1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. ЕvД@

    ЕvД@ Нов член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2026
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    И на крај кое шише метално ќе е добро за на училиште?:wasntme:

    Да се пиеше водата во градов ич немаше да се замарам со шишиња(facepalm), нека пие од чешма со рака!
     
  2. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Кај нас наставничката инсистира на носење на шише, не дозволува пиење од рака како на времето иако водата се пие, најмногу поради хепатит.
     
    На dromka и ЕvД@ им се допаѓа ова.
  3. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Јас имав земав од office plus MUST 650 ден. Го изгуби, го украдоа, го снема, не знам што се случи. Подобро поефтина варијанта.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mekotel92

    mekotel92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2023
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    46
    Мајки на јануарски дечиња како сте поминале со првачињата , адаптација .Ако некоја може да сподели.Фала
     
  5. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    2.480
    Пол:
    Женски
    во мое време немаше апсолутно никогаш случка од таков тип. Имам 37 год тоа би дошло одприлика лред 30 год. Се облакавме како "пеачките од ххl" дали ќе е влузата/сукњата шиена или купена ич не беше битно. Се облакавме како шакира како аврил лавињ...

    Ама знаевме дека некој ако ни рече дека носи фармерки од 7000 ден е глуп јер за таа цена можеш многу работи да си приуштиш и да се облечеш во 4 различни комбинации и тоа не не допираше. Штета е што сега сите бараат нешто од 100 € ако видат некој да носи нешто од таа сума. Е кај мојве деца го нема тоа (фала му на Бога барем за засега. Ги учам и досега не побарале скапи работи)
     
    На Aledarkali и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    2.480
    Пол:
    Женски
    јас нарачав ранец од тему за помалку од 500 ден. Исто имаше и други мајки кои нарачувале,малку поскапи ама и удобни. Не ми се дава 1000 ден за ранец кој ќе го носи 9 месеци. Големиот пред 2 години во првото полугодие смени и фрли 2 ранци. 3тиот го носи година ипол
     
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    9.328
    Пол:
    Женски
    А зошто да го носи само 9 месеци? Јас на син ми не му земам нов за второ одделение, апсолутно ништо не му е на ранецот, ќе си го носи пак.
     
    На KuklickaSk, JoyJoy, Sofi.ja и 5 други им се допаѓа ова.
  8. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    17.335
    Здраво,те паметам и јас порано од темите и не ми се верува дека нашите корона бебиња сега ќе бидат првачиња :inlove:.
    Во однос на список сега нема ,даваат наставничките на првата родителска, најчесто првиот или вториот ден и тогаш ќе земеш се што треба,а сега ако сакаш нешто да си купиш можеш евентуално А4 тетратки без линии во тие мислам пишуваат најмногу во прво време, боички,фломастери прибор нешто такво.
    Ранец и јас планирам на габол или must од оффис плус.

    Исто,јас сметам дека нема потреба секоја година нов ранец да купувам.
    На големата и купивме во прво на тркалца на влечење и го носеше до трето додека беа во целодневна и доле,а после во 4 то кога ги преместија на горниот кат се пожали дека и тежок да го влече до горе по скали и побара таков за на грб и еве во седмо ќе си продолжи да го носи.
     
    На BeLLaDona23, JoyJoy и Cherry333 им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.210
    Допаѓања:
    19.178
    Пол:
    Женски
    Ако твоите родители немале финансии за фармерки од 7000, а други да, не ги прави вториве глупи.

    Немам пари за ресорт од 3000 евра ноќ, или да рентам јахта на месец дена со приватен шеф. Но луѓето кои го прават тоа апсолутно не се глупи. Само се побогати од мене.

    Се надевам ке ги прошириш видиците малку и нема да вреѓаш луѓе кои имаат повеќе пари од тебе.
     
