Нека не ве заплашува, вакво кривични дело не постои ))) Леле што прочитав, амерички филм хахааххахаха еј...
Од 5 Септември ќе ја гледаш таа слика на секој чекор со луѓето кои не си ја исполнуваат својата обврска.
Такво кривично дело нема. Уште судија дома ахахаххахааха филм влегуење. Е луѓе мои не знае основни работи а ќе ви земе лични податоци. Глава оставам дека не знае закон за заштита на личните податоци.
Јас добро го знам законот за заштита на лични податоци и имам потпишано изјава дека личните податоци ќе ги чувам. Доколку јас не го почитувам законот јас ќе бидам таа која ќе сноси правни последици воопшто не се грижи за тоа.
Да не сте помислиле дома да ми одите да ме попишувате у овоа стање Немам ни тераса ни двор. Во соба од 30кв Не планирам да си дишеме у врат цел саат
Едно прашање до попишувачите. Дали морам да ви дозволам да ми влезете дома или може во влез или пак пред зграда да се изврши пописот? Не примам никого дома, уште помалку непознато лице, без разлика на статусот за вакцинација. Инаку немам проблем да дадам мои податоци.
Наша обврска како попишувачи е да инсистираме попишување да биде надвор, влез со соодветна дистанца, маска и средство за дезинфекција.
Ако навистина попишувањето се врши на отворено или пак во влез, која ви е поентата да не се попишете? Некоја јасна причина? И што ако не отворите врата? Што всушност мислите дека ќе направите?
Ми е страв од лежење затвор, ова искрено. Но што е тука е. Ќе си ги сносиме последиците и јас и моето пошироко семејство. Дал ќе не собере по затвориве само не ми е јасно
Можеби и нема да сносите последици со оглед на вашата состојба но сепак ќе бидат разгледани сите околности. Ако не можете вие може да ве попипише ваш близок Супер ги знам законите студирам право на ФОН.
Што не кажиш одма јас будала се мачам на државен факултет ќе дојдам и јас таму барем нема да се замарам со ништо и ќе ги научам законите како што мене ми одговара и готово.
Овие "преплашениве" од попишувачиве нареден месец рано рано први ќе трчаат да гласаат, напикани во тоа избирачките дувла дишејќи си во врат. Ама таква е наредбата од горе, шта чеш
Не може никој ни од потесна ни од поширока фамилија да ме попише. Сите сме горе долу во ' иста состојба '. Од старт сконтав дека студираш правен. Од авион се познава дека ќе бидеш врвен кривичар