1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Психолошки последици од употреба на наркотични средства: искуства и решенија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Zagrizhena, 16 декември 2017.

  1. Zagrizhena

    Zagrizhena Нов член

    Се зачлени на:
    15 декември 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки,


    Претпоставувам дека на повеќето им изгледа сомнително тоа што нов профил отвара една ваква тема, но се надевам дека ќе ја разберете потребата од апсолутна дискреција. Се плашам дека мојата намера би можела да биде осознаена, што сметам дека ќе влијае негативно на секој можен позитивен исход.


    Се работи за следново... Веќе некое време познавам личност која е корисник на наркотични средства. Никогаш немав особен увид во целата ситуација – не комуницираме којзнае колку - а веројатно и мене ми беше полесно да верувам дека сето тоа се младешки експерименти, дека не станува збор за ништо страшно итн...


    Од скоро време дознав дека таа личност претрпела прилично сериозни промени во нејзиното ментално здравје, за кое стравувам дека веќе никогаш нема да се поврати. Неколкуте куси контакти кои по подолго време ги имав со неа ми укажуваат на тоа дека таа страда од параноја, поточно, дека има впечаток дека различни групи на луѓе се обидуваат, на еден или на друг начин, да ѝ наштетат.


    Проблемот, кој ми се чини уште веднаш го увидов, е дека е невозможно таквата личност да се убеди дека е болна, и да се упати кај соодветно медицинско лице. Секој обид за такво нешто од страна на околината е дочекуван со: “аха, и ти си дел од нив!” Сфаќајќи го тоа на самиот почеток, јас не се ни обидов да регаирам на тој начин, за да не ја загубам нејзината и така кревка доверба.


    Патем кажано, таа веќе оди (или одела) на психијатар, за кого го мисли токму тоа, што ме наведува да мислам дека или не ја зема терапијата, или и дијагнозата и терапијата се промашени.


    Сега, согласно на сето ова, ми се поставува прашањето: како може да ѝ се помогне на таква личност? Нејзината состојба ми се чини како еден маѓепсан круг од кој нема излегување...


    Би ви била исклучително благодарна за било каков совет – од лично искуство или не – со нешто слично. Ветувам дека нема никого да судам, само се обидувам да помогнам.