    На JoyJoy, ni.na, Panda00 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Друг беше муабетот, за порано. Така беше стварно, гледавме да имаме повеќе комбинации, за пари и во моето школо на никој не му беше гајле, можеби затоа што немавме гардероба како сегашните деца што имаат.

    И ако му кажуваш на детето колку плаќаш за нештата, да глуп си.
     
    На JoyJoy, LadyD, Cherry333 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    2.480
    Пол:
    Женски
    и јас не сум за купивање на нов секоја година. Како што напоменав на големиот еден ранец го носи година ипол и коска е. 1400 го зедов во книжара ама наменет за планинарење бил, со поинаков материјал. Ама има убав изглед со повеќе прегради и стварно е издржлив. Сега ќе е 8мо и пак ќе го носи него. За малово може да се носи уште некое време ама прерамките му се излитени. Можда квалитетот таков. Инаку издржлив се покажа иако е од тему. Една пријателка за двете нарача од тему и двете ќе ги ги носат од септември.
    @MilaSs12 можеби не се изразив добро. Ама како што објасни таша во цитираниот коментар што е важно децата да знаат колку ти ќе платиш за фармерките? А и зошто да се 7000 ко за тие пари можеш да направиш барем 5 комбинации на облека. Секој за себе ама ...
     
    На JoyJoy и azelea им се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.541
    Допаѓања:
    49.852
    Пол:
    Женски
    И во наше време имаше брендови кои се носеа и коштаа пари ( Phard, Diesel и сл) не е дека нешто е сега ново тоа и и коштаа повеќе пари него обични фармеки купени од маалски продавници за 500 денари.
    И во наше време имаше класни поделби врз основа на облека, начин на живот и сл.
    Не биле глупи тие деца што носеле фармерки или мајца од тогашните брендови само затоа што можеле нивните да си дозволоат да им купуваат од таму.

    На тема цена, јас на ќерка ми и кажувам кога е нешто поскапо не за да се фали пред децата ами за да го чува повнимателно бидејки нема да и купам друго. Може не ја разбира бројката ама секогаш во продавница прашува пред да земе нешто што и се допога дали е ефтино или скапо па во зависност од цената дали може да и го купам.
    Во ред е да учат децата дека парите не се како на монопол игра и дека имаат реална вредност во животот.

    И на крајот на денот мораме да излеземе од тој мајнсет "во наше време", бидејки "во наше време" не постои веќе.
    Јас кога бев основно немаше мобилни телефони, немаше компјутери, немаше 100 бреднови за облека и обувки, не носевме шипиња за вода,го имавме само ГТЦ со Еко Шопинг и од таму сите пазаревме.

    Едноставно работите се сменети од тоа кога ние сме биле деца без разлика дали нам ни се допага тоа или не.
     
    На eli25, MilaSs12 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  13. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    9.832
    Пол:
    Женски
    Планирав да земам ранец со додаток да може да се стави и вади од подлога со тркалца (што се купува дополнително) ама ми кажаа дека не биле практични, какви се вашите искуства? Секако ние ќе ја носиме и земаме од школо па ранецот тежок нема она да го носи.
    Освен просветно дело и офис кај можам на друго место да гледам ранци?
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.210
    Допаѓања:
    19.178
    Пол:
    Женски
    Можеби доаѓаш од некое идеално место каде 365 дена цветаат рози и еднорози фрлаат магичен прав.

    И во мое време нечии родители биле директори, а на други биле хигиеничари.
    Ако не ти не си била свесна за тоа како живеат останатите, тоа не го менува фактот дека разлика секогаш имало и ке има.

    Му кажувам на моето дете дека светот функционира преку парите.
    И му давам до знаење дека тоа што ги има тие удобности што ги има е затоа што јас и татко му работиме и се трудиме.
    Пари за храна, сметки, гориво, облека, одмори и се останато не паѓаат од небо.
    Се што имаш треба да цениш, па и парите.

    Повторно не си ја разбрала суштината на нештата.

