Па отвори ја темата за промена на името, читај ги коментарите на почетокот на темата и се ќе ти стане јасно. За тоа и го пробушивме дното и уште ќе тонеме.
До сега како попишувач сум немал некое негативно искуство бидејќи никој не ми одбил попис нити пак правел проблеми некакви а и не ми барале сертификат за вакцина иако сум вакциниран со две дози. Живеам во приградска населба па во 90% се куќи со дворови. На колеги им правеле проблеми и комшии меѓу себе коментирале што ги пушташ овие шират зараза мислам wtf.... работата е 15 минути во двор со маска и дистанца нити сме дошле да пиеме и јадеме нити па муабет да си правиме. Инаку прашалникот содржи и глупави прашања но што е тоа е и мора да се пополнат сите полиња за да се комплетира комплетно целото домаќинство/семејство. Попишувачот некогаш автоматски одговара сам на некои прашања без да праша т.е треба да знае примерно ако некој е 80 години нема смисла да го прашува дали сте барале работа во последно време и автоматски си клика на полето "не" и става дека е пензионер. Ај тие што се по станови и вака и така ќе ги разберам да не пуштаат дома бидејќи ипак е поограничен простор , ама луѓево што имаат куќи со дворови огромни со маси/летниковци... нема стварно причина да не не пуштат. Иако не е коректно да кажувам инфо, денес попишував куќа во која податоците ми ги кажуваше госпоѓа што се лекува од малигно заболување. На тераса , дистанца од 3 метри двајцата со маски и обавезно прскање со средство за дезинфекција пред и по работата (допирање со лични карти), жената си беше тотално кул, нити беше арогантна нити ме гледаше како натрапник. Колку и да не верувате во регуларноста на пописов, ништо не ве кошта да одвоите 15-20 минути и да се попишете бидејќи така ќе се има увид не само во процентот на населението туку и во куќите,становите достапноста на електрична енергија во домовите, граѓани со инвалидитет кои немаат пристапни патеки во зградите и слично.
Во право си до некаде.Коалицијата им е занишана иако тоа не се гледа јавно и можно е да не дојде до зацврстување.
Многу загрижени за процент на население во ек на пандемија после скоро 20 години без попис. Не ме сфаќај грешно, јас вас попишувачите ич не ви земам за зло, туку овие што носат одлуки. Сосема е разбирливо да се плашиш да ти влегува дома човек кој пред да дојде кај тебе влегол во десетици други семејства. Некои живеат во куќи со дворови ама некои живеат во гарсоњери. Ама ајде, како за секого така и за нас.
Да,да сепак има и такви што влегуваат внатре. Коментирам од аспект на мојот реон бидејќи секакви средини има низ Македонија и ако јас во овие 7 дена немам влезено во ниеден дом , некој друг попишувач некаде стално влегува внатре ако нема услови за надвор сепак се зависи од реонот и местото каде се одвива пописот. Ама ако има и најмали услови за да се одвива на отворено па макар и да клечам на минијатурно столче одам со таа варијанта пред се бидејќи нејќам јас да ги изложувам луѓето на ризик нити па јас себе си да се изложувам да влегувам во различни домови, сепак на крај краева и ние може да се заразиме и да пренесеме дома на нашите.
Реално ретко на кој му е гајле за името, многу е мал таквиот број. И мене ми пречи Северна, бидејќи нема никаква логика ниту пак е епитет кој има допирна точка со нешто поврзано со земјата. Ама луѓето се излажаа дека оваа власт ќе го крене стандардот и дека ќе земаат по 500 евра плата. Кога сме кај пописот јас не верувам во процесот. Инаку кај мене уште немаат поминато попишувачите ама слушнав дека мои соседи ќе биле дел од попишувачите. И немам проблем да им ги дадам потребните информации односно податоци, ниту пак имам намера да ги навредувам. Затоа и потенцирав дека ќе го искористат пописот како инструмент. Оти им се намалија можностите преку кои можат да ја зацврстат коалицијата. А дали ќе успеат да ја зацврстат, никој не може да знае со сигурност
Едно прашање до тебе ко попишувач бидејки сеуште не поминале кај нас... смеам ли ако "сакаме" да му кажам да дојде да речеме во толку и толку кога ќе е и сопругот дома на пример?
