Дали ти имаш три, четири, пет деца? Ако не, оти? Ако да, со која плата ги гледаш и каква иднина гледаш за нив тука ако продолжи вака како што тргнало?
Не знам дали видовте дека и Aлбанците се за 63-4 000 помалце од тоа што биле на претходниот попис? Тоа е еден цел град како Тетово. И тогаш Албанците беа 25%, сега 24%. Значи бележат пад. Сите бележиме. Сите страдаме во државава и никој не гледа иднина овде, без разлика на етничка припадност. Ама за разлика од нашите што ги мрзело да се попишат, Албанците без разлика дали се иселиле пред 5 или пред 20 години, си се попишаа како не резиденти. Ете само тоа е разликата во бројките. А, тие и не се клучните бројки, туку клучни се овие што се резиденти. И додека овде прогласувате кантонизација, па соседите да не земале... Дали сте свесни како ќе ни е животот под Бугарија, Србија или било која земја? Да не мислите дека тие ќе вложуваат во тој регион што ќе си го присвојат, или ќе ни ги земаат и тие малку ресурси што ги имаме? Да било толку добро да си поробен, немало нашите дедовци да војуваат за независност. Ја имаме сега, каква - таква, подобра е од никаква. И пак ќе речам. Не знам зошто се делиме тука етнички кога и Албанците и Македонците сме во иста каша, со исти проблеми, и ист никаков живот. Егзодус ни се случува зошто нема овде живот за никого од нас. Бар за нас, обичните граѓани, не тие што се на функции и со матни бизниси... Ама не, Албанците дилале дрога и пара правеле. Оди кажи му го тоа на просечен Арбен од Тетовско кој се мачи како грешен ѓавол да го прехрани семејството.
А не е дека е така? Постариве се чесни луѓе.Ринтаат ко коњи, ко секој граѓанин.Помладиве од 35 нагоре, РЕТКО кој прво збори македонски ко шо треба за да работи негде, второ у средно иделе да се гаѓаат со столици, и да се брцаат, факултет е мисловна именка.И шо да работи бе? А неќат господата нешто како келнер, садомијач итн, испод част им е Да не зборам овде.На Косово е друга прича.Татко ми работи со млади дечки кои се МОЗОК.Значи мозок. Не знам како да ти објаснам.Овде не знае една проста реченица на македонски да каже, уше со мене да работи, боље дрога да дилаат, помирен ќе е народов.
А да имавте деца колку што пишувате дека треба да се има, вие што го потите со тоа, не 95 него 102 посто ќе испаднеа Македонците. Али јбг многу е полесно да се пишува дека треба да се имаат по 5-6 деца него да се има макар едно.
Пописот во 2001-ва беше смешен и нерелевантен. Не смее да се банализира. Албанците во Западна Македонија се забетонирани, сега борбата се префрла во скопскиот, кумановскиот и централниот дел на Македонија. Чаир го испразнија од Македонија, сега Бутел и Гази Баба се на ред. Арачиново, Студеничани, Сарај имаат страшен наталитет споредено со Аеродром, Карпош или Кисела Вода. Зелениково и Чучер Сандево се исто така дебело нагазени. Чашка е веќе доминантно албанска, Долнени исто така, Крушево веќе паѓа. Да не е доселувањето на Македонците во Скопје, тогаш албанизацијата ќе одеше со драстично побрзо темпо. Вака се прави некој баланс, но залудно е кога сите Македонци што се населуваат во Скопје се буткаат во 4 општини и тоа е. Еден вид гентрификација и гетоизација. Во Скопје не се само потентни Албанците, туку сите муслимани. Роми, Турци, Бошњаци. Од друга страна, Битола од некогашните 113.000 жители падна под 90.000, а многу интересен факт е дека Албанците во Битола паднале само за 100 души последните 20 години. Албанците во мешаните средини се многу потентни за разлика каде се убедливо мнозинство. И, покре иселувањето Албанците, до пред Корона кризата, имаа сооднос 2:1 (родени вс умрени). Корона кризата им ја зголеми смртноста, но од друга страна нема ниту една доминантна македонска општина каде има повеќе родени отколку умрени Македонци. Со Корона кризава заглавивме уште подлабоко. Многу општини стигнаа да имаат дупло повеќе умрени отколку родени. Се на се, пописот и резултатите од истите се катастрофа за Македонците на долги стази. Не се само Албанците, туку и Ромите. На долги стази нивниот број ќе расте драстично. Земи ги Струмица, Берово, Пехчево, Битола, Прилеп. Имаш масовна експанзија на ромска популација, само со нивните бројки максимално се манипулира и не се прикажува нивната реална слика. Една интересна работа на пописот, не знам дали беше фејк или меме, али видов дека имаше 300 папучари
https://www.facebook.com/108025428120835/photos/a.108996951357016/302003572056352/ наидов на една интересна анализа за темава.
Ок те сфаќам, ама Ромите каде се отидени? Во која графа се слеале? Во македонската сигурно не. Во друга графа ако се, тогаш немаме толку турско и албанско население во Македонија. Еве мене ми кажувале дека во Радовиш има Роми кои се кажуваат дека се Турци. Дали е вистина не знам, ама ми кажувале. За Охрид ми кажувале дека се изјаснувале како Албанци, и за Тетово се споменува истото. Бројкиве ништо со ништо не се поклопува.
Па изгледа само македонскиот народ нема “мајка и татко” . Нашите политичари морат да бидат политичари за сите а албанските само за албанци.
Не е народот крив што зема бугарски пасош и се бори да извади корка леб надвор од нашата држава. Незнам колку имаш познавање од таа област колку е „ вреден" нашиот пасош па да плукаш зошто некој вади бугарски.
Со тебе не зборам пошо си скарана со реалноста, нормално дека не знаеш, пошо е не знам, а не незнам. А ти ако не си го цениш своето, ќути си