Можеа да ги организираат подобро. Повеќе време да се дадеше и попишувачите од Центар да попишуваа и во Аеродром пример. Можеа да вклучат и административци, ионака ги има еден куп.
Денеска дојде попишувач на моја возраст 20 години, се познаваме. Со еден матичен број во системот гледам излегоа сите податоци и си викам ако МВР има податоци за се тогаш зошто е овај потребен трошок на државата и да испери некое евро од нивните преку тендер или пак имаат за цел да фалсификуваат бројките пред меѓународната заедница..? Бруки сме.
Не, туку оти законски мора да има попис. Тоа што го прескокнуваа ко шо ќе му прдни и никој не одговараше, е друг муабет. Бетер од Зимбабве сме. Од 2002ра немаме направено попис. И нас не попишаа денес. Буквално, нецели 10 минути. И точно е дека ги имаат сите податоци: Датум на раѓање, кај се' си живеел, кај се' си работел, што се' си учел... Само за вероисповест не' прашаа и мене +: Дали би се вработила, ако ми понудат работа? Мислев крос-референсинг со другите бази прават отпосле, ова се' да ти било спремно унапред.
Колку што знам не им е обавезна вакцинацијата, но граѓаните може да побараат да дојде вакциниран попишувач...
Нека потврдат попишувачите (од форумов што идат)... ама тој од статистика така имаше изјавено... дека може да побараат вакциниран но дека неможе да ги условуваат да се вакцинирани попишувачите... така да Да
Не. Напишав погоре дека според мене требаше задолжителна вакцинација да бараат од попишувачите башка протоколи и ред други работи. Иначе мислам дека ако не сакаш невакциниран попишувач можат на твое барање да пратат вакциниран. Нека мр поправат попишувачите тука ако грешам.
Devojceto sto bese kaj mene imase primeno edna doza. Me prasa dali sakam da mi pokaze potvrda deka ima primeno 1 doza. Bevme bo dvor pa i rekov deka nema potreba.
Да си имам изговор да го вратам ако имам ксмет невакциниран да ми се падне. Оти јас нели у првите сум вакцинирана
Кај мене првиот ден дојде попишувачот, ја знам жената ми беше колешка на работа. Едвај завршивме многу паѓаше системот.
Пријави во Државен завод за статистика. Ако така попишуваат, кој што сака може да клика. Друго, кажаа дека пред конечно да го затвори листот за попишување може да ти дадат да видиш што е пополнето. Реков јас, над 1.000 евра и тоа добро обучени, писмени луѓе на терен, инаку ако е вака, џабе е, само на хартија ќе имаме попис со неточни податоци.
Процедурата траеше 15 минути.Прашања што ги постави попишувачот (по внесување на матичниот број) беа: Потврда за веке постоечки информации во системот (место на живеење, образование, работен статус и работно место); Националност/етничка припадност; Религија; Мајчин јазик; Државјанство/дали имате и други државјанства; Дали сте Женети/Мажени; // Брачен или вонбрачен статус; Дали сте живееле надвор од државата; Колку и кои членови на домаќинство; Квадратура на домот; Колку соби во домот; Со што се греете; Дали домот има фасада/изолација и каква; Дополнителни простории; Пристап до струја/вода/канализација; Вработени кое превозно средство користат и колку време им трае превозот до работа; Невработени зошто не работат, дали бараат работа, кој ги издржувал последната година и дали би прифатиле работа ако некој им понуди.
Освен лични податоци за членовите, единствени прашања за домаќинството беа на што се грееме, дали се занимаваме со земјоделие и дали имаме добиток. Како вака кај мене минус прашања.