Најде со кого споредба да правиш, баш ко нив сакам да бидам. Да живеам и работам во една држава цел живот, да не сакам да им го зборам јазикот, да малтретирам домашно население, да не дозволувам деца да ми се мешаат или божесачувај мажат и женат со други народи и националности... затоа заминав, мала Македонија гето да правам. Пасошот има врска пошто по институции, на граница и сл не те прашуваат како се осеќаш туку гледаат. Како одговор на твоето - нема никогаш да сте... Ете, ќе отворат и ќе видат што сме на хартија.
207 села згаснале. Мене овој факт ми е неверојатно жален. Неможе да постои ниеден град без развиено село, а селата кај нас ги уништивме. Наместо развој, пропаст.
Чекај сега Ако треба да се попишат оти се по националност Македонци, од каде во нерезидентно има Албанци, Турци...? Овие на кој основ се попишани? Државјанство ли?
Трагично,се претвораат во гастрбајтери без идентитет,бидејки туѓиот не ни можат да го имаат. Мене не ми јасно како не се сфаќа дека пасош и државјанство е едно,националност друго. И дека и по 100 год.националниот идентитет ке ти остане,па ти смени уште 3 држави,нивни пасоши и државјанства. @JuLleE Па вашата националност и потекло не е словенечко. Нормално сте завршиле со државата,ке се асимилирате колку што ке дозволи странската држава,детето ке има документи,но идентитет му е тој што го добил со потеклото,словенечки ке нема никогаш. @Bridget Не ти правам споредба.Само ти укажувам дека може да имаш државјанство и пасош, а друга националност.
Не дека не го признаваме само на вашите потсмешливи и навредливи подбуцнувања кои очигледно извираат од фрустрации, не ни останува друго освен да се контраме. Може и да игнорираме да, ама меракот е поголем. Попрво ќе глумам дама из Париза отколку да се притопам со комплексите на Косми и Ана.
@Cosmi ќе си добијат словенечко државјанство и ќе си се изјаснуваат како такви. Ако сакаат ќе си се осеќаат Македонци, ако не, нема И толку. Според закон ќе се Словенци, никаде нема да пишува дека се Македонци.
Оф, оф, оф... Абре скриј се таму. Фрустрации ти извираат од секоја пора и секој отров кој го фрлаш. Она ќе глумела дама из Париза и штотијазнам Што викаше баба ми: Знам те пушко кад си пиштољ била Ајт...
Не.Според закон ке имаат словенечко државјанство , националност ке му биде впишана таа на раѓање,македонска. И со раѓање дури детето не добива државјанство ако родителите немаат државјанство. @Bridget Прабаба ми е австријка,прадедо чех,па не се правам ни едно ни друго ни трето,Македонка сум.Бугарка па ич не морам да се пишувам ко 90% од вас. вие не сакате да бидете македонци,сакате германци.Тоа доволно говори за комплекси и фрустрации.
Како фино муабетов се сведе на поделби: дијаспорци - тукашни, Македонци со бугарски пасош и такви без бугарски пасош, вмро - сдсм, издајници - патриоти, антички - урбани, попишани - не попишани. Од друга страна, Албанци си се Албанци, дали се овде, дали се на Марс, нема поделби меѓу нив. И после ќе кукаме. Малку сме, ама затоа сме гомна.
Разликата е то шо Албанците се попишаа до 12то колено, ако пола од нив не ни живеат тука. А ние вака: Ама искрено како е тргната работата, здравје па до следен попис ние да сме 29%, оти за жал ништо тука веќе не остана.
И тие меѓу себе очи си вадат, се делат на вакви и такви ама кога вака групно треба да се решава нешто се сложни. За разлика од нас, се попишаа и тие странЦтво што се, иако и ним ниту Македонија ниту Албанија не им приуштила услови за живот како што многумина кажаа тука, па заминале во потрага по подобар живот. Мене во целиов муабет ич не ми смета дијаспорава што не се попишала само ако може да го тргнат македонското знаме од профилната на фб и да смањат доживљај со коментирање за секоја можна дешавка овде во Мкд. Си заминал, еве не се осеќаш ко Македонец, ок, среќен пат и мирно море. Коментирај ѝ на Меркел, можда баш тебе те чека да кажеш што мислиш.