1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посесивност

Дискусија во 'Психологија' започната од Princess.S, 20 февруари 2012.

  1. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Не најдов ваква тема, но ако има - клуч, канта и извинување од мене. :)

    Сакав да ве прашам, што мислите за посесивноста? Посесивни ли сте, или можеби познавате некој таков?

    Еве јас, можда некоја златна средина. Посесивност како психичко нарушување, не ми се свиѓа. Али онака, некој заштитнички да се однесува спрема мене, да ме чува итнитн, тоа да.

    Вие? :)
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Да, посесивна сум но не претерано. Сепак знам да го ценам и чувам тоа што го имам, заштитнички се однесувам кон него итн. Тоа што е мое си е мое, а станува лошо кога некој се обидува да ми го земе или на било кој друг начин да наштети. Но се во границите на нормалата, не сум опседната или не дај Боже болно посесивна.
     
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Што ја карактеризира претераната посесивност?

    Ако сте претерано посесивни, најчесто немате увид дека имате проблем. Тоа што чувствувате стравови, бес и сакате другите да ги контролирате, најчесто го објаснувате дека тоа е условено од однесувањето на некој друг, односно го проектирате на партнерот. Одбивате да сознаете дека ваквото ваше дисфункционално однесување зад кое се крие вашата несигурност, негативната слика за себе, стравот од отфрлање и повредување, како и срамот, не е проблем на вашиот партнер, туку е само ваш личен емотивен проблем. Како да препознаете дека имате проблем наречен патолошка посесивност? Најпрво, она што веќе е кажано - одбивате да се соочите со тоа дека имате проблем. Стравувате дека ќе бидете оставени, повредени, изневерени и тоа одбивате да си го признаете. Во вашата врска се чувствувате несигурни и исплашени и се обидувате тоа да го маскирате така што на партнерот му ја ограничувате слободата и му ја наметнувате сопствената волја. Од партнерот барате гаранции дека нема да ве остави или изневери, а притоа одбивате да сознаете дека ваквите ваши нереални барања се параван за вашите стравови. Кон партнерот манифестирате и контролирачко однесување - го проверувате или за него се распрашувате кај други лица. Ваквото однесување само го зголемува вашиот страв и сомневања. Имате проблем кој се однесува на вашите интерпретации. Истите однапред ги подготвувате, искривени се, лажни, погрешни. Се однесуваат на тоа дека партнерот ве изневерува, лаже или се обидува да ве остави. Можноста да бидете оставени или отфрлени за вас е доказ дека сте лоши, дека со вас нешто не е во ред, дека сте неуспешни, непривлечни и слично, што само дополнително го зајакнува вашиот страв, па за да не се соочите со ваквата проектирана слика за себе, вие наметнувате како партнерот треба да се однесува, како да функционира и живее, за да ја сведете можноста да ве остави на минимум.
    Терапија. Доколку се препознаете во овие наведени карактеристики на патолошката посесивност, побарајте стручна психолошка помош.

    текстот е превземен од весникот “Вест“
     
    На Lana del Rey и praski4e им се допаѓа ова.
  4. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Посесивна сум во УМЕРЕНИ количини.Се што е во границата на нормалата е убаво. ;)
     
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Јас сум посесивна, а не смеам да бидам ... многу лоша карактеристика ми е тоа :worried: ама што да правам едноставно така реагирам посесивно и љубоморно... две мнооогу лоши комбинации :worried:
     
  6. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Пред 5-6 години бев посесивна но веќе не,најверојатно со годините се изменив:))
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.742
    Допаѓања:
    32.092
    Пол:
    Женски
    Не сум посесивна. Не сум од оние кои што кога имаат нешто мислат дека тоа е само нивно.
     
