Дали имате искуство со готвење на раклет? http://www.google.com/products/catalog? ... CF0Q8wIwAA Ја добив неодамна, ја сакав одамна проблем е што немам доволно креативност за подготовка на вечера за група од на пример 6 лица. Добредојден е секој, ама баш секој совет тенкс однапред
Прво се чудев што е тоа , не знаев дека така се вика Ова ќе да е американска измишљотина , не е ни битно освен што е скара на квадрат Па не мора баш за 6 лица да готвиш можеш и за 2-ца. На пр. горе стави некое месо а долу ражниќи од зеленчук или обратно како сакаш и во зависност каков имаш. Или долу стави пеќурки а горе зеленчук-кромид, пиперка, тиквица, модар патлиџан и сл. За вкусен доручек горе лепче да се подзапече а долу јајце.... Кој не знае еве да види Spoiler
Не знаев како да ставам слика па линк ставив... фала што ме оправи Инаку во тој долниот дел може да топиш сирење или да зготвиш омлет, демек толку, а на горниот дел останатото, ама да е на помали парчиња (печурки, пилешко, овошје, зеленчук). Е тука е проблемот, дали месото да е маринирано, каков зеленчук (иако ражничиве ми се топ идеја), секна креативноста во мене, ама сигурно ќе ме просветлите
Моето прво Раклет искуство . Воа на мама сакав да и покажам, па сликав. Изнаредив слики, па и да објаснам. Покривката и свеќите. ради предпразнично расположење.(покривката е со златест дезен, ама не свети , ова од блицов волку се расветило), подискретна е. Сварив карфиол, брокула и компири. Сварив ракчиња и пилешко. Исецкав паприка, младо кромидче, ананас, банана, плус туна со басиликум и тоа жолтите зрна(царевка ли како се викаа) во малите садови. Печурките ги измив и исецкав само. Кашкавал или сирење според вкус и можности, Јас ставив две всти кашкавал и една врста сирење. Петерсилие, вегета, бутер со некои билки, масло од маслинки, бибер и сол одделно беа ставени. Испеков багети. Ги ставив али отпосле, за да не се сушат. Тоа фондуе сетот овој пат го искористив за топено свајцарско сирење, т.с кашкавал оти гостинките дијабетичарки. ама нареден пат планирам со топено чоколадо и јагоди.
Ех, полн погодок. Со мм ептен ни се погоди. Можеш мевце да си печеш на едната страна, на пр од лево, од десно да потпечеш зеленчук што ќе оди со месото на пр печурки, тиквички, домати...Мм обожава кога ќе ги испечам тиквичките на половина поделени (не излупени само миени), со чери домати и перурки со лук, па после сето тоа оди од долу со топено парче кашкавал. За да ти ги собере на долниот дел во долж еден преку друг раклет во долж се става тичвичката. Нареден пат ќе сликам за да се долови поентата. Се надевам доби добра идеја, па Бон апетит.
Преубаво изгледа се. Мастер оф раклет си скрос вчера имав гости на раклет, ама изборот беше од 3 вегетаријански чинии и три антипаста. Сирењата... посебна приказна. Одлична е за гости и за забава по дома, оти не треба да се изнамачиш да готвиш а и поттикнува комуникација и конверзација меѓу присутните. Во секој случај ќе учам од твоиве фотографии и ќе се трудам да станам мастер поздрав
danichap морам да ти признаам дека одлично изгледа, сакам да сум таму. Моето искуство со раклет е следно, всушност сака да кажам као јас го практикувам На даска (дрвена округла, како за пица) редам полукруг парчиња печеница, нареден полукруг чајна или кулен и до нив ставам мали чинивчиња со маслинки зелени и црни. Декорацијата ја завршувам со варено јајце одозгора со пола патлиџан (издлабена половинката, да му дојде како капа на јајцето) и на патлиџанот му ставам точки мајонез, така што јајцето да изгледа како печурка. Него го ставам на зелен листа марула или кинеска зелка. Во плетена корпа ги редам солените мафини (со сирење и маслинки) и салата зелена марула која ја подготвувам на следниов начин (сецкам пола главица кромид ситно. ставам 2 лажици маслиново масло , 2 лажици балсамико оцет и пола лажиче сенф. Сето тоа го мешам и ја додавам ситно сецканата марула). Раклетот као што знаете си се прави сам , а варениот компир за да остане топол го ставам во едно подебно вреќиче (не знам дали во МК има такви). Јас користам кашкавал Вардарец, пошто во МК не можам да најдам специјален за раклет. Ако знае некој нека ми пише од кај да купам
Прво искуство со раклет кај золвата ..пред година дена , ми текнува имавме вакво и дома ама ретко го користевме освен за палачинки правење сега си купивме и за дома едно вакво , и вчера го испорбавме Сварив неколку компири , багет ,пченка ,зачинета павлака , раклет кашкавал , печурки и мевце нели Друго не ни јадеме со мм
Абе луше дај кажете од каде да си купамраклет кашкавал, во Македонија. Јас го употребувам Вардарец, ок е ама кашкавалот за раклет е она вистинското. Ај некој ако знае од кај да купам нека пише
Јадење од детството. Со одозгора црвен пипер и бибер на кашкавалот, варен компир и чај/бело вино. Традиционално швајцарски. Прејадување додека не можеш да мрднеш од столчето. Љубов ми е раклетот, посебно последниов период.
ДеЧки, раклетот е тип на сирење и овде во Свајцарија не се јаде како сто описувате вие, туку се варат компири, после ти си ги сеЧкас на пола, на Четвртина како сакас во тањир, во мегувреме раклетот кој има многу специфиЧен мирис се топи и со помос на тие лопатките си го ставас врз компирите. На страна обиЧно во мали Чинии ставаме кисели крастаавиЧки, моркови, кисели пиперки и ептен ако некој сака некои прсута. Тоа сто вие си пеЧете тиквиЧки и не знам сто е убаво, ама раклетот овде го подготвуваат така, и плус кај нас не знам ни дали воопсто има раклет така да се сомневам дека има било каква врска со правиот раклет.