Нека пробаат, незнам дали ќе успеат...Јас барав и во ДЗС ми дадоа број од некој друг вработен. Засега неможам да го добијам тоа лице. Цело време е зафатено на тој број. Ќе бидам упорна, пак ќе пробувам. Не знам што да речам, навистина..
Нема шанси со толкав број на попишувачи да успеат да го попишат целото население. Уште една недела има останато, а голем дел од населението не е попишано. Пописот како цртан филм испадна на крајот. Важно за успешен ќе си го прогласат, како што го прогласија и референдумот претходно.
Кај нас кога дојде попишувачката и рековме дека сме во изолација, вика нема везе си седна во дворот и преку прозорецот на помалку од 2 метра попишуваше. Татко ми и даде лк и она сама си пополни за 15 мин. Незнам какво е тоа попишување со лични карти, ниту ме виде ниту ме праша како што ќе се изјаснам.
Тоа што ти пишува во лична карта тоа си и тоа е документ со кој ти при секое покажување на било каде и било кое овластено лице потврдуваш дека податоците пишани во лична карта се точни.
Да, ама во лк нема етничка припадност, од кај знае она дали јас сум Влав, Ром.. (мислам дека и за религија прашуваат, еве може да сум Атеист) тоа никаде не го пишува освен ако јас самата не се изјаснам како се чувствувам. Сакам да кажам очи не ми види ниту ме праша а ме попиша, плус тоа бев присутна, можеше еден по еден барем да не праша. Ама татко ми будала и ги даде сите лк и оваа си заврши работа.
Таман се пожалив и дојдоа за попис Инаку нас не' прашаа за националност и религија како се изјаснуваме, впрочем тоа само и не прашаа, за другото беше потврда само на тоа што е веќе внесено во систем и ситно нешто за станот. Туку документ за идентификација ви побараа ли? Нас не, само матичен, дури и прашав дали сакаат да донесам. Комотно можев друг човек да кажам.
Тоа е твое гледиште на ситуацијата и го почитувам но имајќи во предвид дека со такво нешто вршиш кривично дело против државата несомнено е дека ќе подлежиш на правните последици за такво дело.
Нас вчера не попишаа. Брзо заврши попишувањето, со почитување протоколи и дистанца си беше, лично задоволна сум како помина процесот.
Се знае овдека кој лежи во затвор, оние како оној што украде кебапи и оној што ја искуба Шеќерката, ситна раја, затоа немој да те чуди.
Поминаа и кај нас не попишаа, девојката си ја заврши работата за брзо и никому ништо. Како шо гледам досега добро е шо има само мал број на несовесни граѓани кои прават провокации и глупости, а другите си се попишуваат без проблем.
Za tie sto gi propustile popisuvacite https://opserver.mk/politika/dzs-od...shat-na-odredeni-lokacii-vo-svojata-opshtina/