пак има проблем нека даде податоци на мајка/татко или брат/сестра. Знам дека е фрустрирачки ама тоа е.
Ама ти со ова САМО ми го опишуваш како изгледа формуларот за попис, и што се содржи. Наведи ми ги кои точки се според Еуростат? Еве оваа, која патем е КЛУЧНА, на пример не е. Според Еуростат, треба да се попишат тие кои живеат најмногу 1 година надвор од државата. Заради ДУИ и процентите, ќе се попишат и тие кои подолго не живеат тука. Нашите дилајли исто така направија и други да ги пријавуваат тие што се отсутни, кое патен е незаконски... А, не е само оваа... Што правиме со ВРЗАНИОТ ПОТПИС, каде само кај нас го има овој феномен?? Практично ако не ги бендисаат бројките терористите у влада ќе биде поништен? А, и нов феномен имаме.. Немаат Мк државјанство, жители се на друга држава, ама имаат право да се попишат?! Па и пола Африка ги задоволува тие услови, ајмо сви у северној..
Вистинските Македонци нема да ја верифицираат и глорифицираат Северџанистанија. Гајле ми е за попис, гајле ми е за процентот на Албанци и гајле ми е да му ја спасувам фотељата на Заев. Ич не ми чуе. На овој попис се е договорено, само за да се спаси коалицијата и владата, затоа и го туркаат во сред пандемија и со попишување НЕРЕЗИДЕНТНО население. Чист криминал. За ова утре се надевам ќе одат во затвор сите комплетно. На 90% од тие што ги знам нема да дозволат глушец да им влезе во двор, а не пак попишувач.
Приказни од штабот. Што има врска пописот со се ова што го напиша? Јас искрено се надевам на сите кој го бојкотираат, да им стигне казна од 1000 евра.
На сите што ќе бојкотираат, само со џамче може да им го избричат Попиши се слободно. Никој не ти вика да не го сториш тоа.
Ти кажав тоа што смеам да го кажам, повеќе, нити сакам, нити имам намера, нити пак некој ме плаќа да седам на форум и објаснувам. Јас тоа што требаше да ти го кажам ви го кажав, а вие ако имавте предзнаења за бази на податоци, статистика и анализа на податоци ќе сфатете тоа што треба. Да се докажувам со поддржувачи на било која партија во Македонија немам ни време, а ни намера, зошто знам дека пак ќе зборуваат како што им наредил лидерот. Немојте да се навредите, јас потполно ви ја сфатив поентата, ама тоа го изгубивме во 2001, и сите политички партии во мои очи се криви еднакво. Поздрав и секое добро
И јас се надевам дека сите што се за вакви казни ќе добијат отказ у кризава и леб ќе немаат да јадат. Не ви е срам бе? Едит - не знам како не сфативте дека бојкотот не е ради политички причини него од страв.
Одиш во маркет? Се гледаш со пријатели, се гледаш со роднини? Ако одговорот е позитивен, тогаш што? Можеш само за себе да гарантираш со кој си била во контакт, но со самиот контакт со друга личност, имаш всушност индиректно контакт со уште минимум тројца. Така да...
Секој нормален човек во државава би се потпишал на пописот, а ако се прашуваш зошто погледни ја последната емисија на Ефтов и (се надевам) ќе ти стане јасно, само глупи луѓе како тебе и останата багра со испрани мозоци од страна на злосторничкото здружение ДПМНЕ ќе бркаат попишувачи со стапови по дворови и згради. И уште ова ако имавте малку нешто во тоа глајте ќе излезевте на референдум и ќе гласавте да нема промена на името, а не да слушате наредби од страна на здружението да се криете и да не излегвате од дома, како шо и сега го правите истото, бидејќи сега никој не го боли "стојко" дали тебе ти било гајле или шо ти било, помина тоа, живееш во Северна Македонија. Ако процентов го влечиш од ликови како оние од клипот шо го објави пред некое време тогаш морам да ти кажам дека ти е промашен целосно, овие друже не знаат ни да се потпишат со потпис а камоли да знаат попис шо е, тоа шо ќе им речеш тоа ќе прават, како на оние од Пустец за рачиња шо ги носеа.
Васко Еееефтооов бе Хефталица, гомно од новинар, комуњариште со тапија и Северџан. Цело време одработува за Заев. За писмени ликови ко теба да објаснам. Референдумот беше консултативен. Тоа значи без разлика каков е резултатот пак ќе се гласаше во собранието. Џабе те фарбаат таму во штабот. И, за крај, ич не ми чуе за пописот. Попиши се ако сакаш. Твој проблем. Како што гледаш и самиот, скоро цела македонска дијаспора бојкотира, а огромен дел и тука во Македонија ќе бојкотираат. Со џамче ќе им го бричите...
За џабе тука се напаѓате, се е договорено веќе што и како ќе биде, ние како народ не сме сложни, ако бевме сега немаше да има попис (всушност немаше ни да ја имаме оваа влада) барем не во овие услови, а ако опозицијата беше против пописот можеше на многу начини да го бојкотира, ама ... нема потреба да пишувам понатаму кога сите ја знаеме приказната.