Како не е Македонец кога историјата не учи дека татко му Филип бил Македонец? Ај по мајка може бил Грк, ама факт е дека се борел против Стара Грција, припојувал територии кон Македонската империја, а не грчката... И како тоа немаме врска со античките Македонци, кога секој народ си има свои корени и претци? Во приказната за доаѓањето на Словените од зад Карпатите може да има смисла, ама тоа не го менува фактот дека на овие простори и пошироко, постоела Македонска империја водена од Филип, од Александар, низ минатото се мешале народи и цивилизации, ама не е дотолку дека античките Македонци изумреле и не оставиле свои наследници.
Како прво, Левица како партија што се декларира како ЛЕВА на политичкиот спектрум е СЕ' освен лева. НАЦИОНАЛИСТИЧКА партија не може да се нарекува лева. Левицата која што се појави на политичката сцена пред 4 години не е истата левица што е сега. Тогаш застапуваа леви политички ставови, а сега се центар-десно. Како второ, Димитар Апасиев е буквално диктатор во партијата, прашајте кого сакате од претходните негови најблиски сопартијци. Ниту еден од тие што беа во Левица не е веќе во Левица, освен Димче а тоа е со причина. Не само што е диктаторот во партијата, туку и фалсификува документи и тоа му поминува. Испадите што ги пишува на фејсбук Димче ич да не ги спомнувам, ако тоа му доликува на некој лидер на партија што се стреми за да ја „зграба“ власта во државата, тогаш секој втор човек може да е лидер на партија со таков поган речник. Од што на народов му е потребна толку многу трета опција ич не ни гледаат каква е третата, битно македонска да е.
Кои ставови се десни или националистички? Легализација на марихуана? Данок на луксуз? Скратено работно време? Кои документи и како ги фалсификувал?
https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=2090885497722273&id=790704807740355 https://www.facebook.com/brantscho/posts/10157450796817078
Ништо од ова не одговара на моите прашања. Ако ме интересираше што мисли Бранимир него ќе го прашав, немаше тебе.
Очекуваш јас што ниту сум бил член ниту дел од раководното тело на Левица да знам повеќе за нивните внатрешни работи од луѓето што биле во потесниот круг? https://a1on.mk/macedonia/video-formirana-frakcija-vo-levica-apasiev-lazhe/ https://fokus.mk/intervju-saveski-apasiev-od-levitsa-saka-da-napravi-satelit-na-vmro-dpmne/ Јас ти дадов повеќе од доволно материјали. Дали ќе се правиш слепа и ќе ми кажуваш како не ти ги одговарало ова прашањата е твое право и твој проблем.
Не мора да си член за да посочиш кои нивни ставови се десничарски или националистички, штом го тврдиш тоа. А, штом тврдиш дека имало фалсификување треба и за тоа да знаеш бар нешто.
Со едитирање и бегање од дискусија си немаме. Кои ставови на Левица се националистички и десничарски?
1. Анти албански наративи на Димитар Апасиев во име на партијата Левица се национализам. 2. Ставови против договорот со Грција се десничарски и националистички. 3. Претераниот патриотизам на Апасиев е национализам. 4. Лепење етикети како соросопии, соросоиди и тн. е одлика на празноглав политичар, не на интелектуалец како што се претставува Апасиев. 5. За изјави: сечење глави и прскање крв по улици, сите ќе ве стреламе и тн, во нормални држави се одговара кривично по основа фашизам (фашизмот е одлика на десницата), а кариерата на тој политичар пропаѓа во земја. Кај нас тоа се охрабрува. 6. На прашалникот за ЛГБТ заедницата испратен до сите партии, не одговориле ВМРО-ДПМНЕ (десница) и другите десничарски мали партии, Левица (Лева партија?) и албанските партии. Сите леви партии во Македонија одговориле позитивно на истиот прашалник. Зошто Левица, како лева партија не испратила одговор?