Смее секако, он ако пројде и не сте дома или не е дома тоа лице што ќе ги дава податоците, ќе остави ливче со негов број и може да го барате кога сте слободни во периодот кога тој е на терен од 9-10 часот до вечер до 20:00 да намине и да ве попише.
Софтверот е бугарски. 10 пати им падна до сега, али сеуште те уверуваат дека нема никакви проблеми. Плус, единствена земја во свет што попишува дијаспора. Толку е релевантен овој попис.
Само 72 жители на Македонија досега се изјасниле како Бугари на пописот на населението што е во тек, пишува поранешниот конзул на Бугарија во Чикаго, Иван Анчев. Тој во текст за порталот Фактор.бг додава дека ако на пописот само 1.000 луѓе покажат бугарско национално чувство, тоа би ја лишило Софија од секакви аргументи во актуелниот спор со Скопје. Анчев додава дека останатите 130.000 баратели на бугарски државјанства потпишале изјава пред нотар дека имаат бугарско потекло и национално сознание, што значи дека дале лажна изјава – дело казниво според бугарскиот кривичен законик. Дипломатот повикува да им се одземат пасошите на сите оние кои имаат бугарски државјанства, а не се изјаснуваат како Бугари. „Некои од најголемите критичари на Бугарија на социјалните мрежи, кои најсилно извикуваат: „Бугари-татари“, се горди носители на бугарски пасоши. Од таа гледна точка, следува да запрашам: Дали ни се неопходни такви бугарски граѓани? Носители на бугарски пасош, кои со ништо не придонесуваат кон бугарската нација и бугарскиот народ. Поради таквите, кај мене се раѓа дилемата дали да предложам нешто екстремно: да ја укинеме натурализацијата, односно да им го одземеме државјанството на носителите на бугарски пасоши кои не се самоопределуваат како Бугари на актуелниот попис во РСМ“, вели Анчев во текстот.
Popisov e lakrdija. Dali e mozno da se popishes bez identifikacija? Dali e mozno da bide popishan covek bez licno prisustvo? Mozno e! Ova ne e popis. Vakviot pristap e nadvor od site pravila. Sramota.
Да можно е да се попишеш без лична идентификација од причина што ние веднаш после пишувањето на матичниот број ни излегува вкрстување на податоци и многу е лесно за проверка дали податоците се точни. Исто така можно и сосема е во ред друго лице да те попише бидејќи тоа лице што те попишува тебе дава и свој матичен број со кој ја гарантира точноста на податоците Доколку дадените податоци од лицето кое те попишало не се совпаднат со податоците во вкрстената база на податоци и по разговорот со попишаното лице кое не било во моментот на местото на попишување,ќе биде покрената кривична постапка за лицето што дало лажни податоци.
Koja e potrebata od popis na naselenie ako evidencijata e spored EMBG? Maticnite broevi postojat vo bazata na MVR, neka gi prebrojat i zavrseno. Ili, zosto popisot ne e online ako vsusnost e usoglasuvanje i proverka na podatocite koi drzavata gi ima za sekoj EMBG? Hipoteticka situacija. Znam tvoj maticen broj i te popisuvam. Del od podatocite za tebe gi znam, za del go prasuvam anketarot - a sto e ponudeno (ova funkcionira). Ok li e?
Ако е така ко што збориш нема потреба од попис, кога веќе податоците ги има Логика? Зошто е пописот тогаш за да те фатат во лага?
Vo PIOM poslednive 2 godini mi go nema stazot, a vo evidencijata na anketarot stoi vrabotena tamu i tamu. Vo Fond za zdravstvo izlaga deka lice nema osiguruvanje, a prima redovno penzija. Sega i popis na zimi majka. Drzava Poarno da ne krstea Nedojdija nego Severna.
Пописот не е електронски од причина што постои доста население кое нема основно познавање од работа на електронски уред компјутер, таблет, телефон и сл. Хипотетички не можеш да ме попишеш ти мене бидејќи не си дел од моето семејство, може да те попише само лице од блиското семејство. Исто така анкетарот како што го нарекуваш ти не смее да издава информации што ги има во вкрстената база на податоци на трето лице согласно законот за заштита на лични податоци и некои други сродни закони. Доколку попишувачот даде такви податоци подлежи на кривична одговорност.