И на крај кое шише метално ќе е добро за на училиште? Да се пиеше водата во градов ич немаше да се замарам со шишиња, нека пие од чешма со рака!
Кај нас наставничката инсистира на носење на шише, не дозволува пиење од рака како на времето иако водата се пие, најмногу поради хепатит.
Јас имав земав од office plus MUST 650 ден. Го изгуби, го украдоа, го снема, не знам што се случи. Подобро поефтина варијанта.
Мајки на јануарски дечиња како сте поминале со првачињата , адаптација .Ако некоја може да сподели.Фала
во мое време немаше апсолутно никогаш случка од таков тип. Имам 37 год тоа би дошло одприлика лред 30 год. Се облакавме како "пеачките од ххl" дали ќе е влузата/сукњата шиена или купена ич не беше битно. Се облакавме како шакира како аврил лавињ... Ама знаевме дека некој ако ни рече дека носи фармерки од 7000 ден е глуп јер за таа цена можеш многу работи да си приуштиш и да се облечеш во 4 различни комбинации и тоа не не допираше. Штета е што сега сите бараат нешто од 100 € ако видат некој да носи нешто од таа сума. Е кај мојве деца го нема тоа (фала му на Бога барем за засега. Ги учам и досега не побарале скапи работи)
јас нарачав ранец од тему за помалку од 500 ден. Исто имаше и други мајки кои нарачувале,малку поскапи ама и удобни. Не ми се дава 1000 ден за ранец кој ќе го носи 9 месеци. Големиот пред 2 години во првото полугодие смени и фрли 2 ранци. 3тиот го носи година ипол
А зошто да го носи само 9 месеци? Јас на син ми не му земам нов за второ одделение, апсолутно ништо не му е на ранецот, ќе си го носи пак.
Здраво,те паметам и јас порано од темите и не ми се верува дека нашите корона бебиња сега ќе бидат првачиња . Во однос на список сега нема ,даваат наставничките на првата родителска, најчесто првиот или вториот ден и тогаш ќе земеш се што треба,а сега ако сакаш нешто да си купиш можеш евентуално А4 тетратки без линии во тие мислам пишуваат најмногу во прво време, боички,фломастери прибор нешто такво. Ранец и јас планирам на габол или must од оффис плус. Исто,јас сметам дека нема потреба секоја година нов ранец да купувам. На големата и купивме во прво на тркалца на влечење и го носеше до трето додека беа во целодневна и доле,а после во 4 то кога ги преместија на горниот кат се пожали дека и тежок да го влече до горе по скали и побара таков за на грб и еве во седмо ќе си продолжи да го носи.
Ако твоите родители немале финансии за фармерки од 7000, а други да, не ги прави вториве глупи. Немам пари за ресорт од 3000 евра ноќ, или да рентам јахта на месец дена со приватен шеф. Но луѓето кои го прават тоа апсолутно не се глупи. Само се побогати од мене. Се надевам ке ги прошириш видиците малку и нема да вреѓаш луѓе кои имаат повеќе пари од тебе.
Друг беше муабетот, за порано. Така беше стварно, гледавме да имаме повеќе комбинации, за пари и во моето школо на никој не му беше гајле, можеби затоа што немавме гардероба како сегашните деца што имаат. И ако му кажуваш на детето колку плаќаш за нештата, да глуп си.