На премногу луѓе не им е гајле за таквиот вид на патриотизам, македонци до гроб, не знам што, просто и едноставно е која држава во светов ми пружа убави услови да си го проживеам животов, од таму пасош ќе земам, ако за тоа ми поставуваат услов да се откажам од пасошот кај што сум родена ко што има држави што не прифаќаат двојно државјанство, ќе се откажам и нека ме нема на попис, а муабети за патриотско херојство не ме допираат ич, не ми значи ич дали ќе ме пишеле или не. Земај плата минимамална, сметки прескапи, загадено ко во контињер да живееш, корупција, здравство лом, образование лом, ние ви даваме минималец колку да живуркате, ама вие е срамно ако не се држите за идејата дека сте патриотски херои. Смешки
Пак не се разбираме. Во ред е да се откажеш од се,да заминеш да работиш,да бидеш цел живот странец во туѓа држава. Но да се откажеш од себе,од сопствен идентитет?! Не е нормално тоа,нема дискусија за такви неидентификувани сателити. Баба ми на 96 умре,иселеник од Хрватска,до крај хрватица беше. @Mantub Повторно ги мешаш работите. Можеш да побегнеш од држава ама од тоа што си,не! И фејк бугарско да имаш и уште три други пасоши ,пак националност е друго. Не е тоа патриотизам,идентитет е. Што мислиш што седат дијаспорциве тука место на германски форум?
Kolku I da ne saka da priznaat da Makedoncite Sto sevodijaspora se gleda deka ne se zamaraat. Da Im bese vazno ke se popisat. Ali nemozam da gi svatan tuka Sto ziveaT a ustvari bojkotiraa.tToa mi e nonsens.m
Интересантно... Со б'лгарски пасоши повеќето иселени, ич демек не им е гајле за МК, а секој ден дремат по форуми Македонски Ај тоа, туку и патриотишта се бре!!! Први се да делат совети и памет како да си ја водиме државата ние сиротињата што останавме тука и што не сакаме да си го продадеме идентитетот и државата вадејќи БГ пасоши. Оти, да... кога си извадил БГ пасош, автоматски си плукнал по идентитетот и се што всушност си и како таков немаш ама баш ич право да се мешаш во политиките и животот на државата и народот од која што си избегал и која, да повториме, си ја исплукал!!! Затоа... ве молам вие квази патриоти блгарчиња (намерно со мали букви) поштедете не од своето присуство на темава. Аман!!!
Колку дијаспорци има на форумов што редовно пишуваат? 10, 20, 50? Тие може се потпишани, за толку има потпишани На останатите не им е гајле. Помири се.
Што се деси не би да навлегувам... само сакав да кажам до кај сме стигнати. Исто ми доаѓаат со документи сосем на албански... воопшто збор нема на македонски мислиш албанија живееме .
Не разбирам што е тоа идентитет. Не ми значи ништо не знам како да кажам поинаку. Идентитет македонец е еден вид идентитет. Со милион работи можеш да се идентификуваш, со професија, со родителство, од се можеш да си направиш личен идентитет. Да сум иселена не губам ни 10 мин на попис од што не ми е гајле за крајните бројки.
Ај вака да прашам пошто сум тупава малце. Уствари таа вкупна бројка од 2 милиони и нешто е за граѓани што имаат мк државјанство, мк националност или? Кои иселени ги попишуваат? Дали некој што има родители македонци ама од дете живее во рецимо Германија и има тамошно државјанство, се попишува? Или сеедно, кои од иселените треба да влезат у таа статистика, кои не?
Не има неколку овде, повеќето од пред иселување сме, пишуваме заради други причини, не заради идентитетот. Еве повеќето сме и попишани. И да не сме, мое право е. Болна точка ти се иселениците. Чудо.
Па баш и ја мислам оти не треба оти по ова што прашав, се губи смислата. Ако е некој трајно иселен не би требало да го има во статистика, само тие што да речеме се привремено на студии или работа во странство, ама тука им е живеалиштето уште.
Баш така. Термин, најобичен. Со различни сфаќања, значење и контексти. Мислам, за национален идентитет предавања од овие што си го гласаа Преспанскиот. Свашта!
А, зошто да ги нема иселениците? Тие не се Македонци? Како што се водат? Посебно тие што скоро се иселени и немаат странско државјанство.
Убаво е чувството кога ќе кажеш дека си македонец некаде во странство, бар вака ми имаат кажано сите мои пријатели кои се моментално по странство и дека едвај чекаат да сретнат случајно некој македонец таму. Тоа што имаат отидено по пари и подобри услови не ги прави да се осеќаат помалку македонци
Како не разбираш што е националност бе Мантуб Нема врска со користа и условите од државата. Не ми се болна точка.Ова што го пишувам не важи за попишаните,тие знаат што се. Туку не можам да им се изначудам.Моите иселеници се тоа што се ,не промениле идентитет и националност. А не се за чудење,јас грешам,природен тек е тоа. Еднаш погазиле идентитет станале Бугари,втор пат не се попишуваат. Што се,еве на памет не ми паѓа.