Поглупав наслов на серија не сум видела. ПРЕСПАВ бе. Си преспал и што сега? Да не сакаш мотор да ти купам што си преспал? Исто и операцијава дијамант на Сител. Ми доаѓа одвнатре да му дијамантосам една на тој што му текна да сними такво нешто.
Мене баш ми се допаѓа името ПреспаВ, колку разбрав дејството е сместено во Преспа па ова името на пансионот двосмислено му доаѓа (бар така ја го разбрав). И не дека нешто многу го обожавам, ама Преспав е 2 класи погоре од Дијамантот или како и да се вика...
Мене искрено серијава ми се допаѓа,нешто со наши луѓе конечно..Ја гледам и сега за сега од мене има 6.8/10
Владо Јованосвски дека го избркаа од серијава, сега прочитав Игор Џамбазов ќе бил на негово место Ако е вистина, ај може ќе тргне на уште подобро. На почеток беа онака просечно, ама искрено после се подобрија. Конечно нешто поквалитетно и од нас да излезе.
Колку и да не се согласувам со политичките ставови на Владо, факт е дека одлично ја играше улогата на конзервативен човек (може дека и приватно е таков) и затоа сум апсолутно против неговата улога да се даде на Џамбазов
Почна новата сезона. Ја фатив малку епизодата, и од тоа што гледав забележав дека Џамбазов убаво си се вклопи во улогата на Миле. Првично требало нему да му се даде улогата. Може насловот да се смени, зашто серијата префрлена е на 24 вести, а не на телма.
Премногу доцна ви одговарам, но на јутуб ги има епизодите. Мене искрено ми се допаѓа серијата. Хумористичен, но реален приказ на денешново наше општество. Само не им чини тоа што во новата сезона вметнаа фејк смеење
Ја загледав серијава и ептен ми се допадна, конечно нешто интересно од нас. Но, на youtube од првата сезона има само 4 епизоди, дали знаете каде може да се изгледаат и другите?
Последна епизода беше вечерва, се надевам ќе прават и трета сезона Навистина зачудувачки беа одлични цела сезона...Се познава квалитетна серија. Ќе ми недостигаат
Не ме привлече од почеток серијава, сега чат-пат ја фаќам на ТВ и... што знам, сите ликови се со пренагласени карактеристики и целиот хумор ми е некако исфорсиран. Сега во епизодава ги фатив малце двајцава гејови, ептен стереотипно прикажани и се очекува во 2018 да се згазиш од смеење на тоа... Исто и Јелена е премногу, ама прееемногу лигава Да не испаднам мрчатор, онака ми е океј само за пополнување време и малце опуштање, ама не сум баш нешто многу импресионирана...