Прости ми (Beni Affet)

Discussion in 'Серии и емисии' started by nata38, Oct 5, 2015.

  1. nata38

    nata38 Активен член

    Joined:
    Oct 4, 2015
    Messages:
    71
    Likes Received:
    35
    Gender:
    Female
    Откако ќе се пресели во Анкара од своето родно место, Осман Козан, станува еден од најбогатите бизнисмени и еден од најугледните граѓани на главниот град на Турција. Тој е човек со сурова природа, цврста дисциплина... Сите одлуки во неговото семејство се донесуваат преку него. Но, додека е тој еден од најуспешните во бизнисот, за семејството е само страдање и несреќи...
    Најстарата ќерка во семејството на Осман, Јилдиз, е мажена за Ферман, од едно семејство од источна Анадолија. Тоа е договорен брак во интерес на бизнисот меѓу Осман и неговиот партнер, агата на семејството Ферман. Ферман ја почитува својата сопруга, но во моментот кога ќе се открие дека Јилдиз не може да му роди деца, Султана, мајката на Ферман, ќе и го претвори животот во пекол. Султана трга во потрага да му најде втора жена на Ферман...
    Џунјет, постариот син на Осман е столбот не семејството Козан. Веднаш после дипломирањето тој ќе преземе дел од раководењето на семејната компанија. Неговата блага природа ќе ги покрива штетите што на работењето на на угледот на семејството ги нанесува суровиот татко. Тој е во врска со една девојка која има трауматично минато, но во неговиот живот ќе влезе Фериде, подалечна роднина на неговата мајка..
    Ејлул е ќерка на надзорникот во компанијата на Осман. Нејзиниот татко ќе биде убиен од Осман Козан. Тогаш Ејлул имала 5 години, а нејзината сестра две. Двете сестрички ќе бидат однесени во сиропиталиште и наскоро ќе бидат разделени. Откако ќе стане полнолетна, Ејлул има само две цели во животот: Да ја најде својата помала сестра и да го убие Осман.
    Осман Козан има уште еден смртен непријател. Тоа е неговиот внук Тунџ. Судбината ќе ги спои патиштата и двете желби, на Ејлул и на Тунџ. Тие двајца ќе почнат да го подготвуваат нивниот пеколен план – да му се одмаздат на Осман Козан. Прва на удар ќе биде Фериде, љубовта на Џунјет, синот на Осман. Ејлул ќе влезе во животот на Џунјет и Фериде и ќе почне да ја разорува нивната љубов...
    Џунјет открива дел од тајните на Ејлул и неговата љубов кон неа е сериозно разнишана. Тој и се враќа на Фериде...
    Мехмет Кемал е најнезависниот член на семејството Козан. Тој секогаш му се сптотивставува на својот татко, Осман Козан. Мехмет ќе се врати од студиите во Европа и дома ќе го дочека подготвен брак со Хандан. Таа е од богато семејство со кое семејството Козан ги врзува долгогодишно пријателство. Мехмет ја познава Хандан уште од детските денови. Тој дури и нема ништо против да се ожени со неа, но тогаш ја сретнува Бахар...
    Синовите и ќерките на Осман Козан сакаат сопствен живот, а не живот во сенката на нивниот моќен татко. Еден ден Осман ќе сфати, на еден многу тажен начин дека неговите деца се во право...
     
    Last edited: Oct 5, 2015
  2. nata38

    nata38 Активен член

    Joined:
    Oct 4, 2015
    Messages:
    71
    Likes Received:
    35
    Gender:
    Female
  3. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Joined:
    Dec 26, 2011
    Messages:
    1,090
    Likes Received:
    754
    Gender:
    Female
    Јас ја гледам на алсат
     
  4. Polsko

    Polsko Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2012
    Messages:
    937
    Likes Received:
    573
    Gender:
    Female
    Серијава има премногу епизоди
     
  5. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Joined:
    Feb 9, 2015
    Messages:
    3,421
    Likes Received:
    26,046
    Gender:
    Female
    На интернет каде ја гледате серијата , јас на Алфа ја гледам чат пат.На алсат сигурно е понапред а и не разбирам таму.Сакам да видам како ке реагира Ејлу кога ке дознае дека Фериде е сестрата која ја бара толку години а и нанесе толку болка и ја мрази најмногу на свет.
     
  6. marija.980

    marija.980 Истакнат член

    Joined:
    Jul 10, 2014
    Messages:
    197
    Likes Received:
    663
    Gender:
    Female
    ^ и jас тоа сакам да го дознаам :)
     
    Winter Lady likes this.