Во старт ги имаш паушалот (4.000ден. ако си попишувач или 5.000 ако си инструктор) и парите од обуката!
Остана нејасно, кои се корисниците на податоциве од пописот, за кој зборува Симоски, некаде околу 22-та минута во видеото. Како и нејаснотиите кои некој константно ги брише.
Тоа им е јасно и на врапците. Но на многумина, па и на мене, не им е јасно, зошто се чуваат од јавноста контактите со тие корисници, зошто не се јавни. Зошто јавно не се презентираат договори за користење на податоците. Па и потребата од директно мешање во методологијата. Во денешно време и Гугл може да е корисник на нашите податоци. Што ќе се мачи да ги собира, ќе си ги плати. Или Фајзер. Било кој. Секој таков контакт мора да биде јавен. Сниман. Објаснет. Ако ништо друго, барем да немаме дилеми.