Рециклирање

Discussion in 'Дом' started by Annath, Oct 12, 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,886
    Likes Received:
    203,039
    Gender:
    Female
    Рециклирање е всушност селекција на одредени материјали од отпадот и нивно повторно искористување. Рециклирањето вклучува собирање, издвојување, преработка и изработка на нови прозиводи од искористени материјали и предмети.
    Важно е добро да се процени што се може да се рециклира, односно повторно да се искористи. Рециклирањето е само еден од начините за зачувување на околината затоа што голем дел од материјалите во денешно време не се биоразградливи.

    Што се' може да се рециклира?

    Хартија
    Хартијата се добива со преработка на дрвото со различни хемиски средства. Со секојдневното производство на хартија и производи од хартија се уништуваат бројни шуми. Затоа, постои можност да се рециклира старата хартија која веќе не ја користиме, а со тоа многу се придонесува во заштитата на околината. Сиот непотребен канцелариски материјал, весници, хартиени ќеси, хартиени амбалажи, хартија за пишување - сето тоа може да се рециклира. Притоа, се заштедува дури до 60% од енергијата за производство на нова хартија, 15% помалку вода, се намалува загадувањето на реките и сечата на шумите.

    Стакло
    Секојдневно го користиме - тегли, шишиња, чаши, прозори, огледала. Се добива со топење на песокот (и некои други материи) на многу високи температури, при што се троши многу енергија и се испушта голема количина на штетни гасови. Со рециклирањето може да се заштеди многу енергија, да се намали испуштањето на штетните гасови и да се поштедат реките од чии корита се вади песокот за производство на стакло. Може бескрајно да се рециклира.

    Метал (алуминиум, бакар, железо)
    Од метал се изработуваат многу предмети кои ни се секојдневно неопходни (превозните средства, бела техника, лименки, кутии...) - сите тие може да се рециклираат за да се спречи експлоатирањето на рудите и уништувањето на околината, како и огромната потрошувачка на енергија.

    Пластика
    Се добива при преработка на нафтата. А светските резерви на нафта за брзо време ќе бидат потрошени. Освен тоа, пластиката не е биоразградлива, останува во земјата и ја загадува. Многу е застапена во секојдневниот живот, препорачливо е да се рециклира и за намалување на количеството на отпад.

    Електронски и електричен отпад
    Ова е тн. опасен отпад кој содржи доста отровни материи и супстанци и ако непрописно се фрлаат, предизвикуваат загадување на околината со испарување на отровните материи со што лошо влијаат и на здравјето на луѓето (предизвикуваат најразлични тешки заболувања и дегенерации). Тука спаѓаат компјутерите, мобилните телефони, ЦРТ мониторите и слично - одредени делови се рециклираат, а остатокот треба прописно да се складира и да се искористи за добивање на енергија.

    Подарувањето на старата облека е еден вид рециклажа - зошто нешто што е здраво, иако старо, да се фрли? Исто така, органските остатоци од ѓубрето (од храната) може да се искористат за подобрување на плодноста на земјата.

    Ова е нешто накратко за рециклирањето.
    Јас се обидувам да рециклирам на секој можен начин, посебно хартијата, стаклото и пластиката. Барем за тоа секојдневно имаме можност. Кога некое парче од техниката дома го заменуваме со ново, не го фрламе било каде, туку чекаме да се најави собирањето на кабаст отпад во организација на јавните комунални претпријатија (ова за Охрид конкретно). Што се однесува до мобилни телефони и компјутери, сум прашала во компанииве (One, T-Mobile) дали имаат опција за рециклажа конкретно на мобилните телефони и полначите, ми одговорија дека немаат. Штета, не сакам да ги фрлам телефоните, иако се расипани, не функционираат, но сепак содржат отровни материи. Слушнав дека One има некаква кампања за рециклажа, ама не сум видела ниту чула повеќе информации околу тоа.

