Да не си дете од дисфункционално семејство, да не дознаеш никогаш како им е. Како дете на родители кои се караа нон стоп, татко пијан постојано, мајка без карактер, многу е тешко. Ги жалам децата што мора да живеат во такво семејство, најскрено.
Најлошо е што заради децата остануваат, а реално децата повеќе би сакале мирен живот со еден родител отколку лош со двајцата
Океј, сеа размисли вака: скраја да е утре да те снема (да си жива и здрава сто години), што ќе биде со твоите деца? Им создаваш на децата само илузија што повеќе ќе ги шокира ако одеднаш се скрши, ако тебе те снема. Не викам да отидеш да им кажеш, татко ви не ве сака, од утре поинаку ќе живееме. Но мисли на долгорочно. Не му посветувај никакво внимание на татко им, од тоа што го кажуваш добиваж впечаток дека ниту има љубов ниту почит кон вас. А ти го носиш на одмор?? За да ја задржиш илузијата. Децата со тек на време (сигурно и веќе се свесни) знаат кој се грижи за нив, кој е присутен, кој прави сè за нив. Со тек на време како ќе растат едноставно ќе мораат да го прифатат фактот дека татко им не се грижи за нив, нити се криви нити можат да го променат тоа. Ама ти можеш да продолжиш да правиш сè за нив, тоа што ти е во моментална можност. И тоа ќе мора да го прифатат, немаат избор. И ќе пораснат, ќе созреат, ќе почнат и они да заработуваат и да тераат живот. Е тек тогаш ќе знаат кој секогаш бил тука за нив. Ако сфатив добро, моментално не даваш за кирија и сметки, а во иднина би, кога ќе се преселиш. Не можеш уште сега да ги тргаш тир пари? Или барем ете тое за кирија што би ги давала, тргај ги, штеди. Ако работиш само прва смена, собери го децата од школо, одете ручајте некаде секој втор ден, макар тоа да е и тост. Секој втор зготви некоја манџа да поминеш поефтино, помалце да си во загуба што би јадел и он. За одмор не би ни помислила, искрено подобро е реална да бидеш и да прифатиш дека сега е така како што е.
Не уживаат децата. Таква приказна сакаш да си раскажуваш сама на себе да го оправдаш останувањето. Сега трошиш повеќе зашто и него го храниш. Нема да трошиш толку кога ќе немаш уште една уста за хранење. Рачунај и на тоа.
@KiT и јас се согласувам дека прво мора да расчистиш сама со себе дали сакаш да се разведеш. Ако нема простор и желба за бракот да се управи со семејна терапија мислам дека не ти останува друго решение. Откако ќе се решиш се ќе е полесно. Where is a will there is a way. И стварно е така. Ако не ти стигаат финансиите ќе бараш подобро платена работа или уште една работа пример за викендот ќе правиш за пари кифли,торти, ќе чистиш по куќи,ќе украсуваш за детски родендени( не знам каков талент имаш). Зборот ми е ќе најдеш начин. Децата можат да се сами дома викендот неколку часа големи се. На крај ќе имаш помалку пари ама ќе бидеш посреќна, ќе имаш мир. Распрашај се за ќирија во градот па и во селата во околината на градот, за храна почни да избираш поекономични јадења, за децата можеш да дополнуваш облека и некои работи од втора рака. Направи ја математиката колку минимално ќе ти требаат пари за нормален живот. Нема да биде лесно ама е изводливо. Децата ја гледаат ситуацијата и останувањето во таков брак не само што нема да им биде од корист туку ќе направи и штета во иднина. Ќе им влијае на начинот на кој ќе ги бираат партнерите и колку ќе "трпат" во животот. И за 10тина години они ќе се осамостојат, а ти ќе треба да останеш во тој човек сама. Еден е животот Кит.
Споделено старателство како што им одговара на децата најмногу. Идеално 2 недели кај тебе, 2 кај него, двете заедно, ама вие си знаете како функционирате, кој со кого е поприврзан. Глупо е бескрајно да бираат деца меѓу мајка и татко, и да останат без едниот, оти возрасните не можат да се договорат. А дека 5 дена одмор или колку, им се доволно на деца да се радуваат и уживаат- мало сутра. Нит се мали нити глупи, очигледно нив им е јасно колку е саатот. Јас лично, да сум скарана со маж оти ме изнервирал дента, не би тргнала на одмор со него, (ма ни до продавница не би отишла со него) па не во континуитет да сме во војна. Не велам дека е лесно, ама изборот е твој. Или ќе трпиш (што и да трпиш) или ќе престанеш да бараш изговори зошто не, и да бараш начин- како да. Сила и одлучност ти посакувам.
@KiT, Јас само би ти кажала да почнеш да тргаш пари на страна. Без разлика, што и да решиш, чисто за тебе, за да имаш на што да се потпреш ако во иднина решиш да се разведеш. Исто, не се знае што носи иднината. Ти и да решиш да не се разведуваш, утре може тој ќе сака. Имај си пари тргнато на страна за да може веднаш да се дочекаш на нозе.
Џабе си трошите зборови. Она сака комодитет. Остај ти тоа децата вака децата така. Да и речат нејзините иди кај нас ќе ти плаќаме сметки и храна нема да треба денар да дадеш уште одма ќе иде. Така да џабе ви е. Жена која одлучила да се разведе ни одмори ни чуда ќе и се битни.
Нена ти како и секогаш, контрираш на секој. Како што пиша @Mumoftwo30 нема потреба да се објаснувам, поготово не на членки кои неможат да ме разберат.
