Кога се пости треба воздржување од мрсни храни од животинско потекло , најглавно да му е чиста душата на човек да се воздржува од лоши мисли работи и све што е лошо Онај што пости со храна а пцуе колне изневерува лажи кради и итн за џабе му е постењето со храна Господ гледа све А ние исто не треба да судиме треба да се гледаме себе си и нашиот пост На сите што постат им посакувам лесен пост
Во сабота и недела треба да се јаде масло, бидејќи согласно светите и свештени канони, строгиот пост во овие денови е забранет. Во недела поради Воскресението Христовото, а во сабота поради круната на создавањето. Дали некој ќе јаде риби, или нема да јаде во дните обележани во распоредот - тоа е небитно. Исто и дали ќе јаде масло во текот на седмицата. Христос на Крстот не висеше за дали ние ќе јадеме или нема да јадеме масло или риби. Постот е послушание спрема Црквата и треба да постоиме, но не смее да се заморувам со правила и распореди и следејќи ги нив да Го промаши е Христос! А зошто не се одгледувате на подобри примери? Оставете ги тие, што не чинат и огледајте се на оние кои чинат. Јас сум убеден, дека има многу подобри примери. Впрочем и ние што одиме в црква и постиме, сме само обични грешни луѓе, со маани и промашувања. Поради тоа, пред Причесната, кога попот ќе возгласи: ,,Светињата е за светите! ", ние одговараме:,, Еден е свет, Еден е Господ Иисус Христос во слава на Бога Отца! Амин!" Ниту јас сум безгрешен, ниту Вие сте безгрешна. Но и јас и Вие еднакво сме повикани да Го следиме Христос и во Него да се огледуваме.
И ај сега некој ако знае да објасни, како за денешниов празник некаде пишува строг пост, а некаде пишува пост на масло? Јас се водам спрема апликацијава Православен календар, пишува за денес пост на масло, а на некои исто така православни сајтови пишува без масло.
Отсекување на главата на свети Јован Крстител, Крстовден и Водокрст(Нејатка) во нашиот народ се пости без масло. Иако поради трудот за бдението (кое во Македонските цркви и не се служи) се разрешува масло, според некои богослужбени устави - типици. По потпаѓањето под османска власт Вселенската Патријаршија воочила дека овие денови се рамни на Велики Петок и поради тоа воспоставила строг пост. Руската Црква и останатите цркви кои не биле под Османска власт на пример не ја спровеле таа одлука. Сепак и ако сте постеле со масло и ако сте постеле без масло не е ништо страшно, но како припадници на македонскиот народ и како чувари на нашата македонска свештена традиција, на овие денови треба да постиме без масло. Ако не можеме без масло, жив Господ, и со масло да постиме не е страшно.