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.226
    Посесивна сум, ама за одредени работи, не за се.
    Партнерот сакам само јас да го поседувам (нормално :makeup:), ама не болна посесивност, значи си имам граница.
    Незнам дали во посесивност спаѓа и моето врзување за предмети кои имаат сентиментално значење?!?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Знам дека тоа е полошо од опсесијата.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Посесивност-себичност или според мене несигурност во себе и своите квалитети.Луѓе сме секој во одредена мерка е посесивен кон луѓето кои ги сака и стварите,не му верувам на некој ако каже дека не е посесивен барем во одредени ситуации.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lana del Rey

    Lana del Rey Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Mislam deka licnost na mene bliska imaseriozen problem .. :doh:
     
  12. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Потполно се пронаоѓам.. Свесна сум дека не треба да се однесувам така и дека на овој начин само го оттурнувам дечко ми се' повеќе од мене, но многу е тешко да се контролира ова чувство. Секогаш кога е негде излезен без мене постојано мислам каде е, што прави и кој има таму каде што е. Дали гледа во други девојки, дали флертува со некоја, дали ме изневерува.. Дури и кога седи дома јас се плашам што гледа на телевизија можеби гледа еротски филм или разголени жени што ги има на сите програми :worried: Како се лекува ова? Ако продолжам вака или ќе го натерам да ми раскине или самата јас ќе полудам од непотребни грижи и нервози и сигурно нема да има добар крај. Ве молам за помош како да ја надминам мојата љубомора, па да можам слободно да живеам и уживам во љубовта. Имам многу ниска самодоверба и се обидов да ја подобрам со сите совети што ги прочитав, да вежбам, да се шминкам, да се дотерувам, но и покрај тоа јас не успеав да ја покачам својата самодоверба и да мислам дека сум најубава за мојот дечко затоа што знам дека тој сака големи гради а јас ги немам.. Не изгледам како што изгледа неговата идеална девојка и затоа се мачам себеси со ова. Освен тоа, бев изневерена од претходниот дечко и оттогаш почнав да бидам многу попретпазлива и станав неизмерно љубоморна. Ве молам за совет..
     
  13. Bambi123

    Bambi123 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    36
    Мој добронамерен совет да поработиш на себе, на твојот личен раст и развој. Не е ништо страшно, don't worry :) Но последниците од твоето однесување, како што кажа и самата ти(да не ти раскине дечко ти), можеш да ги спречиш и да имаш здрава нормална врска.

    Доколку би сакала може да ти предложам добар психолог-психотерапевт кои работат со состојби како твојата. :hug::hug::hug:
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.039
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам кратка.
    Има една изрека:
    Предметите ни се за поседување, а луѓето за сакање. Светот е во хаос затоа што предметите се сакаат а луѓето се поседуваат.
    Луѓето не се предмети и никако не ја оправдувам посесивноста.
     
    На ddevica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Посесивноста ме асоцира на реченицата, мој/а си и ќе бидеш само мој/а.
    Мислам дека причината заради која луѓето стануваат посесивни се секојдневните психички тортури што мора да ти трпат, или на работното место или заради незадоволството кое го чувствуаат заради социјалниот статус.
    Поради ваквите проблеми утеха наоѓаат во партнерот, кој/а ако не се однесува како што треба предизвикува љубомора, која подоцна преминува во посесисвност.
    Сум била љубоморна, но посесивна никогаш зошто сметам дека тоа е веќе крајна фаза на психичко пореметување кое бара соодветен третман и разговор со психијатар.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    42.884
    Пол:
    Женски
    Посесивна сум али не многу.
    Некогаш за одредени работи/лица можам да сум ептен посесивно настроена, а некогаш за истите уопште.
     
  17. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Колку и да не сакам да признаам, понекогаш сум посесивна, и тоа кога станува збор за саканата личност. Знам дека со сила не можеме да задржиме никого и ништо, но посесивноста ми се активира како еден вид заштитна реакција. Се трудам колку што е можно да се контролирам.
    Кога станува збор за предмети, не сум посесивна, баш напротив.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.