    Дали вие рециклирате? Дали се залагате за рециклирањето или пак фрлате кај ќе стигнете? (добро, знам што повеќето од вас ќе одговорат на ова, ама да си прашам). Дали сметате дека во Македонија треба повеќе да се рециклира отпадниот материјал?
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,402
    Likes Received:
    143,037
    Во Македонија состојбата со рециклирањето е очајна. Заштитата на животната средина ми е слаба точка уште од дете, и ме фрустрира секоја посета на маалските контејнери, затоа што нема услови за рециклирање, а не е потребн многу.

    Хартија ја издвојувам за рециклирање само на работа, каде што имаме поставено кутии за таа намена, ама повеќе се трудам да придонесам (колку-толку) за заштита на околината со тоа што не принтам, освен ако морам. Многу се разочарав кога со месеци ги молев во Комуна некој да дојде да ја собере хартијата од канцеларија, и упорно никој не доаѓаше.

    Пластичните шишиња, кои за жал многу ги користиме, секогаш ги фрлам во посебна кеса, одделно од другиот отпад, со надеж дека некој ќе помине и ќе ги собере.

    Со стаклото не правам ништо посебно. Не знам ни каде се собира, и дали воопшто некаде се рециклира.
    За техника, да бидам искрена, не сум се потрудила колку што треба, веројатно не сум била доволно свесна. Па не знам ни колку и дали воопшто сум фрлила некој технички уред.

    Би била среќна кога би имало поставено канти за различни видови отпад. Порано имаше вакви иницијативи, но за жал ниту една не успеа. Веројатно треба многу да се работи на освестување на населението. Кантите се најмал проблем.
     
    didisi likes this.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Многу убава тема. Треба да се подигне свеста околу рециклирањето, но најпрво да постојат Закони за истото, посебни корпи, да има фабрика за рециклирање, а ние да сме обврзани да го распределуваме ѓубрето, а не се` да фрламе во иста кеса.
     
    didisi likes this.
  4. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Joined:
    Dec 17, 2009
    Messages:
    994
    Likes Received:
    501
    Рециклирањето е одлична работа, само кај нас за жал и да не постои. Еколошката свест треба да се подигне на повисоко ниво. Покрај толку многу проекти, мислам дека треба да се изготви и еден асален проект за селекција на отпад, да се изгради фабрика за рециклажа, па да се направат рекламни спотови, да се делат флаери, да се постават контејнери за селектиран отпад. Ако треба и да се казнуваат оние што нема да вршат селекција.
    Освен за Комуна, кадешто се рециклира хартија, за друга фабрика немам слушнато.
    Едно време имаше поставено едни зелени контејнери за хартија и редовно ги собирав весниците и харијата и ги фрлав во нив, или пак ако најдев во моментот некој од собирачите на хартија, им ги давав да ги однесат во Комуна, па да спечалат некој денар и тие. Сега ни тој го нема :(
    Пластичните шишиња исто, секогаш посебно ги собирам и не знам дали е во ред или не, ама ги закачувам на контејнерот (не ги фрлам внатре) со надеж дека собирачите на пластика ќе ги соберат.
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    2,251
    Likes Received:
    4,720
    Кај што ни е станот има посебни контејнери за пластика, стакло, хартија. И еден за се (за оние што ги мрзе да одделуваат). Кога бев таму, се трудев да ставам се на свое место.
    Овде нема посебни канти.

    Нешто се ширеа муабети во Струмица да правеле нешто такво за рециклажа, некоја си фабрика, ама слушнав а не дослушав.
     
