Инаку, Скопје пораснало само за 30.000 жители. Веројатно голем дел што живеат во Скопје се водат под старото место на живеење, а веќе се во Скопје со години.
Ја уопште не знам женски , а машки знам некои од муабети, а тројца лично.Ама сите тројца се на место.Другиве шо да ти кажам.. женет дилер на дрога, со две деца, со швалерка наше девојче, другиве исто млади, сите дилери, има легална работа за на папир.За еден баш прашував, нешто ми стапна на нерв братот и се понашаше, и ја да дознаам кој е шо е, и кога прашав другае Босанец шо работи, знаеш шо ми рече? ,,шиптарска посла” баш вака.Мочко од 26 години со колиште од 100,000 € , а тоа шо му е работа, годишно 5000€ дали му носи. За жал/среќа сум била у некои кругови, од кај шо знам дека цела дрога од нив влага.А и они се рокаат, иди у Привилиџ, Терминал, Станица, Грчец, Чаршија за викенд и ќе видиш.Се маваат на бело и после мислат Господ за муда го фатиле ( ефекти од дрогата де) а и онака се нафурани Плантажи со трава по Блаце, Кондово, Арачиново данок не знаат шо е итн..а некој ќе живее од кредити и социјална помош дали сме ние глупи и неснаодливи не знам шо е
До утре сабајле може да мрчите, факт е дека самата идеја за попишување на дијаспора од старт беше голема глупост, наменета нормално за да се добијат резултати какви што сакаа да се добијат. Инаку попис се знае како се прави во нормални држави, се попишува популацијата што е затекната НА ТЕРИТОРИЈА НА ДРЖАВАТА во дадениот момент. Овде кај што сум лани во март имаше попис, се попишав како Македонка. За македонскиот попис (што го откажаа после неколку дена) во април не се попишав онлајн. Во септември се погоди да сум во Македонија баш кога попишуваа, па се попишав. Онлајн немав намера да се попишувам. Немам ништо против попис, ама ова не беше попис, беше игра на која однапред и беше испланиран крајот.
Има некој што е зачуден од ова? Баш ме интересира дали овај податок некого го изненади. На сите анкети младите кажуваат дека се незадоволни. 70 проценти се изјаснуваат дека ако би им се пружило шанса ќе си идат. Заради скапотија тешко се одлучуваат на второ дете, се помалку и помалку можат да го издржат све ова што се дешава. Не, не е шокирачки овај податок. Ниту нов. Кажувано, апелирано, дискутирано милијарда пати. Во живо, на твитер, на форуми, анкети, сегде. Па сеа као изненадени сите. Јас што се движам меѓу медицински лица иам 10000 пати кажано дека многу доктори си идат и дека останати се стара гарда што ќе си иде и нови партиски напикани или по Рамковен абер што немаат. Епа сеа... Никој не е глуп кожата да му ја дерат кога у странство со таа струка можеш топ да живееш. Леле оти младите се исселувале, не знам еве.
Инаку, муабетот за дијаспората зошто не се попишала. Од едноставна причина. Најголем дел од Македонците се иселени во Северна Америка или Австралија. Тие доаѓаат еднаш во 10 години, а Албанците се 3 пати во годината. Албанската дијаспора има многу поголема конекција со Македонија, отколку македонската дијаспора.
Слична структура имаат скоро сите низ Европа, само тие ја надополнуваат со имигранти колку да се одржува пензискиот фонд кој е пред колапс. Во Германија секоја година недостасуваат околу 400.000 работници, затоа што пекинезерот и хаскито на Швабицата не работат по фабрики и не лечат луѓе. Затоа низ многу европски земји почна да се применува повисок данок за самците, затоа што секаде повеќе се вреднуваат тие со деца, отколку тие без деца. Со ваква старосна структура, освен Скопје и пар други градови, никој нема да планира да отвора бизниси, затоа што нема на кого да го продава. Чиста логика. Може да се проба со Руси или Украинци да се населуваат тука, но тоа многу тешко. Евентуално Индијци, Пакистанци, Африканци. Кога не сакаат Македонци да живеат во оваа држава има кој друга сака.
Не се попишале ама главни се на фб и по темите за име, знаме, корони, школа, сертификати за по нашите кафичи, Заев, итн. Смешки живи. Дал сте се попишале, дал сте се преселиле и на Марс менталитетот македонски не се менува. Тој е И по Германија и по Англија има градови со Македонци гледаме и ние од тука што е таму. Зурли, тупани, Македонско девојче китка шарена
Според пописот Македонците се 58%, 42% припаѓаат на малцинствата. Македонците имаат пад од речиси 6%. 2 општини станаа доминантно албански, а претходно биле македонски (Долнени и Чашка). Чаир има 2 пати повеќе трето родени деца од општина Аеродром.
