Знаеш дека барањата немаат никаква врска со процентуалната застапеност, нели се гарантираше и ако се под 20% нема ништо да значи у смисла на губење некои права така да непотребно се крева прашина околу процентите. Колку сме толку сме нетокму сме
Епа на кој начин? Сигурно не е демократски начин на решавање штом не сакаш да кажеш. Прееска од ВМРО, сега од Левица, после од ЛДП ќе кажеш дека сум. Во глобала нема шанси за соживот. Кој ќе направи? Ова срање што е направено од 1991 година до денес не може ни Господ да го оправи. Инаку во странство е подобро од многу сегменти. Таму барем не те омаловажува никој. Инаку трендот на заминување од државата ќе расте како ќе изминуваат годините.
Коалиционен на ДПМНЕ, а прв беше со шарените. Е како бе така? Дан ги имаш малце математиките помешано?
Не мора да се мести пописот една или друга група да има поголем %. Ич не се попишвајте, да не мора да се лажира. После ќе ќенкате оти малку мкд не има. Е зато. До вас е. До никој друг.
А која е идејата зад непопишувањето? Што сакате да постигнете, многу ме интересира. Никој нема логичен одговор. И да е наместено, што ви е целта? Како со референдумот што ви го напикаа. Не излеговте и фактички беше успешен. И сега пак истото... Македонец на Македонец е најголем непријател. Никој друг.
Или уште подобро. Ако сакаат да местат бројки, што ќутите. Не гледам дека некој се потепа да протестира. Многу сте силни со тастатурите, немојте да не се исплашат.
Референдумот беше неуспешен! И што значи тоа ни го "напикаа", вие живеете во паралелен свет, гледате филм оддалеку? Ништо не ве тангира освен полн стомак? Пописот е исто наместен. Им треба висока бројка Албанци. Зошто? Па не знам, видете што остана уште неисполнето од она што ви го предочи Груевски пред неколку години, ама тогаш беше ха, ха, ха, пресмешно нешто само во главите на некои некапени.
Сметам дека треба да се попишеме сите, но резултатите кои ќе ги добиеме нема да бидат веродостојни. Не разбирам како може да се попишуваат лица кои престојуваат трајно надвор од државата или пак попишување на лица од страна на трети лица.
Ke ve popisat na adresata na koja ke ve najdat..taka mene ni rece zenskata sto dojde kaj nas na popis zavcera.
Jaс едвај чекам да дојдат да се попишам. Туку Бугарија почна да си бара 100.000 Бугари кај нас на попис. Ајде сега и квота за Бугари по Рамковен нека дадат, па ако имате двајца тројца луѓе во општината кои навистина си се Бугари, нека ги пикнат во државно. Ќе се попишам, но очекувам дека бројките ќе бидат многу лоши за Македонците. Но, што е тука е и мора да се соочиме со тоа што не сме го одработиле сите овие години. Многу народ се исели. Наталитетот е лош.
Овој момент одамна се знаеше дека ќе се случи. Ај сега да ги чујам „патриотите„ со б'лгарски пасоши што ќе кажат?
Eпа јас кога се бунам ме напаѓаат нивно право било, со кое право јас сум се мешала. Тоа ти е индивидуална одлука крајно штетна за цел народ. Како да немам проблем со индивидуална одлука која осакатува цел народ? Теренот се спрема веќе два три месеци, ако не и повеќе и цело време си спомнуваат дека имаме 100.000 Бугари кои не смеат да се изјаснат како такви. Вчера имаше изјава во Бугарија дека во 130.000 луѓе имало 87 или 78 Бугари. Од каде знаат? Дали е точен тој податок? Ако ги пробиле предвреме податоците, како ги пробиле? Никој не ти дава пасош џабе за само 1.000 евра. Се знаеше дека си имаат стратегија. Нека впишат на попис 100.000 Бугари, следно може да биде барање за кантонизација и слично. Нивно право е да засадат што сакаат во својот двор, во својата бавча, а земање на бугарски пасош е прво копање на гроб на своите деца, па после се друго. Можно е да бидеме Курди на Балканот, само што Курдите се 20 милиони народ, а ние едвај 2. Црно ни се пишува, ама веќе тргнале да попишуваат, јас сум должна да се попишам.
Ама логиката за бугари во Македонија која и да била бројка на луѓе со бугарски ја нема. Затоа што сите ги зимаат за да заминат и се ЗАМИНАТИ ,кој што има бугарски не вика бугарски дека има туку европски ,мочаната ЕУ сите што ја барате ни го прави сето ова ,едвај чекам ден да се распадне !!
Не се сите заминати. Еден куп си живеат тука, официјално по националност декларирани Бугари. Арно ви рече @An-na прашање беше на време кога ќе се потегне овој муабет. Ич не сум изненадена, напротив... предупредував. Шо си дробиме, то ќе си сркаме.
https://press24.mk/predlog-da-se-od...oi-nema-da-se-izjasnat-kako-bugari-na-popisot https://denesen.mk/dzambaski-tvitna...-represii-kon-tie-shto-se-zapishuvaat-bugari/ Со месеци споменуваат бројки од 100.000 па дури и до 120.000. Тие знаат што зборуваат. Сигурно има толку,
Toчно. Не се заминати. Од тие што јас ги знам дека поседуваат бугарски пасоши, можеби 90% се тука. Другите се на привремена работа, иди ми дојди ми, не се трајно отселени. И тие секако имаат право да се попишат.
Сега гледам вести. Заев во честитката за Денот на независноста ги набројува сите националности, Почитувани.....и Бугари споменува...Ви кажува тоа нешто?