    Снегулк@23 likes this.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2010
    Messages:
    2,134
    Likes Received:
    64,798
    Gender:
    Female
    Во Скопје додека бев имаше само едно како кафез направено за пластичните шишиња кое ромите уште вториот ден од кога беше поставено го искршија :^)друго не видов за рециклирање барем не во Карпош.
    Тука во Мелбурн рециклирањето е на високо ниво веќе оддамна, за во домаќинствата имаме по три во различни бои канти, едната е за ѓубре кое се собира еднаш неделно, втората е за стакло, хартија и пластика таа се собира еднаш на 2 недели и третата е за трева и помали гранки и таа се собира секоја втора недела.
    Акумулаторите таму каде што го менуваш го земаат и се носи на посебно место од отпадот поради киселините кои ги содржи.
    Мебелот и белата техника се собира од општината, порано имаше акции 2 пати во годината да се собира сега ако имаш потреба одиш во општината им кажуваш колку работи имаш за отпад ти даваат налепници кои ги ставаш на предметите и тие доаѓаат во точно одреден ден и го собираат од улица.
    За мобилните телефони има канти во секоја пошта, продавница за мобилни телефони таму се оставаат за да се рециклираат.
    Истото важи за компјутерите и лаптопи, во секоја продавница каде се продаваат има дел каде ги оставаш старите и тие понатаму ги рециклираат.
     
    Annath likes this.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,886
    Likes Received:
    203,039
    Gender:
    Female
    Така и треба да се прави Bittersweet, камо и кај нас луѓето да беа повеќе освестени околу тоа дека треба да се рециклира. Јасно ми е дека во држава како нашата луѓето имаат други приоритети, ама пак од друга страна, ништо не не чини ако го селектираме ѓубрето што секојдневно го фрламе и го рециклираме она што може да се искористи повторно.
    За рециклажа на стакло неодамна дознав (благодарение на една форумџика :* ) дека има фирма во Скопје која се занимава со тоа. Во најскоро време планирам да им се јавам и се' што имам дома од стакло, а не го користам, да го однесам таму. Имам доста стакларија што не ја користам. На тоа ме поттикна фактот што немам што да им правам на тегличките од кашички кои понекогаш му ги давам на малиот. Жал ми е да ги фрлам, а не можам да ги искористам како што ги користам класичните тегли (за зимници и слично).
    Време е владата малку повеќе да се заангажира за рециклирањето. Кога веќе може да градат споменици, може малку да мислат и на заштитата на човековата околина, нели?
     
    bittersweet likes this.
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    3,098
    Likes Received:
    4,462
    Gender:
    Female
    Во Германија и Холандија скоро секој маркет рециклира т.е. ако однесеш стаклена амбалажа плаќаат 25 центи од шише, и за пластика плаќаат. Многу домаќинства секоја недела кога пазарат си ја носат амбалажата од дома.
     
    Снегулк@23 likes this.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2010
    Messages:
    2,134
    Likes Received:
    64,798
    Gender:
    Female
    Македонија е сеуште млада држава, ама е и со млади луѓе во владата кој би требало да ја туркаат во преден план оваа проблематика.
    Тука горе, доле се е средено и затоа најголемо внимание веќе подолг период е посветно на одржување на околината, екологијата итн.
    Е сега да не биде дека којзнае колку сме културни тука па сите се загрижени за рециклирање итн туку како и за се друго тука по џеб те удираат побрзо да се научиш на ред :D
     
    Снегулк@23 likes this.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    Ајде тука ќе го ставам ова, колку за инфо ако има заинтересирани

    [​IMG]
     
  11. SlAtKi4ka.SlAtKi4ka

    SlAtKi4ka.SlAtKi4ka Популарен член

    Joined:
    May 23, 2011
    Messages:
    247
    Likes Received:
    313
    Gender:
    Female
    Кога го видов веднаш ми се појави идеја што ќе правам :)
    Ќе изработам нешто и ќе конкурирам,барем за тоа ме бидува!
     
    Снегулк@23 likes this.
  12. didisi

    didisi Популарен член

    Joined:
    Sep 22, 2010
    Messages:
    1,969
    Likes Received:
    3,686
    Kade se nosat plasticni sisinja i drugi proizvodi za da se recikliraat?
     
