Што се случува со разводиве?Никој никого не трпи..очигледно во ова време ..се ставам и јас во истиот кош..зошто не умееме да пронајдеме компромис и соживот..не е изводливо постојано да е угодено на две личности како што сакаат поединечно..што мислите вие?
Насилство и превара секако не се трпи, затоа многу често сега има разводи. Порано таквите проблеми се туркаа под тепих и развод не беше опција. Други времиња дојдоа.
@Simon4e0507 Затоа што компромис треба да се прави за мали и нормални работи, а не за неверство и насилство
Се согласувам со вас ..јас друг проблем имам непревземање обврска и одговорност во бракот кон домаќинство и кон дете..ако сум сама за се зашто ми е потребен за на хартија ...ич.Не може животот да остане непроменет ..факт е тоа ама и сама да го носам цел товар не бива а да нема благодарност за ништо..освен критикувања
@Simon4e0507 И ова спаѓа во една од работите кои не треба долгорочно да се трпат. Особено ако после давање шанси и разговарање, ситуацијата е непроменета
Не е во Мкд детето сама го чувам..и смачено ми е ..бебе од 7ипол месеци без помош од никого..па сеа ти види
Со разговор има подобрување? Ако не, ни јас не би трпела. За на хартија од семафор ќе најдам некој. Бракот е буквално институција, каде двете страни треба да се посветат и работат , за хармонија, разбирање, соживот и се по ред. Сите имаме расправии и кризи. Ама ако на крајот од денот, проблемите ги шуткаме под тепих, ќе пукне.
на печалба е? Имате план ? Планира и тебе со детето да те повлече натаму ,печалите за нешто па ова е привремено? Зарем не му е криво што пропушта толку многу моменти со бебето?
Да да.. на печалба баш така ,сигурно му е .. па привремено..отвори своја транспортна фирма и вози сега..и 3 години уназад..мене не ми пречеше тоа додека бевме во врска си ги терав моите обавези класика работа шетање итн..ама сега со дете ..ми треба помош плус сам со бебе во 4 ѕида не е најдобро баш ...нема да се поврзе со детето а јас се одвикнувам ..кога се правам сама зашто ми е потребен?Ми завршува породилното се враќам на работа бебе почнува во градинка и веќе сме навикнати да си функционораме сами ..и кога ќе дојде дома од пат ..се ни се пореметува и се он има работа ..не знам како нема желба да си седи со бебево..толку брзо расте ..и не се замарам повеќе па пишав во темава ..знам дека 1вата година со бебе е тешка кај сите и се се менува ..психичка поддршка немам и тоа мн ме повредува ..помош исто немам ниту поддршка од моите..мајка ми е болна со деменција ..а татко ми се грижи за неа.Свекрва имам само она ми е далеку и искрено кога ќе дојде да помогне како 2 деца да имам ..затоа сама си научив да функционирам за сега.Најубаво..меѓутоа доколку во догледно време не се промени ситуацијата би сакала да се разведам
Не се нафатив..во никој случај ..се случи непланирано и 5 до 12 се смени здравствената состојба на мојата мајка..јас сум возрасна немам 20 години ..и децидно кажав дека дете нема да чувам сама тоа е поделба на труд и обврски на двајцата родители..и јас сум вработена жена чувањето на детето е исклучиво моја обврска тоа не беше договорено и за истото треба да се најде решение ..nvm..
Некако ми звучиш како за некој предмет да пишуваш не за детето Незнам ете такоц впечаток добив Сакаш да кажеш дека он сам одлучил да земе кредит и да отворе фирма транспорт?
А, што има врска здравствената состојба на твојата мајка со вашиот брак? Јас инаку, не гледам некој сериозен проблем вака од напишаново. Тебе очигледно ти смета состојбата, ама проблемот повеќе лежи во тебе. Треба да се запрашаш зошто ти смета состојбата, ако веќе претходно сте се договориле за истата?
Да платиш жена да помага со детето за да здивнеш малку? Вака само бес ти се собира, што не е добро ни за тебе, ни за детето, ни пак за бракот.
Знаеш едно е да е шофер а друго е газда кога е И затоа сеа дур застане на нозе ке вози нон стоп а на девојката и смета што не е дома Но тоа се договара пред да се надигаш кредит Имав една комшика маж и зема кредит купи камион и му кажа она додека не го изчистиш камионот идење дома не 6 месеци остана горе човекот го извади А ако е дома заработката на шоферска плата ке му оди
Има проблем @Simon4e0507 , како нема. Во брак е,а брак нема ,живее сама со бебето Тој во странство, таа тука. Ко самохрана мајка. И претходно исто работел ама не биле во брак и немале дете. За детето тој е странец. Мислам дека треба да разговарате да вози низ Мк , и тука добро заработуваат возачите,налет парите ако животот ви помине вака.