Со смртта го оставаме ова наше дотраено тело, а душата секогаш иста - продолжува напред. Јас знам само за реинкарнација и никој друг не може да ме преубеди за нешто друго.
Луѓе јас искрено мислам дека не треба да размислуваме на таа тема,ние можеме да претпоставувавме колку што сакаме и да филозофираме колку што сакаме..сепак мое мислење едно од многуте претппоставки дека рајот и пеколот се кажани само колку луѓето да двојат што е добро а што е лошо,што треба да се прави а што не..Во секој случај тука сме да се покажеме колку добро можеме да направиме..и на крај можеби а можебои и не ќе си го добиеме заслуженото..Само знам дека има нешто мноооогууу поголемо од тоа што се дешава тукаа..Само еден знае што..Семоќниот ум-БОГ!
Во право си. Да не размислуваме сега, да уживаме, а кога ќе дојдиме на 70год. да се тресеме од став: Што понатака????? Најнормално прашање на секој човек е каде оди понатаму? Зошто сме овде? Што треба да правиме? И каде ќе одиме?
Исто како и претходната членка ќе се надоврзам на ова, во право е, не би требало да размислуваме многу за тоа, секако дека некогаш ќе се прашаме, ќе размислиме за тоа.Јас имам размислувано, малку така да профилозофирам, но и не и премногу, можеби има, а можеби и нема, никој не знае, најважно е како човек го живее животот, а после тоа и не е толку битно, зошто да се направи нешто колку што може и додека може, после веќе е доцна.Секако дека е многу чудно, интересно е што човекот пред да се роди, го немало, не постоел, па исто некако доаѓа и со смртта.
Не верувам во живот после смртта, било тоа задгробен свет, било реинкарнација. Eнергијата е таа која заминува, не она што е наречено душа. Чувствата, мислите и способностите на човекот умираат заедно со неговиот организам.
ја верувам дека после смртта ете има некое место каде што одат душите на лугето зашто верувам у бог и верувам дека после смртта постои задгробен зивот, али не размислувам мн мн за тоа,на секој е суден денот и коа ке одјде тој ден онда ке види што посе смртта
После смртта сме дел од универзумот исто како сега.... Според мене само енергијата е вечна... Живејте денес, а за потоа на форумот feminaafterdeath.mk ке коментираме
Еве интересен линк кон онлајн книгата „Секој умира самиот за себе - живеење и умирање за да се живее понатака„ која дава одговор на прашањата што навистина се случува после смртта како на пример зошто помислата за смрт многумина ја потиснуваат; за структурата на финоматеријалната душа; процесот на умирање и одвојување на душата од телото; опасност од тнр. контактирање со мртвите; сонот малиот брат на смртта; жртвите на насилство ги бараат виновниците за да им се одмаздат; запоседнатоста; вистинската задача на душата додека е во тело и тн и тн. Секое поглавие може да се кликне и отвора нова страна каде истото може да се чита. http://www.universelles-leben.org/c...e/gabrielina-pisma/gabrielino-pismo-br-5.html
Подобро тој ден да го поминеш трагајќи по задоволство и уживајќи во него, отколку да зборуваш напразно по форуми.
И мене идеата со пеколов ми се коси со христијанството Зашто господ е претставен како многу добар и дека ги чува сите од зло... Ама пак од друга страна каде ќе одат оние што краделе,се дрогирале,убивале?
Подобро тој ден да го поминеш трагајќи по задоволство и уживајќи во него, отколку да зборуваш напразно по форуми. [/quote] да секако узивам во тразенје на задоволство али во тоа сто мие халал а не во тоа сто ми е харам да го правам за кое ке платам на тој свет,а сите сто бараат узиванје на не дозволен нацин ке си го видат местото на тој свет кај им е .
да секако узивам во тразенје на задоволство али во тоа сто мие халал а не во тоа сто ми е харам да го правам за кое ке платам на тој свет,а сите сто бараат узиванје на не дозволен нацин ке си го видат местото на тој свет кај им е .[/quote] Не е уживање доколку е во рамките на некоја догма.
Не е уживање доколку е во рамките на некоја догма. [/quote] јас узивам во све сто Bог ми дозволил а тоа сто ми го забранил сто мозе да узива секој во забранетото,јас не узивам во такво несто. секој за себе
Пекол или Рај,незнам што може друго да не очекува, никој незнае ,наше е само да уживаме и да сме благодарни на сето она што ни го дал Господ
Даа постои задгробен живот,секој ќе си одговара за своите грешки,лошиот ќе си ја отслужи казната со пекол а добриот ќе ужива во рајот.....И одкога ќе ја отслужи секој својата казна,господ ќе го награди со рај но не да заборавиме од кога ќе ја отслужи казната но и таму во рајот господ ќе направи да не му биде удобно...Но заслугата со која од кога ќе ја отслужиме казната ќе отидеме во рајот е заслуга на Мухамед а.с кој за нас ке бара опрост за сите нас од Алах џ.ш.
И јас некако не можам да верувам во рај и пекол...не знам,сеуште не знам на што да верувам.Преокупирана сум од различни мислења.
Според библијата човекот после смртта оди во земја и станува земја ништо не се случува ништо не се менува спие и ништо не знае за себе се до судниот ден кога Бог ќе се симне и ќе ни суди...