Иииииииииииииии дојде време за резултатите од пописот: 1.836.713 лица, а нерезидентното население 260.606 лица. По две децении, откако последен пат беше одржан попис во 2002 година, официјално податоците покажуваат дека бројот на жители во земјава е намален за 185.834 лица или за 9,2 проценти. Според објавените податоци, вкупното попишано население изнесува 2.097.319 лица, од кои 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, а 29,52 се Албанци. 3,98 се Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи. „Од вкупното резидентно население 58,44 се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци. Од неризедентното население опфатено со пописот 24,45 се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци, истакна Симовски. Пописот покажал дека бројот на домаќинства е 598.632. Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово. Преброени се и 207 празни населени места. Бројот на странци времено присутни во земјава помалку од 12 месеци е 1.674. Симовски рече дека пописот кој се одржа од 5 до 30 септември 2021 година бил успешно и професионално спроведен, а дека објавувањето на податоците ќе се одвива сукцесивно по сетови на податоци. коментар?
ех, се пишале Бугари, им е гајле за Македонија. фалат доста. Еден баш видов на Фб искоментирал, дека до 100% им фалат бројки.Тоа е сигурно пошо не се попишале сите? почнав со статистиките јас...
Не си во право, попишани се и лицата кои го бојкотирале пописот врз основ на вкрстените податоци од институциите но без националност и верски определба бидејќи е лична определба.
Да не мислите дека се реални бројки ова? А имаше многу луд народ, не им отварале врата на попишувачи, се изјаснувале Бугари и сл.
Кога беше попишувачот они веќе ги имаа сите податоци за тие што ги попишуваа, само требаше да потврдиш... тие што не отвориле врата или одбиле да се попишат секако ги има во системот и ги евидентираат како да прифатиле. Воопшто не се реални бројкиве според мене.
А по која логика тоа? Еве проствпример македонка мажена за албанец? Како ја попишуваат ако не се изјаснила? Си прават како им одговара
Епа родена е Македонка, ако се омажила за Албанец, не значи дека е Албанка, не треба да се изјаснат кај и да треба ако менуваат националност?