Здраво имам едно прашање, сега се одложи пописов дали во сеп ќе се прави ново тестирање, се од почеток или ќе се продолжи од таму каде што сме застанати. Инструкторите си беа на обука, попишувачите исто.
Не верувам сè од почеток. Може само некои ако се откажат или ако се вработат до тогаш, па да бараат нови на нивно место.
Ова е тотално несредена работа. Никој не се јави за да извести, да каже, да објасни... Од кај знам утре дали да идам на обука? И, ако нема, зошто да се будам у 7 за да го остаам лап-топ-от, коа можам и у 11, да речеме, на исто место од кај шо го земав. А бе ајде.
Нема да има обука, јави се на инструкторот или пиши му порака да ти каже во колку да го вратиш лаптопот.
Пописо го поместија, не законот. И на есен истот ќе важи, и в година, и се' додека постои овој закон.
Абе пак спинуваш 100 пати иста работа. Законот важеше САМО за овој попис. Сега треба да изгласаат нов. Дали ќе биде истиот или ќе има измени, ќе видиме...
Демек ќе направат закон во кој ќе смееш да не се попишиш? Ај размисли од аспект на потребата од попис и која функција ја има... мислиш дека ќе не пуштат да обереме кој сака, кој не? Ако е така, џабе ќе има попис.
Каков закон ќе донесат/изгласаат ќе видиме во иднина. Не бојкотирам попис, бојкотирам ВАКОВ попис. И во Септември ќе бојкотирам ВАКОВ попис. Clear..?!
Многу ми е гајле ти 'каков' попис бојкотираш. Се знае за што се прави попис. За да се направи статистичка анализа на демографијата во државава. А тоа не е физички изводливо, ако немаат целосни и точни податоци. За статистичкиот процес зборувам, не за твоите лични побуди
Случајно или не, пола Македонија бојкотира ВАКОВ попис, свиЏало тебе или не. Не плачи сега, ете ќе имаш шанса да се попишеш у септембар..
Кажаа на вести дека ќе имало нов конкурс за попишувачи за во септември, ќе има нов услов да бидат вакцинирани попишувачите.