    Значи постојат луѓе на кои фармерки од 7000 не им се проблем. Истите тие пак имат пари за 10 комбинации.

    Пластично кажано: ако ти со твојата плата од 1000 евра не можеш да си дозволиш фармерки од 120 евра, таму некаде постојат луѓе кои имаат плата од 4000 и тие фармерки им се како ти да купиш од 20 евра.

    Исто како да кажеш некому што вози кола од 20.000 евра дека со тие пари може да купи 4 од по 5000.
    Може, ама зошто ако има пари за првава?
     
    На Panda00, Adidas888, Aleks.mar и 2 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.406
    Допаѓања:
    39.144
    Пол:
    Женски
    Не знам како можете да нормализирате простаци кои се фалат со цената на тоа што го носат? :^)
    Јасно е дека немаат сите еднакви можности, ама фалењето е простотилук :puke:
    Децата треба да се учат за поимот пари ( ќерка ми уште од прво одд. има неделен буџет) ама не треба да ги проценуваат другите врз основа на тоа колку им се скапи патиките или ранецот? |(
     
    Последна измена: 27 јули 2026
    На Трагедијаупмм, KuklickaSk, Camille84 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.578
    Допаѓања:
    43.460
    Пол:
    Женски
    А што ако некое дете носи фармерки од 700 денари, а не 700 евра? Вашите принцеви од високо ли ќе го гледаат, на тоа ли ги учите вашите деца? Дете од 7,8,9,10 години од кај ќе знае дали нешто кошта 700евра или денари ако вие дома не му кажете. Браво за вас ако ги учите децата да гледат низ призма на парите
     
    На Трагедијаупмм, Ano, Aledarkali и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Не е мајндсетот ʼнаше времеʼ туку се направи една споредба, мислам можеме да се потсетиме како беше порано нели?
    Точно е дека времињата се сменија ама принципите ако си ги имал, ќе ги имаш и сега во ʼново времеʼ.

    @MilaSs12 Те приметувам со форите популарни од така поодамна затоа нема да продолжам да ти реплицирам, се гледа кај сакаш да го однесеш муабетот.

    Инаку, многу луѓе работат ако не си знаела.

    Приметив уште во првото мислење како го учиш син ти и многу ми е мило што сум меѓу ретките порасната во свет на еднорози, штета што не знаеш како е, па истото на син ти да му го пренесеш.

    И да, повеќето другари ми беа деца на професори, доктори, директори, јас дете на приватњаци и никогаш не сум осетила помалку вредна, помеѓу розите нели (facepalm)
     
    На An-na, Sofi.ja, Camille84 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.210
    Допаѓања:
    19.178
    Пол:
    Женски
    Ииии повторно не си ја разбрала поентата.

    Жал ми е што во недостиг на аргументи кажуваш зс некого дека е ГЛУП.
    Тоа многу кажува за тебе, и за тоа како ти го учиш своето дете.

    Детето кое се фали за цената на фармерките можеби не е воспитано најдобро; но, ни твоето дете кога ке каже - ГЛУП/А си што се фалиш.
     
  19. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Мојата ќерка е сега прваче, во мое време никој не гледаше дали си облечен во скапа облека и дали носиш марка патики или ранец, но за жал во денешно време тоа е битно, јас не ја учам така ќерка ми да гледат на тие работи, ама знам дека кога ќе почне на училиште сама ќе бара скапи работи ќе ги гледа другите деца, еве гледам по золва ми марка да биле патиките за училиште само такви купуваше и баш нас ни викаше ајде ке видите ко ке ви почне на училиште дали ќе купувате марка или не, времињата се сменија ништо не е исто
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    2.480
    Пол:
    Женски
    во право си. Навистина е така.

    Муабетот ми беше зошто детето да знае дека му се фармерките 7000 ден? Јас ќе се сложам со коментарите на @An-na и @forumce кои се под твојот коментар.
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.