@KiT мора некое време да стиснеш заби и децата малку да направат пауза од одење на одмори. Не може да им се пружа луксуз по секоја цена. Знам, деца ти се и сакаш да им е убаво ама не може, мора нешто да се ускрати и да заштедиш за да почнеш нов живот, не смееш повеќе да го трпиш тој манипулатор. Колку расипано суштество, се изнервирав што прочитав. Немој, не си го троши животот со човек кој не сака на свое дете да му купи нешто и ти се прави паметен и силен. Немој, не си го прави тоа, децата не знам колку години имаат ама верувам дека ќе сфатат и ќе разберат и дека убаво ќе си го поминат одморот и без море. Почни да штедиш. Нешто ќе ускратиш, нешто друго кога ќе треба да купиш ќе гледаш да е поевтино, повеќе основни потреби, помалку нешто што не е којзнае колкава потреба. Мора некогаш да се направи таква жртва, колку и да е тешко. И да, децата многу добро гледаат што се случува и чувствуваат, затоа она "Ќе останам и трпам заради децата" е тотално погрешно. Како што напишаа и поназад, на деца им треба здрава средина и здрави семејни односи. Имаш некој друг роднина или некоја пријателка каде да се обратиш да ти помогне? А твоите, не разбирам зошто тие ти вртат грб. Дали убаво им ја објасни ситуацијата?
Не контрирам само сум реална. Ама ти изгледа сакаш да ти речат: Аууу седи си таму уживај. Пак ќе кажам: ЖЕНА ШТО Е РЕШЕНА ЗА РАЗВОД НЕ СЕ ЗАКАНУВА, НЕ ПРЕГОВАРА НЕГОН ПРАВИ СТРАТЕГИЈА И СИ ОДИ ЕДЕН ДЕН. ТОЛКУ.
Види колкумина ти го велиме истото. Не звучиш како сигурна. Што е ок ако ти е страв, но нема потреба. Се може без море. Многу луѓе воопшто не ја напуштаат својата држава цел живот и многу луѓе тек како возрасни со своја плата откриваат надворешен свет. И на двава типа ништо не им било и не им е. Децата чувствуваат дека нешто не е во ред и кога не разбираат што точно се случува. Ако одиш сама со децата, он ќе најде начин да го искористи тоа против тебе. Ако он е никаков, а ти уште се влечеш со него по одмори, пак ќе најде начин да го искористи тоа против тебе. Полошо е за децата да ве гледаат несложни. Во иднина може да бидат исти со нивните партнери, па дури и бетер. Ако не сакаш да гледаш такви сцени, мораш да собереш сили и да прекинеш нешто што не чини. Со трпение ќе ги научиш дека не може секогаш да го добиваат тоа што го сакаат. Денес ќе се налутат, утре ќе заборават. Во иднина ќе ти речат „фала мамо оти одбра да сме облечени и сити пред да го трпиме него“. Ако има насилство, немој да се мислиш ни минута за развод. И да нема, не се влечи. Почнувај со штедење и планирај си го заминувањето. Има самохрани родители и разведени кои почнале од нула без грам поддршка, ама успеале да обезбедат доволно за децата. Знаеме дека не е лесно, но не е ни невозможно. Штом добиеш волја, ќе тргнеш.
@KiT Почни уште од овај месец да се однесуваш како да си под кирија сама. Разгледај колку се движат кириите во твојот град и тргни пари за кирија и за сметки, исто како кога би била реално и како да си ги платила. Со остатокот од парите пробај да го поминеш месецот така како што би го поминала ако си сама под кирија, па види како ќе ти излези месецот, за што ќе имаш, а за што не. Нема нокти, нема патувања, нема нова гардероба за тебе, не се купува шминка и козметика непотребно. Скрати од непотребни работи, троши само на најосновното потребно за живот. На крајот од месецот ќе видеш дали ќе успееш сама или не. Како и да е за да ти успее овај план најдобро да тргаш пари на страна уште од сега, макар и 1.000 денари да се. Еве овај месец или наредниот направи си сама еден survival mode тест па процени сама.
Фала ти на разбирливоста Децава, имам пишано, ми се 10 и 13 години. Немам близок на кој би кажала, со години ќутев и гледав да не се приметува, ама веќе децава се поголемки и те како разбираат што се случува. За моите, имам пишувано исто, кога се разведе брат ми, ме викаа да сведочам лажно на суд, по што секако одбив. Ми рекоа еднаш, заборави дека имаш родители веќе. Зажмурив, си велев во тешка ситуација се и во нервоза ми рекоа така. Ама ми го повторија тоа. Од тогаш наваму, ме прецртаа. И целиот имот на брат ми го препишаа.
Држи се, гледај само напред. Немој да се срамиш да бараш помош. Макар и тука било анонимно. Ќе успееш. Не може да не биде. Животот е борба.
Чекајте малце Типот шо е дибек е Ама ако он плаќа сметки ти плаќаш храна Шо е тука спорно? Купил кола шо викаш ке ја делите по пола ама тие пари од кај се? Значи ти шо немаш живот со него немаш ама за тропоците не си у о право,учествува и он
Алиске сметките бидејќи се водат на едно, ги плаќа он по пола со свекор ми, ама ми вели не е лошо и јас да учествувам. Храна, тренинзи, курсеви, гардероба, обувки, школски трошоци, шетања, тоа све ја плаќам. Колата иако јас не сум возач, по пола ја плативме.
Не бе како смее да учествува таму кај шо живее, абе овој дебил ипол е, човек дај послушај совети мани го таму... Шо читам се нервирам камоли да сум ти во кожа...
Е ја тоа не го разбирам Нели ви се парите на купче заеднички? Ако он плаќа сметки ти плаќаш храна фер е така Тие пари шо си ги дала за колата требало да си ги чуваш за да се тргнеш од таму