Имаат причини да го наместат пописот и тоа мал милион причини. Затоа што доколку испаднат повеќе од 30% ќе се силат и ќе си бараат поголеми поволности. На пример ќе бараат да се зголеми квотата односно бројот на директори и останати функционери од албанска националност во државните институции. Ќе бараат да се зголеми квотата односно бројот на административни работници од албанска националност во државните институции. И којзнае што уште ќе бараат подоцна.
Мене во овој период попис ми е неизводлив. Не е можно да нема никаква друга задна намера. Искрено се надевам барем дека нема да дојде до бркање од администрација на некои Македонци и многу други работи каде би биле злоупотребени и дискриминирани Македонците.
Баш тоа ќе дојде најави Села, ќе бркале Македонци како технолшки вишок. Си кажа убаво човекот шо си сака.
Денес дошле кај свеки, таму се водиме и она не пишала и нас ама за мајка ми кажала погрешно место да раѓање, може да има проблем? Ќе полудам више од сите страни со вакви глупости, еве ја мајка ми у несвест паѓа.
Да, целта е да има поголем процент на Албанци за да може после да се борат за уште права. Оти малку им се овие до сега што ги имаат. А бидејќи благодарение на нив се на власт, ќе играат како што ќе им свират.
Да не "шпекулирам" ама колку што знам треба да се попишеме кај што живееме а не каде се водиме по л.карта ...а за место на раѓање по матичен не би требало да е проблем Баш нека каже некој попишувач... Кај нас сеуште нема ни на повидок од попишувачите
Не битно тоа, битно да се попишеме нели. Ама оди докажи им на стариве.. никаде нема име на мајка ми, ама ете... И викам и тебе ќе те прашаат, кај е мајка ти родена ааа па ја иам документи ми вика Какви документи жено, тоа да не си ни Спомнала, ништо не смееш да им покажуваш Абе ме мрднаа начисто.
Се попишувате таму каде што живеете подолг временски рок, иако ви е друга адресата на личната карта. А и ако се случи 2 пати да ве попишат ништо страшно, се поклопуваат податоците во системот и се знае дека тоа е една иста личност.
Каков попис е овој мене не ми е јасно. Треба секој за себе лично да си даде податоци. Денес дојде кај мене ја го вратив, сама бев, а и без сертификат беше
Прашање: дали живеете во брачна заедница,да. А дали живеете во вонбрачна? Замисли не. А вие сте? Пензионер! Барате работа и дали во изминативе 2 недели сте барале работа? За бабче, пензионер 90 год, а дали бара работа? Мислам прашањава... Инаку да сите ги има у систем. Не гледам логика...
Јас колку што знам нема поголеми права, ако се во поголем процент. По Устав е 'малцинство со над 25%' Нема додатни клаузули за различни проценти.
Кај нас денес дојде попишувач. Беше млад дечко со маска кој културно се претстави и уште од далеку си праша дали може да дојде за попис. Во двор седна и за скоро 5 минути заврши. Ние ниту побаравме сертификат за вакцина, ниту затворивме врата. Што и да биде резултатот од пописот, не е воопшто убаво да се однесуваш некултурно и неферски кон личност која се пријавила за попишувач само да заработи некој денар плус.
Да разјасниме нешто. На нив сите права им се дадени и плус згора на тоа повеќе права и поволности од нас имаат. Значи тие без разлика колку проценти над моменталниот минимум кој сте го напишале ќе бидат, тие ќе добијат сила да бараат повеќе поволности. Еве запомнете го ова. Инаку не можат да бараат права, затоа што ништо не им е ускратено од она кое по закон им следува како право. Мешаме права и поволности, а тоа не е исто.
Па точно така, ниедно право не им е скратено, напротив имаат многу поголеми права. Додека сите носевме маски на затворено, што не припари некој полицаец во чаир, топаанско да казнува, никој не носеа маски. Многу примери има ама овој прв ми падна на памет. Се работи за нешто поголемо.
Да ама проблемот е што и тука на форумот има луѓе кои ја поддржуваат реториката дека им биле скратени права. И никој не верува дека овој попис ќе биде класичен инструмент со кој секој ќе добие тоа што сака. Власта ќе ја зацврсти коалицијата, коалицијата ќе им овозможи дополнителни поволности на своето гласачко тело преку власта и сите ќе бидат задоволни само ние ќе си останеме со прстот во уста. Кога сме кај маските, дел од нив носат од страв бидејќи им починаа блиски. Поголемиот дел не носат и бев сведок каде што можеше да дојде до тепачка затоа што не носеше маска, а еден граѓанин го предупреди дека треба и дека не смее да влезе без маска во објектот.