Храбрите личности не кукаат по форуми за своите проблеми,затоа што знаат дека ниkој неможе да им ги реши проблемите,туку во четири очи си ги решаваат своите проблеми.
јесaм Пa не џaбе пишувaм вaшa/твoјa нa пoствите . Spoiler Мaлку кaснaм, aмa еве зa денес ќе ти пoсaкaм убaв ден сo мaдaм . п.с. пaтем тoa ќеркичкaтa би требaлo дa е? неделнo пoздрaвче ! твoјa М.
Вистинската љубов не е ниту физичка, ниту романтична. Вистинската љубов е прифаќање на сè што било, сè што е и сè што ќе биде... или нема да биде.
Чувството кога треба да свириш на виолина пред илјадници луѓе (а никогаш немаш фатено виолина во раце) на отворено и во гужвите го забележуваш бившиот како со шипка доаѓа спрема тебе на бина и сака да те убие....
За оние што ги пуштаме да влезат во нашиот живот (не) свесно, се почесто се потврдува констатацијата дека не знаат да ја искористат привилегијата на влезницата, па почнуваат да тонат при обидот да се нурнат во непредвидливоста на водниот тек. Фактот што не знаат да пливаат го лоцираат во оној што им дал влезница. Поучени од таквата категорија, сопствен недостаток не постои, за сметка на широградоста на некој што допуштил да бидеме дел од неговиот ценето парче секојдневие. Колку и да е тешко признанието, од вината секој ја чува раката.
Луѓе што јадат луѓе, е тие се најопасните но и најтешко воочливите, знаат да се камуфлираат многу добро и додека око трепнеш веќе си на парчина, а тие само си додаваат сол на рана, но пак златното правило вели дека и тие се најбараните, иако те повредуваат ти сеуште кроиш иднина со нив. Па мислам дека е доволно, доволно трошев платно на тие, период е кога човек е самичок дојде и кај мене тој период, период на неможност да се довериш некому зошто почнуваш да не бидеш силна личност, стануваш мекуш, веднаш те нападнуваат, те нападнуваат дури и тие што си ги сметал за најдраги, но забораваат дека е само период, поминува... Само не знам каде отиде таа човечка особина молчечки да слушаш и гушнеш некуму зошто тоа би му значело се на овај свет!
Очигледно пмс и топлово, ми прават да бидам уште поизгубена. Ајде што веќе не знам ни кој датум е, ниту пак ден...најтрагично е што го направив дедо ми мртов, а уште е жив. (срамотилоци) Си седиме денеска со мајка ми, и зборевме нешто за златни прстени..и ми вели: - Ајрон, имам убав голем златен прстен, татко ми ми го донесе од Германија. И ја таква: - Па ти имаш татко?..Како имаш татко?..Нели е умрен?...и си седам така зачудена, очекувајќи да ми одговори на прашањата Она ми вели: - шо ти е Ајрон, па имам татко, како да немам, ене го жив и здрав е, (и премалува женава, а ја ја гледам ) ... И велам: - Е, мамо, немаш татко, не ме зафркавај, каков татко,.... И одеднаш се свестувам и велим: - лелел, дедо Душко ти е татко тебе, .... Мама битно премале од смеење, а ја пропаднав од срамотилоци...си го направив сопствениот дедо мртов. П.С сега не можам ни да се допрам од смеење
Ќе врискам од среќа. Урлам по дома луѓенца. За едно пола саат каков план смисливме со еден другар, абе ќе си полетам. Па волку никогаш во животот не сум се радувала. Не знам дали сонувам или е реалност. Се надевам дека не сонувам. Ама тајна е. Ќе остане така неколку месеци најверојатно. Ако стане големо некогаш, не знам шо ќе направам од радост. Оддеднаш вака, ми се врати волјата за живот. Овој досаден, депресивен живот доби малку боја и среќа. Ќе си заплачам, хаха. Ама нема да плачам. Крај, точка, извичник! Од денес 20ти Јули 2015 си ветувам себеси дека нема да плачам барем до 20ти Октомври истата година. Не смеам да се изневерам себеси. Не си го долзволувам тоа. И така, со безброј планови за во иднина и филмови во главата, ве напуштам сега. Имајте убава ноќ.
