1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Bobak

    Bobak Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2025
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Кога се пости треба воздржување од мрсни храни од животинско потекло , најглавно да му е чиста душата на човек да се воздржува од лоши мисли работи и све што е лошо
    Онај што пости со храна а пцуе колне изневерува лажи кради и итн за џабе му е постењето со храна Господ гледа све
    А ние исто не треба да судиме треба да се гледаме себе си и нашиот пост
    На сите што постат им посакувам лесен пост
     
    На Elenpelen, Mr.Limonko и MiloMalo им се допаѓа ова.
  2. Angelllla

    Angelllla Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    И најчесто таквите се најрасположени да делат совети на другите како " треба да живеат ".
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.989
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Машки
    Во сабота и недела треба да се јаде масло, бидејќи согласно светите и свештени канони, строгиот пост во овие денови е забранет. Во недела поради Воскресението Христовото, а во сабота поради круната на создавањето.
    Дали некој ќе јаде риби, или нема да јаде во дните обележани во распоредот - тоа е небитно. Исто и дали ќе јаде масло во текот на седмицата.
    Христос на Крстот не висеше за дали ние ќе јадеме или нема да јадеме масло или риби. Постот е послушание спрема Црквата и треба да постоиме, но не смее да се заморувам со правила и распореди и следејќи ги нив да Го промаши е Христос!
    А зошто не се одгледувате на подобри примери? Оставете ги тие, што не чинат и огледајте се на оние кои чинат. Јас сум убеден, дека има многу подобри примери.
    Впрочем и ние што одиме в црква и постиме, сме само обични грешни луѓе, со маани и промашувања. Поради тоа, пред Причесната, кога попот ќе возгласи: ,,Светињата е за светите! ", ние одговараме:,, Еден е свет, Еден е Господ Иисус Христос во слава на Бога Отца! Амин!" Ниту јас сум безгрешен, ниту Вие сте безгрешна. Но и јас и Вие еднакво сме повикани да Го следиме Христос и во Него да се огледуваме.
     
    На MeowMeow и MiloMalo им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.502
    Допаѓања:
    85.320
    Пол:
    Женски
    И ај сега некој ако знае да објасни, како за денешниов празник некаде пишува строг пост, а некаде пишува пост на масло? Јас се водам спрема апликацијава Православен календар, пишува за денес пост на масло, а на некои исто така православни сајтови пишува без масло. :^)
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.989
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Машки
    Отсекување на главата на свети Јован Крстител, Крстовден и Водокрст(Нејатка) во нашиот народ се пости без масло. Иако поради трудот за бдението (кое во Македонските цркви и не се служи) се разрешува масло, според некои богослужбени устави - типици.
    По потпаѓањето под османска власт Вселенската Патријаршија воочила дека овие денови се рамни на Велики Петок и поради тоа воспоставила строг пост. Руската Црква и останатите цркви кои не биле под Османска власт на пример не ја спровеле таа одлука.
    Сепак и ако сте постеле со масло и ако сте постеле без масло не е ништо страшно, но како припадници на македонскиот народ и како чувари на нашата македонска свештена традиција, на овие денови треба да постиме без масло.
    Ако не можеме без масло, жив Господ, и со масло да постиме не е страшно.
     
    На Elenpelen и MiloMalo им се допаѓа ова.