Како се адаптираа вашите во прво одделение.Син ми се погоди во клас без никој познат.До 20 години некако тешко стварав другарства, се плашам дека тој некој страв и таа борба за свое место да не му го пренесам. На кој начин полесно да се адаптира, да им пристапи да не се зближи само со едно па кога ќе го отфрли да биде повреден.
Ме интересира за следново. Дали вие купувате фиокари, принтери и други работи за во школо што според мене ако имаат потреба нели треба општината да си ги обезбеди овие работи а не ние родителите ? Исто ме интересира дали има потреба и за телевизор ?
Треба општината да си ги обезбеди. Кај нас наставничките имаат принтер од претходната генерација, ние само топови хартија купуваме Исто купуваме тоалетна хартија, брисачи, влажни и сапун. Битно градоначалникот се изнаслика со првачињата дека им обезбедил униформи. И тоа им подели на првите 5-6 деца за слика, останатите ги добивме неколку дена покасно. Телевизор според мене нема потреба, кај нас за клима се шушкаше да купиме ама не помина идејата кај мнозинството.
За работи за хигиена што ги наброја да не зборам ние ги купуваме секако. Него ова ме интересираше . Кога прашаа како се принатло претходно ни кажаа минатата генерација си имала и сега си го зеле кај нив во училница.
Како ги ослободувате од школо децата? Мораме да одиме надвор од Мк на еден ден од здравствени причини ама за другото дете, само што мора да одиме сите комплет зашто немам на кој да ги оставам. Што да им кажам на наставничките? Многу ми е непријатно.
Ќе си ја кажеш вистината родител има право до 5 дена во годината да оправда отсуство,без медицинска белешка.
Ќе си кажеш како што е. Ние неколку пати од оваа причина го ослободуваме. Немаме на кој да го оставиме и оди со нас. Е сега каква ти е и наставничката зависи. Ако е разбрана, ќе сфати ако не ќе приговара па што, па како...