Денес првпат ми се случи да се успијам. Обично денот на некој важен настан станувам порано, без аларми, без чуда. Не знам што ми стана, дали од распустов е, којзнае. Во сонот ја прашав сестра ми колку е часот и ми кажа осум. Една минута подоцна, ѕвончето ѕвони, скокам од креветот, прашувам колку е саат, ми вика десет до девет. Со другарка ми бевме договорени јас успат да поминам од кај неа, па заедно да одиме. А јас се успав, па таа дојде и ме разбуди. За десет минути се спремав некако, го облеков првото нешто што ми се најде на патот. Не дека задоцнивме, ама глупаво ми излезе другарка ми ме чекала, а јас... Сепак, најважно, сите ми се петки, како и секогаш и пресреќна сум и задоволна што се исплати трудот и напорите што ги вложував цела година. Не ми помина низ око дена оние што цела година книга не фатија исто поминаа со 5,00, на стара слава, ама решив дека веќе нема да ми е гајле другите што и како имаат и дали го заслужиле тоа, сè додека јас сум со чиста совест. П.С. Сега не се приближувам до фејсбук неколку денови, ќе изникнуваат свидетелства на сите страни. Јас знам дека си горда на успехот, сакаш да се пофалиш, нормално, ама да го истакнуваш на фејсбук сите да го видат, демек де видете ме, ми е ту мач кочопорење, никогаш не би направила такво нешто, мојот успех си е мој успех, и сум задоволна со самото тоа што знам дека сум постигнала нешто. Не разбирам како на некои личности им треба потврда за тоа што го сториле, стотици лајкови на сликата и коментари во стилот „паметна моја“, „најдобра си срц“ и по некој роднина „NAJPAMETNA UBAVICA NA TETA, I SLEDNATA GODINA SITE PETKI. POZZ OD VESNA, GORAN I DECATA.“ Додуша, ми изгледа како да учеле цела година само за да добијат пофалби на фејсбук, ама рековме нема за тоа да зборуваме. За крај, и јас да си промрчам за времево. Доста беше, како малку да ни беа сите дождливи денови, барем дајте ни лето ко лето. Не знам кому се обраќам, ама ајде. Ќе си се тешам, не е важно надвор дали е сончево, важно е дали греат сонца во душите на луѓето. Имајте убав ден!
Се чувствуваме лошо и време е да се осмелиме да се промениме.Да се обидеме чекор по чекор да се преобразуваме и си ги остваруваме своите права.Животот е краток и еден, живејте го.
Повеќе сакам срамежливи луѓе,смирени,со свои граници за се.А не уште од прво видување на глава да ти се качат
СДК има денови кога збор не ми излегува од уста и молчам, ниту се смеам ниту ништо се движам како мумија ама па затоа некогаш кога ќе почнам да зборувам и да се смеам како луда иди па соприме ако можеш.
Дремев попладнево... типично досадно попладне...не дремење од умора, ами од немање што... Заѕвони телефонот, а јас мрзеливо се протегнав да се јавам... Ме викнаа на интервју за работа!!! Утре во 13ч.! Сакам да се стемни, да се истуширам, да легнам и магично да дојде тој час. Да отидам и да знам на што сум! Од самата помисла дека можеби конечно ќе ми се случи нешто убаво во доста долг период на само падови во животот на било кое поле, се потам и ми се плаче... Работа на струка после 6 год од стекнување на диплома, униформата за која цел живот сонувам, без партии и уценувања. Мојот сон! Се надевам дека доаѓа етапа во мојот живот во која ќе плачам од среќа , а не обратно и ќе се насмевнам од срце после долго време.
Здраво Одамна ви немам пишано.Само што се разбудив од попладневна дремка и не знам каде сум. Денес ми е слободен ден,после многу време. Ми останува да соберам сила за уште една недела турбо вложување труд и после тоа да ми почнат безгрижните денови на летото. Ќе ми се смеете ако ви кажам дека едвај чекам да заврши се,за да можам на раат да исчистам и да си средам дома. Уште од сега сум си испланирала полни денови шетање и дружба со мили луѓе,многу љубов и најверојатно шлапкање во море. Имајте убав ден,
Искрено, денес ми е еден од оние денови кога не ми се прави апсолутно ништо. Немам желба буквално од кревет да станам.
