Во однос на прашањата, одредени прашања може попишувачот да ги скокне и да ги одговори сам од проценка пример доколку домаќинството не знае која година е изградена куќата секако ќе ставиш нешто од тепка или пак ако видиш од надвор дека куќата е без фасада нема потреба да прашуваш и автоматски ќе си одговориш дека куќата нема фасада. Во однос на прашалникот за лица секогаш прашувам етничка припадност и некогаш пример ако е голема фамилија од 5 члена , ќе прашам два пати и ќе ми одговорат сите се македонци/православни и само си внесувам на наредните без да прашам бидејќи ми одговориле. А, доколку ова е вистина и има попишувачи што внесуваат сами податоци без да прашаат треба да се отстранат одма и да се казнат соодветно. Исто така имате право да барате увид во податоците доколку се сомневате, јас секогаш нудам на семејството или лицето да погледне во податоците но во 99% одбивале и се доверувале на мене неизразувајќи желба да гледаат во податоците. Искрено мене ич ама ич не ми е битно кој како се изразил , имав луѓе што се изразуваа како Југословени , Власи , Турци , Албанци и ред др. етнички заедници и секогаш си внесувам како што ми е кажано. Се пријавив за да заработам пари а не да изигравам патриот и да ги попишувам сите македонци , не ја гледам логиката на таквите попишувачи. Си се пријавил да земеш пари или да изиграваш бот и кловн правејќи будала од луѓето што ги попишуваш.
Ama Ама што дека ќе се отстранат и казнат кога штетата е веќе направена и тоа сигурно не е еден, туку илјадници во државата попишуваат непрописно. Нема тука патриот, непатриот, туку професионалец. Како кажал така треба да попишеш. Зар има и такви што се изјаснуваат како Југословени? Во Србија има многу такви. Ако само собираат матични, очигледно собрале од ДЗС кого стигнат да биде попишувач. Требало со тонско снимање. Така ИПСОС прават анкети, и не знам зошто ДЗС не можеле. Тонско, да се снима, и твоето и говорењето на попишаниот и чиста сметка. Oд Аваја вчера на ТВ 24 зборуваа дека имало 100.000 Роми во државата, односно 4% по нивно, и ако било помалку немало да го признаат пописот, оти од тоа зависело вработување во јавен сектор, итн. Со кое право, си пресметуваат процент кога не знаеме колку народ има во државата? Со кое право калкулираат? И Бугарите вршат притисок. За нив ни протестна нота нема. Вака не се прави попис.
Ако некој навистина така правел треба да се реагира. Но, за тоа дека ние попишувачите треба да правиме како ни кажале можам да ви кажам дека секој ден нешто ново ги истекнува што само ми потврдува колку пропусти има овој попис. Пример: На обуките ни нагласуваа како ние мора да ги почитуваме ковид мерките значи маска, МИНИМУМ 2 метри растојание, по можност пописот надвор да се спроведува итн. И сега што се случува- пред два дена ги текнува нормално бидејќи многу луѓе се жалеле, ааа сега ВИЕ ПОПИШУВАЧИТЕ не сте се придружувале до правилата и не сте им овозможувале да гледаат што податоци внесувате. Епа не може за сите ваши пропусти ние попишувачите да сме ви виновни. Јасно беше нагласено дека ако некој ни побара да погледне што внесуваме ние мора да му покажеме, но како придржувајќи се на сите ковид мерки и одалеченост од МИНИМУМ 2 метри луѓето би гледале што ние внесувсме? Точно дека треба и мора луѓето да знаат дали ние точни информации внесуваме, но тоа на нас не ни беше нагласено така и сега кога има поплаки што велат од ДЗС : "А па ние им кажавме не сме ние виновни, попишувачите се виновни". Овој попис се повеќе наликува на ЦИРКУС, но секако властите тоа нема да го признаат пошто нели пописот МОРА да биде успешен.
Должни сте на крајот од попишувањето да му покажете на тој што го попишувате што информации имате внесено и како тоа да го направите го кажуваат на обуката, не се правите наивни.
Вчера беше едно девојче кај нас и дефинитивно во државава никој не знај кај тера ,се е будали ! Значи кај и да се појавам во сите институции сум различно пишана. Му викам да девојчето кажи ми што податоци ти излегуваат. Кажува името , моминското презиме и презимето од мм без последната буква Во МВР (оттаму нели извадив л.к со двете презимиња) само со моминското ... ПИОМ и УЈП само со моминско ФЗОМ со двете ,избирачки списоци со двете без последната буква на второто . Не ми се живее тука ,сакам негде
На нас на обука никој ни нема кажено такво нешто. Добро ни нагласија дека ако некој сака да види што внесуваме дека МОРА да му покажеме, а никој не ни спомна дека сме должни ние да им покажуваме Јас кога внесувам секако дека гледа барем еден член што внесувам, но ме иритира тоа што се прават како се да ни имаат кажано, а конкретно за во мојот град тоа си нема врска
Не гледаш, закон немаат прочитано, со две години на ФОН мислат правници се. И не знаат дека се кривично одговорни за тоа што го работат, па уште се силата, ние сме малцинство, ништо не ни можете...
Точно доколку побара. Ама сега велат дека ни кажале дека ние мора да им покажеме без разлика дали ни побарале луѓето
Па должна си да му овозможиш увид на податоците на тој што го попишуваш, убаво си пишува не знам што не е јасно.
Помина и кај мене попишувач. Сите си бевме дома, дека викенд, не затекна сите и не попиша. Ни маска, ни беџ истакнат, само маица попис 2021 година. Си кликаше се сам, само матични броеви зема, не праша за брачен статус, и тоа беше се, буквално се. Јас му велам да не пише Македонци, православни, оти тоа сме си, и ми вели „знам“. Куќата лепенка до нас, за малку ќе ја изоставеше, а тоа ти се две домаќинства, не едно. Како така бе? Греота да ги пријавам, тргнале за некој денар, да се расправаат со народ, ама па не треба така. Сигурно цела држава вака се попишуваат и затоа дневно имаме толкава бројка на попишани. Криви се и од ДЗС. Реков јас, најмалку 1.000 евра хонорар, и писмени луѓе да пратат. Плус да им се прават контроли, нон стоп на терен, а и тонско снимање е добра опција. Како е напредна технологијата денес, можело не само тонско, и видео снимање и крај на сите шпекулации. Ама за тоа треба пари да им дадеш на луѓето, а не вака. Ако вака тераат и се брзаат за накај дома, можно ли е цели домаќинства да бидат изоставени?
Не мора да значи дека на попишувачот му е доделена и другата куќа, таа до вашата. Пример попишувачот кај нас спомна дека не му биле доделени куќи по ред туку со скокање пр бр 1, 5, 6, 8 ... А тоа за снимањето, мислам дека има закон и не е баш така едноставно мада би било добро.
Mу беше доделена, и попиша, ама кога јас му сугерирав. Сепак, мислам дека треба да се поорганизирани и одговорни. Ако така тераат, тешко нас.