1. Кои се тие антиалбански наративи? 2. Според кого? Според која наука или методологија? Не може став за билатерален договор од ваков тип да биде лев или десен пошто ни самиот договор не содржи леви или десни одредби. 3. Кој претеран патриотизам? Каде е границата? 4. Ти лепиш етикети на фашист, а си против лепење етикети на соросоиди. Како? 5. Во нормални држави постои слобода на говор. 6. Не знам чив прашалник е тоа и што содржел. Апасиев има јавно изразено позитивен став за ЛГБТ права. 2:25
Од кај го извади ова албанка? Јас учев дека мајка му се викала Олимпија и била гркиња, учев од стари учебници од Ју време ваљда, не во време Грујово, да не бодам очи
1.Наративи против албанскиот јазик во градови во кои има значителен број албанци се анти албански. 2. Против договорот е заради тоа што е против менување на името, ова произлегува од неговиот патриотизам. Макар и најлошо да е, само да не де смени името. Против НАТО (ок, ова е дискутабилна тема) и против Европска Унија е. Ова се одлики на десничар. 3. Патриотизам е позитивно чувство кон татковината. Национализам е ставање на националните интереси на една нација над другите нации. Он е националист. 4. Јас му лепам етикета на фашист, фашист е вистински збор што има значење. Неговите изјави се фашистички. Зборовите што тој хи користи се прости и непостоечки во ниту еден речник, измислени само со цел да навредат друг. 5. Во нормални држави постои дистинкција меѓу слобода на говор и говор на омраза/поттикнување насилство. Во случаи кадешто законот потфрлува за казнување на говор на омраза/поттикнување омраза и насилство, народот го прави тоа со неподдржување на личноста. 6. Прашалникот беше од Субверзивен фронт и се однесуваше за ставовите на партиите во однос на правата за ЛГБТ луѓето. Зошто од Левица немаше одговор ако левица ги поддржува ЛГБТ луѓето? https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3223930751003320&id=553351041394651&sfnsn=mo
Баш заради голем дел од овие нивни ставови ја поддржувам Левица, и мило ќе ми биде да останат цврсти и истрајни на своите намери. Само нека продолжат вака, Бар еднаш во парламент да има "македонски пратеници" , кои ќе ги претставиваат МАКЕДОНСЛИТЕ НАЦИОНАЛНИ интереси.
1. Наративи ''против'' јазикот. Значи сакаш да кажеш дека се залага за забрана на употреба на албански? Извор? 2. Многу имаш измешано брзини. Премногу. Прво, не ми одговори како ставот за или против некој договор од ваков вид може да е лев или десен. Второ, Левица нема став против НАТО или ЕУ, такво нешто може да најдеш кај Путин или кај Вини Пу. Левица има став за членство во ЕУ и против членство во НАТО. Противниците на членство во овие организации ги имаш низ цела Европа и се на секоја точка од политичкиот спектрум, од екстремно леви до екстремно десни. Исланд, Норвешка, Австрија, се само дел од државите кои не се членки. Дали тоа ги прави автоматски земји десничари? Не, туку причините за тоа зошто се против ќе ти кажат дали се лево, десно или центар. 3. Прво, против чии национални интереси се бори Левица и какви се самите тие интереси по својата природа? Второ, грешно ти е поимањето на зборот национализам. Според тебе секоја една земја на светов е националистичка. 4. Кои изјави се фашистички? Има изјавено дека ќе пали Евреи? Или дека на Македонците им треба лебенсраум кој ќе го добијат од соседите? А, за тоа дека зборот соросоид е непостоечки можеш да расправаш со незналици или симпатизери на СДСМ, а не со мене, пошто сум имал доста широко искуство со програми и организации на Сорос. 5. За да имаш говор на омраза треба да таргетираш некого поради нешто инхерентно. Кон кого точно или кон кои конкретни групи се обрати Апасиев за нивно стрелање? 6. Третото прашање од прашалникот ти е одговорено во видеото што го постирав. Не знам што повеќе ти треба од тоа за да видиш дека ставот кон тие лица е позитивен.
За жал бетер заслепена си од верните поддржувачи на дпмне и сдсм. Додека сум во земјава ако треба ќе гласам за сдсм или нема да гласам за никого ако нема ВИСТИНСКА ЛЕВА партија што ќе настапи сама без коалиција, ама за Левица НИКОГАШ (се додека Апасиев диктира во партијата). Вакви апологети на Апасиев уште повеќе ме убедуваат дека сум прав што не гласам за нив. Толку од мене вечерва. Убава вечер ✌️✌️
Си размислувам онака чисто рекреативно на лаички начин колку само има начини за произведување на сопствена електрична енергија од колектори и природата, ама на некого тоа не му одговара и сака да се богати. И секако да се наплатат со 8% поскапување за ваучерите и пакетите доделени што беа пред гласање. Да ти ебам финтите шо ги користат, младо дете сум а ми се смачува од политичкиве дупења.
Така е тоа, кога остануваш без издржани аргументи напушташ терен. Апологет вика хахаха. Апасиев фашистот ја искраде државата, апсеше новинари, затвораше бизниси и менуваше име, па му требаат сега апологети како мене. Гласај за кого сакаш, ич не е тоа проблем. Проблем е твоето незнаење и поларно гледање на работите. Истражи што навистина правеле фашистите, прочитај детално за политичкиот спектрум и петте илјади политички идеологии и обиди се да сфатиш зошто модерните и прогресивни држави не се ултра десничарски само затоа што не се членки на ЕУ или НАТО, па пингај ме за дискусија.
Батали, она за Гоце Делчев рече дека предавал во бугарску училишта па бил бугар, не оа толку далечна историја А и албанците не постоеле тогаш, ама ај. Викај УЧК била