1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    8.403
    Како се адаптираа вашите во прво одделение.Син ми се погоди во клас без никој познат.До 20 години некако тешко стварав другарства, се плашам дека тој некој страв и таа борба за свое место да не му го пренесам. На кој начин полесно да се адаптира, да им пристапи да не се зближи само со едно па кога ќе го отфрли да биде повреден.
     
  2. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    4.646
    Пол:
    Женски
    Ме интересира за следново. Дали вие купувате фиокари, принтери и други работи за во школо што според мене ако имаат потреба нели треба општината да си ги обезбеди овие работи а не ние родителите ?
    Исто ме интересира дали има потреба и за телевизор ?
     
  3. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Треба општината да си ги обезбеди. Кај нас наставничките имаат принтер од претходната генерација, ние само топови хартија купуваме :drunk: Исто купуваме тоалетна хартија, брисачи, влажни и сапун. Битно градоначалникот се изнаслика со првачињата дека им обезбедил униформи. И тоа им подели на првите 5-6 деца за слика, останатите ги добивме неколку дена покасно. Телевизор според мене нема потреба, кај нас за клима се шушкаше да купиме ама не помина идејата кај мнозинството.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    4.646
    Пол:
    Женски
    За работи за хигиена што ги наброја да не зборам ние ги купуваме секако. Него ова ме интересираше . Кога прашаа како се принатло претходно ни кажаа минатата генерација си имала и сега си го зеле кај нив во училница:D.​
     
    На Tasha masha и JoyJoy им се допаѓа ова.
  5. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Како ги ослободувате од школо децата? Мораме да одиме надвор од Мк на еден ден од здравствени причини ама за другото дете, само што мора да одиме сите комплет зашто немам на кој да ги оставам. Што да им кажам на наставничките? Многу ми е непријатно.
     
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.582
    Допаѓања:
    19.017
    Ќе си ја кажеш вистината :) родител има право до 5 дена во годината да оправда отсуство,без медицинска белешка.
     
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.914
    Допаѓања:
    16.459
    Пол:
    Женски
    Ќе си кажеш како што е. Ние неколку пати од оваа причина го ослободуваме. Немаме на кој да го оставиме и оди со нас. Е сега каква ти е и наставничката зависи. Ако е разбрана, ќе сфати ако не ќе приговара па што, па како...