Заминва некоја година со работна виза, се враќа тука и почнува да го крши јазикот на Њемачки или Енглески. Дее брее дее, полека малку
Чаир само 5.000 Македонци од некогашните 16.000. Очај. Бутел скоро дупло повеќе Албанци за 20 години, Гази Баба ја газат веќе со големо темпо. Македонците со катастрофална старосна пирамида, а малцинствата со многу младо население. Некому се смешни моите постови, но после овој попис ништо веќе нема да е исто. Кантонизација е неизбежна. Македонците губат моментум во централна Македонија. Чашка падна, а Велес се албанизира исто така со забрзано темпо. Во Источна Македонија, посебно деловите Струмица, Берово, Пехчево, Радовиш, забележителен е значаен пад на македонскат популација, а зголемување на турската и ромската. Бошњаците имаат пораст од 0.40 на 0.80%. Одличен резултат. Турците имаат благ пораст. Барем вака првично што гледам.
Не се согласувам и со тоа. Не гледам смисла некој да носи одлука за држава во која не живее со години и реално нема јасна слика за тоа каква е ситуацијата.
Знам дека сум офф топик, но веќе ако зборувате за пасоши и националност... Spoiler: Исечок од македонски пасош, Википедија Исечок од македонски пасош, Википедија Државјанство / Nationality Spoiler: Дигитален речник на македонскиот јазик Дигитален речник на македонскиот јазик националност, анг. nationality државјанство, анг. citizenship Сите знаеме дека ова се два различни поими, како и во македонскиот јазик, така и во било кој друг. Тогаш зошто на македонските пасоши се помешани? Дали според ова сите што имаме македонски пасоши сме државјани на Македонија, но и Македонци по националност?! Spoiler: Изјава од МВР: државјанство и националност - Јасна е правната дистинкција меѓу термините „државјанство“ и „националност“. Односно, согласно Европската конвенција за националности, но и според законот за државјанства на Република Македонија, којшто беше суштинска основа за промените на патните исправи, поимот „државјанство“ подразбира правна врска која се воспоставува помеѓу државата (Република Македонија) и поединецот. Додека, терминот „националност“ ја означува личната национална определба на припадност на секој граѓанин. – велат од МВР. https://kanal5.com.mk/mvr-postoi-jasna-distinkcija-megju-drzhavjanstvo-i-nacionalnost/a308826 Па според ова воопшто немало потреба од попис. Само нека пребројат колку пасоши се издадени... А и што воопшто го менувале ова во пасошите? Според мене подобро да си стоело името на државата. Ете пишува дека во Бугарија и Словенија е така, а сигурно и во други држави. Ова отвара нова дискусија мислам... А за дали дијаспората требало да се попише - не менува ништо, секој со свое право. Имаме бројка на резидентно население и тоа е важниот број. Самиот број ме чуди, очекував нешто повеќе од 2 милиони население. Тоа колку сме Македонци и не баш.
Ако Ромите се пишуваат како нешто друго, епа ако тие билдаат бројки на Албанци и Турци, тогаш Албанците и Турците не се толку реално. Македонците немаат подобри услови за живот од другите. И со кои пари се шмркало дрога, оофф мори мајко, од минималец ли, кој не стига ни за сметки? Во македонско семејство ако има 2 деца, ги чуваат родители, баби, дедовци, за да имаат колку толку нормален живот. И знам и Македонец православен, како мене, кој се изјаснил на попис како Албанец, и тој тоа не го крие, а нема потреба од привилегии.
Не се билдаат никакви бројки на Албанците. Толку се колку што се. Со голо око се гледа дека имаат многу повеќе деца од Македонците. Не сме сите далтонисти, јбг. Никогаш на избори не биле помалку од 22-23% од гласачите Албанци, а тоа е затоа што сеуште гласаат претежно постари лица. Кога ќе дојде ред да гласаат младите генерации албанските партии ќе одат и до 30-32% од гласовите. Во real политиката, секојдневниот живот Македонците се тие коишто се во дефанзива и повлекување, а тоа е се резултат на бројките. Да се попишуваа сите пекинезери, хаски, папагали што ги чуваат Македонците дома, тогаш можеби и 95% ќе испаднеа на пописот, но вака нека си се тешат со 58% резидентни и 54% со нерезидентни.
И ја дојдов за ова да искоментирам додека се караме кој се пишал бугар, кој албанец. Секоја година државата губи 5500 работоспособни лица, а добива 5000 нови пензионери. Државата умира. И никој нема план да направи нешто да ја спаси.
Различна боја се македонските деца, од албанските? Едните се црвени, другите зелени... претпоставувам