Не е ништо ново,ве гњавам по стопати на ден со тоа колку го обожавам Внук ми,и ви пренесувам мали детали за тоаама денес посебно го сакав,токму до сега бдеев над него кај што спие,брат ми и снашка беа на свадба и јас бев задолжена за грижата неговаофф какво ангелче беше,му го слушав срценцето како му чука,си го галев со саати по косичето,а тој со рачињата нагоре спиеше толку опуштено,бидејќи знаеше дека тете е до него,вистински АНГЕЛ е значи!!!!
Сакам да се испожалам колку сум гладна во доцните часови. Хаха.. И уште си отворив Фемина инстаграм да си разгледам и да ви кажам искрено, незнам што барав на таа тема. Утре планирам целото јадење на планетава земја да го изедам. Е од толку филмови што ми се прават сега. Како сега би ми дошол еден хамбургер од таа сендвичара.. Пица од тој ресторан.. И на крај гозбата да ја завршам со цигарче.
Бевме денес до кај баба ми и дедо, да ги видиме пред да идеме на одмор. Баба ми, нека е жива и здрава ме изнасмеа. Вели, се тоа убаво ама не знаете албанцки, како ќе се разберете?! Абе бабо, една и единствена си... Ако она не ме насмее, нема кој..
Те сакааааааам, те посакуваааааам... Е тоа сакам да кажам, затоа што не можам тебе! Аклохолот зборува, но не лаже.
Тешко е да глумеш среќа а мораш,,еден свет во кој си живеел долго време во кој си мислел Оти е совршен без лаги ти се распрснува пред очи како меур од сапуница и се појавува ден,ноќ со многу болка и огромно разочарување и прашање"Дали мојот живот бил една голема лага,и јас "среќно"сум си живеела"?Треба време човек да стане и да се дигне од калта,но тоа е човек и знам дека ќе успее,МОРА.....
Животот е мноку краток,само да знаеш да го живееш.Неможам да ги разберам луѓето колку се себични, злобни и љубоморни,абе гледај да го проживееш животот... кои е толку суров и не знаеш што ке ти донесе денот,а што ноќта.....
Не ги учете децата да бидат богати. Учете ги да бидат среќни. Само така кога ќе пораснат ќе ја препознаваат вредноста, а не цената.
Не им ја разбирам потребата и модната логика на некои родители своите мали деца (6-7 год.) да ги сексуализираат преку провокативна облека и прекумерна шминка. Добро бе луѓе, не ви поминува низ тоа главата дека децата ви наликуват, да ми простите на изразов, на курвичиња??? Разбирам ние младите и тинејџерите под дејство на телевизија, интернет, музика и сл. така да се облекуваме ама тоа самите си го правиме - скришум од родителите или јавно, ама како родител некој намерно дете да го учи на таква мода уште од мали нозе кога тоа сеуште апла не умее да прави разлика ми е...
Не би било лошо да постои некаков тест кој би требало да се полага пред да им се дозволи на луѓето пристап на интернет - овде пред се мислам на мали дечиња и постари луѓе, кои за прв пат се среќаваат со овој медиум за информирање и комуникација. Да се научат дека не се што пишува некаде на интернет е вистина (напротив), да се научат критички да ги оценуваат работите кои ги читаат, па дури после да се повикуваат на таквите извори и да ги цитираат. Интернетот навистина е права ризница на информации, ама исто така и на најмалку исто толку дезинформации - почнувајќи од разни надрилекарства и магични лекови, приказни со сомнително потекло, теории на заговори и слично. Гледам дека многу од луѓево за жал веруваат во ваквите чудесии, ги споделуваат па дури и убедуваат други луѓе во нив. Од верување во вакви работи може само да настане штета наместо корист. Голема „благодарност“ до членовите кои ме инспирираа на ваквото размислување.
Дека до 12 саатот, два пати се имав истуширано....ај да видиме уште колку ќе треба до крајот на денот