Нема никаков основ за никаква потерница тоа е грубо кршење на законите. Никој никого не тера на бојкот тоа го прави самиот осветен народ . Каква казна какви судски такси не ме смеј жити се.
Во системот за тоа нема понудени одговори. Што ќе си кажеш, тоа ќе запишат. После во Статистика ќе си средат за нови шифри кога ќе ги обработуваат податоците. Така имаше кажано директорот на Статистика уште пред неколку месеци.
Ако некој стои пред стан и те чека тоа е кривично дело непосакувани долготрајно следење од страна на попишувачот.
Да,де,ама нема да стои секој ден пред станот.Ако не те најде,веројатно ќе остави ливче или ќе дојде пак после 2-3 дена.
А, зошто да не се попишете? Ако ги исполнувате условите. Во двор ќе сте со маски и на растојание. Зошто не? Јас ќе се попишам, сакам да ме има во статистика. Ако сакате албанци да има повеќе од македонци не се попишувајте. Сами на себе полошо си правеме
Ама,поголемиот дел од месецот ќе биде опфатен.На 5-ти не си дома,на 7-ми не си дома,на 10-ти не си дома и до 30-ти ли така ќе тераш? Никој не е до толку будала да мисли дека ти не си дома сите тие денови.
Без разлика дали е будала и дали верува во тоа дека не сум дома не може ништо да направи и докажи дека сум дома. Бидејќи судството не работи по верување туку по докази.
Ништо не ви менува дали ќе се попишете или не. Ако сакаат да местат, вака или онака пак ќе наместат, едино вие ќе се гоните за непочитување на закон.