Каде гледаш режим жити се? Ако ова е режим се плашам што ќе биде кога Апашиев ќе дојде на власт. Оф се смирив малку ми текна дека тоа нема да биде никогаш Апашиев народот е свесен.
Како тоа поврзуваш режим со попис со човекови права. Пописот е дожност на секој граѓанин што сака да живее во едно општество. Пошто пописот македонците го измислија.
Што да прочитам? Кои права ти се ускратени? И какви права сакаш да имаш, ако според попис не постоиш?
Кои се тие држави? Наброј ми ги. Ниту една држава не попишува нерезидентно население и никој не може во мое име да изјаснува што сум јас и како се чувствувам, а притоа да не ме праша лично и персонално. Ова е тешка бламажа, за да СДСМ и ДУИ си го спасат газот. Стандардите на ЕУРОСТАТ се тие. Се попишува резидентно население. Дали беше и референдумот според стандардите на ЕУРОСТАТ кога гласаа 100 души за 10 секунди?
Тоа е немаш да пишеш нешто што држи вода и се фати за нешто сосема друго како референдумот кој не е тема на дискусија тука.
Од каде знаеш дека е наместена? Прашав и претходно, имате сигурно инфо или партиски муабети? Ако не излеземе, ние губиме, албанците секако ќе излезат
Тие што сте во странство имате опција да се самопопишете online, не мора друг некој да дава информации за вас. А ако веќе некој друг дава информации наместо вас, тоа се родителите или сопружниците, а не било кој.
Тие што се во странство ќе се попишат таму кај што живеат и се резидентно население, а не да се водат во 2 држави. Плус, ниту твоите родители, ниту твојот копартнер има право да споделува информации за нечија етничка и верска припадност, а притоа лицето да не е присутно на самото место. Националното чувство е приватна работа, а не на прв братучед. Не знам што не е јасно.
Јас се попишав. Дојде едно младо дете. Беше крајно фино и културно, со маска со се. Дури и праша ако има потреба и сертификат за вакцинација да покаже. Се задржа подолго, нешто со системот. Исто и ние бевме со маски, во двор. И толку. Дали е местенка или не, не знам. Само не е фер и човечно јас да му се понашам на попишувачот. Ако има мучки тоа не е до попишувачите.
Сега се сетив дека имам 7 сестри и 12 браќа, во Немачка живеат. И многу сакаат да бидат попишани. Затоа јас во нивно име ќе завршам работа, ќе кажам матични броеви на попишувачот, и толку. Може нели така? Друго нешто ќе бараат на увид? Вие другите по колку роднини во странство ќе пријавите за попис?
Ме интересира дали и лицата (криминалци и слични) на кои им биле дадени пасоши и беше откриено пред некој месец ќе се попишат или не? Сепак според пасош се македонски државјани.
Па кога ќе кажеш матичен број јас како што знам проверуваат во системот. Ако ги нема и се непостоечки не знам како би ги попишале
Хипотетички. Како може твој прв братучед да те попише без твоја дозвола како Абориџин, а ти се чувствуваш како Пакистанец? Или дека припаѓаш на таа и таа религија, а ти си на пример агностик? Пописот може само да се спроведува на лична основа и на никаков друг начин. Јас имам пријатели во Австралија. Доаѓаат во Македонија, но тие се попишуваат во Австралија. Не во Македонија. Таму живеат. Не може една Теута која живее повеќе од 10 години во Швајцарија да ја попишуваш и во Македонија. Тоа е вон сите логики и норми.