Влегуваш на фб и во пораки го гледаш неговото име. Името од личноста што си ја закопала длабоко во срцето уште пред 3 години....ти оставил само бакнеж сабајле во 4:47.....а ти си во нова тазе врска...... Доцна е за се.... п.с. Кога е вакво времево (врни и по малку грми) сакам да си лежам, да си гледам филмови или да читам книга на тераса и да забегам малку од реалноста... ама неее, баш тогаш некому ќе му текне на кафе да те викне, тогаш некој дошол од странство на 2-3 дена па ќе те бара набрзина да се видите, тогаш некој сакал прошетки на ситниот дожд...луѓе научете ме еднаш каква сум. Усвари што се замарам, ќе си правам ко што сакам. На сите ќе им кажам различни причини дека сум зафатена.
Убав почеток на денот Вујна ми посака добро утро со слика од бебушот Само што ја видов сликата, се изненадив многу многу пријатно. Иако денов е тмурен, цел ден за лежење, мило ми е што ми започна убаво денот. Се надевам дека и така ќе заврши Spoiler А раната, почна пак да боли, но се надевам дека ќе пројде
Корисни биле овие e-mail поракиве, ама јас не сум јас, ако нешто што е премногу добро касно почнам да го практикувам.Нема врска, барем сега си знам Патем, и женскава работа не е лесна.Да се преберува, да се измијат садови и стави ручек, да се вклучи правосмукалака..ај уште скалите ќе ми останат и одењето во продавница.Вечер само еден нес да си направам, да си спружам нозе и да си најдам нешто за гледање на Fox movies или Cinemania. Како сакам да си го почувствувам жешкиот песок под нозете..
Мене лузните по телото од време на време се уште ме заболуваат. Промена на време, допир, промена на расположение, настинка... Порано ми беше чудно зошто после толку изминато време, се уште ме боли местото каде што порано имало рана а сега е само лузна. Веќе се навикнав, кога ќе почнат да болат знам да стиснам заби и да ги истрпам „машки“. Дури понекогаш не ни ја приметувам болката. Но лузните на душава не се научив да ги истрпам. На нив не се навикнав, тешејќи се дека времето лечи се, заборавив дека иако раната ќе помине, останува лузна, која предизвикува болка од време на време сакајќи да те потсети дека се уште е таму. Утеха ми е дека еден ден и на нив ќе се навикнам. Утеха ми е дека еден ден веќе нема да ми пречи болката.
Јули никогаш не ми бил, да речам, омилен месец, од проста причина што не знам како да си го исполнам времето во јулските денови. Во јуни уште има школски активности, деновите ми се исполнети со возбуда чекајќи резултати од екстерно или земањето на свидетелствата, цело друштво е присутно и има дружење. Во август сум секогаш нетрпелива чекајќи да одам на одмор и конечно да стапнам на топол песок и да го почувствувам мирисот на морето, или езерото, мање битно. И јули си останува така, најспоро ми поминува, дремејќи на компјутер или помагајќи околу домашните активности. Морам да се навикнам да правам нешто и да не го оставам месецов да си мисли дека е досаден и бескорисен.
лугево се ГУБРИЊА тие на ф.б. не се пријатели туку непријатели откако бевме на вецерта по повод 10 години од матура-очигледно е љубомората како тоа сум студирала на колеџ а тие останале само со средно а курсот кинески-само сликиата ме дотепа во нивните очи дури и едната од средно "drugarkava" ми го адна за пријател својот маж ме сретнаа пред Рамстор човече па љубовница ли да му станам-типов работи во врвна компанија искрено размислувам да избришам повеке од 15 луге ама незнаеш за што може да ти се најдат КАТАСТРОФА
Не знам каде сум. Изгубена во хаос од зборови и тишина. Притисната од врисоците. Паѓам во депресија и не знам дали има излез. Секој можен момент кога сум сама плачам. Се трудам да се насмеам, ама солзите ми се поубави од насмевките. Глупача. Не треба да е така. Еве признавам, така е кај мене. Да, изрод. Одвратна сум си себеси. Се мразам. Го мразам секој најмал детал кај мене. И кога и да се трудам да бидам позитивна и да се сакам таква каква што сум, ќе се најде некој што ќе ме срамни до земја. Веќе не се ни трудам. Немам сила постојано да се исправувам на нозе за пак да паднам.
Девојки ви благодарам на сите за искрените честитки да све здрави и живи...Јас одам да се остам....овааааааааааааа да прославам де