1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раклет

Дискусија во 'Рецепти' започната од awl, 10 јули 2012.

  1. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство со готвење на раклет?

    http://www.google.com/products/catalog? ... CF0Q8wIwAA

    Ја добив неодамна, ја сакав одамна :) проблем е што немам доволно креативност за подготовка на вечера за група од на пример 6 лица. Добредојден е секој, ама баш секој совет :) тенкс однапред
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Прво се чудев што е тоа :lol: , не знаев дека така се вика :$
    Ова ќе да е американска измишљотина :D , не е ни битно освен што е скара на квадрат 8)
    Па не мора баш за 6 лица да готвиш можеш и за 2-ца. На пр. горе стави некое месо а долу ражниќи од зеленчук или обратно како сакаш и во зависност каков имаш. Или долу стави пеќурки а горе зеленчук-кромид, пиперка, тиквица, модар патлиџан и сл. За вкусен доручек горе лепче да се подзапече а долу јајце....
    Кој не знае еве да види
    [​IMG]
     
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Не знаев како да ставам слика па линк ставив... фала што ме оправи :) Инаку во тој долниот дел може да топиш сирење или да зготвиш омлет, демек толку, а на горниот дел останатото, ама да е на помали парчиња (печурки, пилешко, овошје, зеленчук). Е тука е проблемот, дали месото да е маринирано, каков зеленчук (иако ражничиве ми се топ идеја), секна креативноста во мене, ама сигурно ќе ме просветлите :)
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Моето прво Раклет искуство :$ .

    Воа на мама сакав да и покажам, па сликав. :$
    Изнаредив слики, па и да објаснам.
    Покривката и свеќите. ради предпразнично расположење.(покривката е со златест дезен, ама не свети :$ , ова од блицов волку се расветило), подискретна е.

    Сварив карфиол, брокула и компири.
    Сварив ракчиња и пилешко.

    Исецкав паприка, младо кромидче, ананас, банана, плус туна со басиликум и тоа жолтите зрна(царевка ли како се викаа) во малите садови.

    Печурките ги измив и исецкав само.
    Кашкавал или сирење според вкус и можности, Јас ставив две всти кашкавал и една врста сирење.
    Петерсилие, вегета, бутер со некои билки, масло од маслинки, бибер и сол одделно беа ставени.
    Испеков багети. Ги ставив али отпосле, за да не се сушат.
    Тоа фондуе сетот овој пат го искористив за топено свајцарско сирење, т.с кашкавал оти гостинките дијабетичарки. ама нареден пат планирам со топено чоколадо и јагоди.
     

    Прикачени фајлови:

    • jsfbsk.jpg
      jsfbsk.jpg
      Големина на фајлот:
      199,2 KB
      Прегледи:
      1.043
    • pic.jpg
      pic.jpg
      Големина на фајлот:
      195,3 KB
      Прегледи:
      1.042
    • pic1.jpg
      pic1.jpg
      Големина на фајлот:
      213,8 KB
      Прегледи:
      1.041
    • 20121216_142446.jpg
      20121216_142446.jpg
      Големина на фајлот:
      410,8 KB
      Прегледи:
      1.040
    • 20121216_151914.jpg
      20121216_151914.jpg
      Големина на фајлот:
      307,1 KB
      Прегледи:
      1.040
    На Dust, Silver.E, senza.parole и 5 други им се допаѓа ова.
  5. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ех, полн погодок. Со мм ептен ни се погоди. Можеш мевце да си печеш на едната страна, на пр од лево, од десно да потпечеш зеленчук што ќе оди со месото на пр печурки, тиквички, домати...Мм обожава кога ќе ги испечам тиквичките на половина поделени (не излупени само миени), со чери домати и перурки со лук, па после сето тоа оди од долу со топено парче кашкавал. За да ти ги собере на долниот дел во долж еден преку друг раклет во долж се става тичвичката. Нареден пат ќе сликам за да се долови поентата. Се надевам доби добра идеја, па Бон апетит.
     
  6. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Преубаво изгледа се. Мастер оф раклет си скрос :) вчера имав гости на раклет, ама изборот беше од 3 вегетаријански чинии и три антипаста. Сирењата... посебна приказна. Одлична е за гости и за забава по дома, оти не треба да се изнамачиш да готвиш а и поттикнува комуникација и конверзација меѓу присутните. Во секој случај ќе учам од твоиве фотографии и ќе се трудам да станам мастер :) поздрав
     
  7. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    danichap морам да ти признаам дека одлично изгледа, сакам да сум таму.
    Моето искуство со раклет е следно, всушност сака да кажам као јас го практикувам ;)
    На даска (дрвена округла, како за пица) редам полукруг парчиња печеница, нареден полукруг чајна или кулен и до нив ставам мали чинивчиња со маслинки зелени и црни. Декорацијата ја завршувам со варено јајце одозгора со пола патлиџан (издлабена половинката, да му дојде како капа на јајцето) и на патлиџанот му ставам точки мајонез, така што јајцето да изгледа како печурка. Него го ставам на зелен листа марула или кинеска зелка. Во плетена корпа ги редам солените мафини (со сирење и маслинки) и салата зелена марула која ја подготвувам на следниов начин (сецкам пола главица кромид ситно. ставам 2 лажици маслиново масло , 2 лажици балсамико оцет и пола лажиче сенф. Сето тоа го мешам и ја додавам ситно сецканата марула). Раклетот као што знаете си се прави сам :) , а варениот компир за да остане топол го ставам во едно подебно вреќиче (не знам дали во МК има такви). Јас користам кашкавал Вардарец, пошто во МК не можам да најдам специјален за раклет. Ако знае некој нека ми пише од кај да купам
     
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Прво искуство со раклет кај золвата ..пред година дена , ми текнува имавме вакво и дома ама ретко го користевме освен за палачинки правење
    сега си купивме и за дома едно вакво , и вчера го испорбавме
    Сварив неколку компири , багет ,пченка ,зачинета павлака , раклет кашкавал , печурки и мевце нели
    Друго не ни јадеме со мм :|
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Абе луше дај кажете од каде да си купамраклет кашкавал, во Македонија. Јас го употребувам Вардарец, ок е ама кашкавалот за раклет е она вистинското. Ај некој ако знае од кај да купам нека пише :*
     
  10. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Јадење од детството.
    Со одозгора црвен пипер и бибер на кашкавалот, варен компир и чај/бело вино. Традиционално швајцарски.
    Прејадување додека не можеш да мрднеш од столчето.
    Љубов ми е раклетот, посебно последниов период. :inlove:
     
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.275
    Пол:
    Женски
    Mногу убаво јадење но за жал го јадев само во Швајцарија :D
     
  12. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    ДеЧки, раклетот е тип на сирење и овде во Свајцарија не се јаде како сто описувате вие, туку се варат компири, после ти си ги сеЧкас на пола, на Четвртина како сакас во тањир, во мегувреме раклетот кој има многу специфиЧен мирис се топи и со помос на тие лопатките си го ставас врз компирите.
    На страна обиЧно во мали Чинии ставаме кисели крастаавиЧки, моркови, кисели пиперки и ептен ако некој сака некои прсута.
    Тоа сто вие си пеЧете тиквиЧки и не знам сто е убаво, ама раклетот овде го подготвуваат така, и плус кај нас не знам ни дали воопсто има раклет така да се сомневам дека има било каква врска со правиот раклет.