@KiT Во меѓувреме додека правиш пресметки колку ти требат на почеток штеди колку што можиш повеќе и барај помал стан, опремен. На почеток нека е помал после ќе се снајдите. Само гледај кога ќе се покрене постапката за развод станот да ти е најден, бидејќи социјално прашува дали децата има каде да се сместат со старателот.Да не дојдиш во ситуација да нема каде, бидејќи пиша дека не си во контакт со твоите. Искрено ти посакувам што побрзо да си најдиш мир, со твоите дечиња. И среќни празници. И остај што му кажуваат баби дедовци и тетки,ич да не се секираш за тоа. Ти ќе разговараш со нив како мајка,веќе се доволно големи да ги разберат работите и да резимираат кој е побитен дали ти или други..
Како да штедам, кога се јас купувам по дома, од храна до еве сега новогодишна елка, украси. Се за во домот, хигиена, потребите на децата.
А што се случува кога ќе се потрошат твоите пари а треба нешто за дома? Што би се случило ако место 600 евра, трошиш само 500?
А каде се шетањата, сега зимските, летоска на море? Ако платам ќе иде, а за децава морам, за тие да прошетаат.
Сега, сакаш да се разведе или нејќеш? Мислам сама се саботираш. Не знам со какви проблеми живееш, ние читаме што е напишано и даваме совет што би направиле ние. Значи ако сакам да се разведам а буџетот е лимитиран, влегувам во друг модел на функционирање, никакви шетања, зимски и летни не се на репертоар.
Епа ме праша што ќе биде ако трошам помалку. Сакаш да кажеш да не мрдаме со децава од дома и да не купувам ништо, за да заштедам? А, и за тоа треба време
Шетања или развод а? Нека се трпи ке глумиме по интернет среќен МРАК, ама зимувања и мориња ке има цццц, луѓе деф вредностите на сопствениот живот ви се отидени во неповрат.Абе ќе живеам у шупа буквално, ама нема да бидам со човек кој сум дошол на раб на развод.Или па си бараш занимација за дискусија, не гледам друга да ти е работава. Ништо лично кон тебе, ова е пишано општо за сите кој барем еднаш размислиле на развод.
Децата ке разберат дека не е време ни за мориња ни зимувања, затоа што они гледаат, разбираат, чувствуват.Подобро убав развод, него лош брак, штом дојде момент до размислување за развод, ке се случи ние сакале или не.
Моите деца немаат пасоши последниве 3-4 години и не се отидени на море. Не од што не сакам и од што не можам финансиски да им го дозволам тоа, туку од безбедносни причини, да не се злоупотреби тоа повторно. Јас од две зла, решив да го одберам помалото додека не се осигурам дека нема да има опасност пак.
Најлесно е од страна да се паметува брат, да не си во кожата на некој што се разведува, посебно во вукојебинава.Моја блиска личност годинава конечно се разведе, но патот што го изоде беше многу тежок, да не набројувам што се истрпе, затоа не ги осудувај луѓето.
Од каде знаеш дека не сум се развел?и каде осудив? Зимување и летување по битни од лош и ужасен брак? Немој жити се
Aко сакаш да се разведеш ќе мораш да се научиш на минималец. Како во поглед храна и стан, така и во поглед шетање и декор. Елка и украси не се приоритет, си можела и со ланските, па и без нив ако знаеш дека сакаш да заминеш. Шетање па ич, ќе му плаќам на некој морж да лежи на плажа, сигурно, секоја агенција има понуди со бус. Имаш еднособни станчиња и за поефтини пари, со една спална, децата во детеска, ти во дневна. За храна ќе ги научиш на почеток дека е ок да се јаде леќа и два пати неделно, дека не е срамота и тост од дома за ужинка, нема да одите може година две на одмор, ќе сведете на минимум и ќе издржите.
@KiT Јас те разбирам и тебе, не сакаш децата да почувствуваат дека нешто им фали, и пробуваш како и секоја мајка, да задоволиш се. Ама, нема летовања и зимовања, кога не можеш да си дозволиш, твоите се големи и баш можеш да им објаниш некои работи, ќе те разберат секако, децата разбираат и гледаат што се случува, верувај, знаат и чувствуваат! Нема да плаќаш само ти, ќе си се придружи и тој, каде е тој за плаќање на сите овие трошоци околу децата? И уште да му плаќам на него??? Дека не возел??? Абе со автобус ќе одам 15 саати, ама него одмор не му плаќам! Што не ти плати тој тебе? И без тие одмори, децата пак ќе знаат кој ги сака, верувај! За почеток ако не те поддржуваат твоите, оди под кирија во близина нивна, макар и во две соби, иако е многу тешко кога децата се навикнати на една средина, сега да ги оттргнуваш, ама верувај ќе сфатат со тек на време. Спогодбен развод не сака? Така е многу полесно, а и помали трошоци се. Плус имот за делење немате, и тоа со реновирањето е комплицирана ситуација, ама важно е ти се од тоа да наведеш како било. Разводот сам по себе е многу тешка опција за сите страни, посебно ако има и деца во бракот, некогаш некои несогласувања децата не ги гледаат, па за нив мама и тато се секогаш тука, и ќе се смират итн... Ако некој бил лош сопруг, не значо дека е и лош татко, и не треба никогаш тоа право да го ускратуваме, ама е сосема ненормално децата да ги разделуваш од мајката, да манипулираш со нив, и да им кажуваш како е таа лошата, па уште и луда да ја правиш. Долга и комплексна тема е сето ова, и од свое лично искуство, како емпатична и емотивна личност, многу тешко паѓа кога детето ќе почне да го бара татко му, а ти не знаеш како да му кажеш и објасниш, зошто во неговите очи стојат мама и тато заедно. Ама уште потешко е децата да гледаат и трпат последици од лош брак и лош однос на родителите. Верувам дека секој постапува најправилно, што знае и умее како родител.
Леснотијата со која зборуваше за темава ме асоцираше дека не си поминал низ развод, ако си, тогаш ти се извинувам.Јас и ти не можеме да се ставиме во очите на мајка со две дечиња, затоа не би продолжил со дискусијава.
Не сака спогодбен. Вели поднеси за развод и ќе си ги сносиш последиците! Не мислиш на децата, ќе ги влечкаш под кирија и слични глупости.
Јас не пишувам нешто што не сум доживеал, иживеал, искусил, затоа што ке немаат поента мојте зборови нели логично.Нема потреба од извинување, сепак само дискутираме и даваме совети што мислиме дека се океј.Се согласувам за тоа дека Мајка е Мајка,и дека неможе реално да споредуваме со Татковство.
Манипулатор, не сака да се разведе, а ти виси на глава како демек не размислуваш ти како мајка, и сакаш под кирија да ги влечкаш децата, класичен манипулатор. И тој не сака да се разведе од тебе, мисли дека немаш храброст сама да се сносиш со сите последици. Ама треба да му докажеш дека можеш се како жена, и за себе и за своите деца. Не останувај во токсична средина, за се има решение.
Не го слушај него. Сака да те предомисли, па те манипулира. А, ако сакаш развод, ќе мора и да штедиш. Ништо нема да им биде на децата ако година или две нема да одат на одмор надвор. И да ти се лутат дур се мали, кога ќе пораснат ќе ти благодарат што си жртвувала нешто за да не им се скрати друго (ко облека или храна). Башка твојов понатаму може да ги искористи одморите како аргумент дека ги оддалечуваш децата од него. За нив е полошо да се во токсична средина со несложни и несреќни родители. Па, ти бирај што ти е побитно.