    Any05 likes this.
  13. didisi

    didisi Популарен член

    Joined:
    Sep 22, 2010
    Messages:
    1,969
    Likes Received:
    3,686
    I danska e isto... koga ke go dostigneme nie ova
     
    Снегулк@23 likes this.
  14. Any05

    Any05 Истакнат член

    Joined:
    Mar 4, 2015
    Messages:
    211
    Likes Received:
    364
    Gender:
    Female
    Инспирирана од она што го гледам во другите земји за тоа колку се ангажирани за рециклирање и "zero waste" начин на живот решив да ја активирам малце дискусијата во темава. Колку луѓето од околината се свесни за тоа колку можат да придонесат за животната средина само со селектирање на својот отпад?
    -Очигледно во РМ поголемиот дел не се свесни. Сметам дека треба да има поголеми кампањи за едукација па можеби и казни за несоодветно фрлање на отпад (и сега има ама никој не ги почитува реално бидејќи нема дежурни служби кои ќе пратат нонстоп). Во 21ви век, моите комшии си го горат отпадот(во кој спаѓа пластика, гуми, хартии и сл.) Со што предизвикуваат уште повеќе да се загади воздухот и се неколку пати пријавени и предупредени и никој ништо не превзема.
    Колку и каде низ Скопје (и останатите градови) се поставени контејнери за рециклирање?
    - Ова прашање го поставив за да напишете вие каде сте виделе контејнери за селектиран отпад бидејќи јас до сега освен кај Градежен факултет(поставен е контејнер за стакло) не видов никаде а веќе си имам доволно собрано пластика и хартија. Не сум од Ск, а во мојот град верувале или не, не постои нешто такво како селектиран отпад.
    Дали луѓето кај нас во маркетите сеуште масовно употребуваат пластични ќеси а можат да пазарат во торби или хартиени ќеси?
    -Ќе тргнам лично од себе, секогаш со мене носам торба и ја сведов потрошувачката на ќеси во мојот живот на минимум. Меѓутоа, било каде да застанам на каса само јас носам торба и евентуално уште некој! Работев минатово лето во маркет и од 100 луѓе во текот на денот само 3ца носеа торба.
    Се трудам наоколу што повеќе луѓе да заинтересирам за ваквиот начин на живот но слабо ми оди.
    Сакам да слушнам повеќе мислења за тоа како можеме повеќе да придонесеме за околината, каде точно се наоѓаат контејнери за рециклирање, колку вие самите рециклирате!
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2010
    Messages:
    4,451
    Likes Received:
    5,414
    Ona sto posledno mi se dopadna so recikliranjeto e recikliranjeto na otpadnoto maslo za jadenje. Ima edna firma sunilens koja dava mislam 3l koficki gi polnite so masloto koe go koristite posle gotvenje. Vie koga ke ja napopnite kantickata dobivate 500ml maslo ili moze da go donirate a oni go koristat za biodizel gorivo. Super nacin da ja zastitime okolinata i pravilno da go selektirame. Po obrazovnite imstitucii se voveduva ovoj proekt decata i roditelite se zapoznavaat.
     
  16. Marina*F

    Marina*F Истакнат член

    Joined:
    Jan 25, 2019
    Messages:
    309
    Likes Received:
    267
    Gender:
    Female
    Дали знаете некоја фирма во Скопје што откупува електронски отпад?
     
    Снегулк@23 likes this.
  17. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Joined:
    May 11, 2019
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    507
    Gender:
    Female
    видов негде во некои градови има фирми кои откупуваат отпад хартија или пластика од дома. Некој да не има повеќе информации?
     
    Снегулк@23 likes this.
  18. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Joined:
    Aug 15, 2020
    Messages:
    3,291
    Likes Received:
    4,826
    Gender:
    Female
    Имашр и скопје да пријавиш пример зградата кадр живееш па доаѓаат е сега колку функционира не знам
     
  19. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Joined:
    Aug 15, 2020
    Messages:
    3,291
    Likes Received:
    4,826
    Gender:
    Female
    А со општина центар и прорктот со машините за шишињата и лименките што бидна? Толку најавуваа дека од октомври ќе биде
     
  20. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Joined:
    Aug 15, 2020
    Messages:
    3,291
    Likes Received:
    4,826
    Gender:
    Female