Без разлика дали ти си дома или не и бегаш, ако попишувачот после 3 доаѓања не те најде, а ти остава ливче, ќе пиши дека одбиваш да се попишиш или дека неможи да те најди и тој си ја завршува работата, а санкциите ти следат тебе.
Во никој случај не може да сноси последици лице кое директно не е видено од попишувачот и не одбие да се попише.
Што сте се запнале да ја убедувате госпожа да се попише? Од попишувачите може да бега колку што сака, ма да секако некој комшија ќе ја издаде. Но, од државните органи сакала-неќела, нема кај да бега. Сите главни податоци(Име, презиме, адреса, работа и живеалиште) освен матичен број(самите граѓани го кажуваат и излегуваат другите споменати податоци) се превземени од базата на МВР. Така да, тие имаат увид за госпожата и сите други што ќе одбијат индиректно да се попишат дали се во државата за време на пописот или не. На попишувачи нека не отвараат, но службениците кога ќе им тропнат, ќе отворат по секоја цена.
Попис во време на пандемија е луда и ненормална работа. Се надевам дека ќе го прекинат и дека нема да има уште поголема катастрофа од што е моментално (со статистикава на случаи).
И за тоа има решение, ако дојдат службени лица од ДЗС кои сакаат да ме потпишат а не се реонски попишувачи јас апсолутно немам никаква обврска кон нив и единствено што ќе биде ќе им затворам врата пред нос бидејќи без судски налог неповредливоста на домот со устав е загарантирана.
Ако евентуално одбиеш попис или не те најдат дома кажано е дека во тој случај ќе дојдат од службени лица од ДЗС да те попишат. Провери пишав погоре како треба да се постапи со нив.
Ни тие нема да сме најдат. Пописот е решен веќе, процентите се кажани пред некоја година. Овие само перат пари и верификуваат наводни резултати, притоа сеејќи смртоносна болест. Срамота.
Попис без јасна дистинкција што е вкупно резидентно население, попис без Методологија усвоена во Собрание е попис за зајакнување на моќта на ДУИ, и однапред наместени проценти.. Според Маричиќ, ако во Македонија е присутно само 5% население од некоја етничка група, се зема ВКУПНИОТ БРОЈ, заедно со дијаспората. Крмак продаден!
Меѓу 27 и 29 посто ќе бидат Албанци, договорено е од поодамна тоа. Ама нема врска тоа и така имаат права како да се 200%
Доколку голем дел од населението не се попишува, пописот ќе пропадне и никој нема да биде гонет....арно ама, бидејќи населението е составено претежно од послушни поданици.... не ме чуди малиот дел кој нема биде попишан, навистина да одговара и да плаќа казни....
Еве јас ќе ти одговарам. Доколку не отвориш врата на попишувачот и при неговото второ одење на врата он ќе ги извести своите претпоставени од ДЗС и они ќе контактираат полиција јавен обвинител и судија на претходна постапка и сите горе споменати кога ќе ти дојдат заедно на врата ќе видиме дали нема да отвориш. Имајќи во предвид дека се работи за кривично дело против државата несомнено е дека ќе бидеш приведена и веднаш изнесена пред судија на претходна постапка кој ќе изрече притвор до правосилност на судската одлука, со што имајќи ги во предвид сите околности заедно ќе бидеш осудена на 10 години затвор.
Дали ти тоа мене ме заплашуваш? Гледам 98 си родена. Прв пат на форумов ќе се изразам недолично, но со право можам да ти кажам да одиш да шеташ. Гледам дека си се зачленила со реактивирање на темава и со тоа се ми е јасно.
Се разбира дека јас тебе не ти се заканувам само ти укажувам на правните последици од сторување на такво кривично дело против државата ти како ќе ме разбереш твое си е. А за твоето однесување не сакам да коментирам и да паднам на твоето ниско ниво на култура.
А култура е да му се тутнеш присилно некому дома?! Знаеш колку луѓе не излегуваат од дома само за да не се заразат? Не станува овде дали јас или ти сме во право. Никој не е против попис, всушност попис требаше да има многу години наназад, само не е сега време за негово одржување.
Луѓе,колку и да не ни се допаѓа пописот мора да се попишеме. Кога законот вели дека мора,тоа е. Не си играјте.
Никаде не пишува дома, напротив препораката е у двор. Но таа да се попишеш е твоја законска обврска, ако не се попишеш ќе сносиш последици. Ти во оваа држава ги уживаш и правата и обврските а твоја законска обврска е да се попишеш.