Гајле им е ама сите на Фејсбук кога треба ломотат, сликаат знамиња итн. И Албанците живеат у Македонија ама се понашаат ко у Албанија да се.Затоа и им успева сѐ што им успева. А нашиве, ем се пишал Бугар за да ја здува, ем му е тешко да се попише.Ко шо рече Косми, 10минути работа е, ни толку
А, како смее Ахмети да честита? Дали македонец политичар би смеел да преземе страни? Ние немаме никој кој стои баш силно зад македонскиот народ.
Мене најјакото ми е како фино успееја да исфилуваат дека само 200 илјади се имаат иселено. Кога сведоци сме дека селата одамна се испразнија, а градовите се повеќе се полупразни. Сите зборуваат за бројки, а никој не запраша зошто толку луѓе си имаат заминато и си заминуваат. Инаку врска немаат бројкиве, си ги наштимаа баш онолку колку им треба за онаа што е испланирано.
А да,Тие што бојкотираа на прво место се виновни,самоубиствен и малоумен потег. На второ се иселениците. Како Македонци се родиле,тука гробови имаат. И никогаш нема ни германци ни французи ни италијанци да бидат,колку и да сакаат.
Да сум иселена не би се замарала со овдешните работи, прво зошто нема да ме интересира, да живеам на друго место и да си стварам главоболки непотребно, второ зошто нема што да им се мешам во политика на луѓе што уште живеат таму, затоа сум против дијаспора да гласа, гласаат за/против одлуки кои не ги живеат, ги уживаат политиките на друга држава, а влијаат на одлуките овде, затоа ги разбирам ако нејќат да се замаат со ништо, вклучително и попис, а бројкиве ми се тешки за верување ама тоа е.
Дијаспората е крива за лажираниве бројки? Се потпишала или не се потпишала, бројките си ги местат како сакаат. Вие расправајте се колку сакате, како што правеа досега како што им одговара, така и сега. Добро и 50 посто Македонци што пишале. Срамота. Дупчење до крај. Косми ти прва беше да збориш да не ви се мешаме во политика, шо сега не бараш?
Реков, во една тема, ко шо тргна, ние ќе сме по Рамковен.. Значи срамота Ама никој ништо не превзема Бриџо.Еве јадеме трици овде, на Фб и? Ништо не постигнуваме со тоа.Жал ми е шо волку убава држава пропаѓа, во секој смисол.Ова тек сега го сфаќам, а за некоја година кога уште ќе пораснам? Ќе ми се гади од сѐ, 100% Ама со зборење ништо не праиме.Башка кај повеќето од малцинските групи, во фамилија се по сто души.И како да не им расте бројката? Кај нас и тие шо сме, не ги попишале, или некои не сакале да се попишат..епа пепел 54% е сра мо та
Бројките им се од старт направени, пописот е само формалност и тоа апла фалширана формалност. Не вреди ниту да размислуваш зошто и како се бројките такви какви што се. Знам дека барате одговор и не сакате да верувате дека некој баш отворено и директно ве дупи, ама реалноста е таа.
Секако дека е,покрај тие што бојкотираа. Па ја нема дијаспората македонска,испарила.Каде е?Ја немаме? Колку сте вие во Германија? И вас ве издупчија,пошто ве нема?! Само албанска дијспора броеле,вас за бугари ве рачунале па не ве ставиле во пописот?!
Ама ја знам дека нѐ дупи некој.Дали за попис, дали за плати/пензии итн Ама смачено ми е.Па не сме ние глупи бе.Ако имаме сеуште неписмено и просто население, не сме сите такви. Ја во реален живот (мислам нешо шо не е со политика де) глеам секоја неправда ако можам да ја свртам во правда, ако се наштетува на мене или мои блиски.И сакам да е сѐ фер и коректно.Затоа ме боли ова.Или уште сум дете и сум наивна..сакам да се смени ова Неќам да дое ден по институции на албански да ми зборат, кога државава е МАКЕДОНИЈА.И онака сме мала држава, да го сочуваме тоа што го имаме
За Еским нека ме рачунаат ако сакаат, г'з не ме боли. Мене не можат да ме дупчат повеќе, сори што ќе те разочарам.
Каква врска имаат интересите со национална припадност? Може да се иселиш на крај свет,пак ќе бидеш Македонка. Ова не беше гласање за одлуки. Секогаш ќе бидеш тоа што си се родил и 16 пасоши и држави да смениш.
Јас пред нецел месец имав ситуација на работа ( работам со странки ) зошто не му се обраќам на албански јас требало да знам чак ме снимаше со тел кај живеел тој не сум сакала да му се обратам на мајчиниот јазик !! И не да сакаш штрафта да фатишшш ...
Ја така телефонот у уста ќе му го набутам.Не Албанец, Србин, кој сака нека е И ќе го тужам успат шо ме снима без моја дозвола
Ако си разочаран, лут, незадоволен од политиката или сл. Не треба да не се потпишеш од дијаспора. Па ова е за идентитет, не е за вмро сдсм дуи и лошиот систем. Не знам како може човек да не го интересира наицонална припадност.... И да не му е важна таа бројка
Ти изгледа не го сфаќаш моментот дека се иселил и дека баш му е гајле за Македонија. Сериозно. Зошто да се замарам кога сум оставила се и сум на некој начин принудена да се иселам од дома? Што таа држава прави за мене, па јас за нејзе? Нема македонска дијаспора, оти не се попишаа. Не сакаа. Не знам колку се лажирани податоците, за жал и се поклупуваат со гласовите и списоците од изборите. Се прават анализи околу изборите и не отскокнуваат. Конкретно за мојот град, бројките се тие.